TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Будимпешта-Виена 🚌

 

1 ден    08.12.2021-среда: БИТОЛА-УНГАРИЈА
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала Боро Чурлевски во 15.00 часот.
Поаѓање за Унгарија во 15;30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
2 ден    09.12.2021-четврток : БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови…разглед на градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите…сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на Ваци улицата и посета на Божиќниот базар кој се наоѓа на Ворошмарти плоштадот…можност за шопинг, уживање во домашно греано вино, домашни специјалитети, или посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на самиот плоштад… Вечерта (факултативно) – крстарење со брод по Дунав…Ноќевање.
3 ден    10.12.2021-петок: БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена…панорамски разглед на градот – Парламентот, Рингштрасе, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, палатата Белведере, Хундертвасер, плоштадот на Марија Терезија Хофбург…обиколка на велелепниот замок Шенбрун, каде и се наоѓа Божикниот базар во Виена…слободно време. Враќање во Будимпешта во вечерните часови. Ноќевање.
4 ден    11.12.2021-сабота: БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот – слободно време за индивидуален разглед на градот или посета на најголемиот трговски центар во Будимпешта  Арена Плаза, посета на Божиќниот Базар пред базиликата Св.Стефан, во придружба на пратителот на групата.
Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 18.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
5 ден    12.12.2021-недела: БИТОЛА
Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

Цена на аранжманот :
6.260,00 денари  101 € за уплата до 10.11.2021
7.380,00 денари 119 €  за уплата до 20.11.2021
8.620,00 денари 139 € редовна цена

Во цената Е вклучено :
Автобуски лиценциран превоз  на горенаведената релација,
Разглед на Будимпешта со стручен водич,
2 ноќевања со појадок во Будимпешта во хотел со 4* (DANUBIUS HOTEL ARENA****),
Трансфер на патници без надокнада од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово…
Придружник од агенцијата организатор на патувањето
Организација и реализација на аранжманот.

Во цената НЕ Е вклучено :
Патничко осигурување
Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културноисториските споменици, патничкото осигурување (150,00 ден. по лице),
Трансфер на патници од Струга, Охрид, Ресен (доплата 10 € по лице).

Будимпешта : Крстарење со Брод 15 € по лице (минимум 30 патници).
Виена: Посета и разглед на Виена со стручен водич 30 € по лице (минимум 30 патници).

 Услови:
 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Потребни Covid 19 документи за влез во Унгарија & Австрија:
Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Унгарија
Негативен Rapid антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Унгарија
Green Pass (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители:
Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca & Sinopharm – за двете земји;)
Сертификат за прележан Covid 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Р.Унгарија)

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )