За Нас


За Нас

ТУРИСТ е членка на IATAATAMGALILEOAMADEUSTEZ TOUR, GO GLOBAL-TRAVEL

Од нас очекувајте исклучително професионален и коректен однос.

Тимот на ТУРИСТ е со долгогодишно искуство во областа на туризмот и константно го зголемува бројот на вработени, со една единствена цел да обезбеди квалитетни туристички услуги и производи на своите клиенти.

Како резултат на тоа, голем е бројот на задоволни лица, компании и инситуции кои се наши постојани клиенти.

Од 2002 г. сме директно поврзани со светскиот хотелски-резервационен систем GOGLOBAL-ТРАВЕЛ – од Израел, и во секој момент можете од нас да добиете сместување,
во повеќе од 180 000 хотели со околу 4 милиони соби во 183 земји во светот на 6 континенти, трансфери, рент а кар. (во досегашниот тек на работењето со Го Глобал-травел сме реализирале околу 55 000 резервации низ цел свет за наши граѓани).

Голем е бројот на туристички агенции од Република Македонија на кои сме им овозможиле директен достап до резервациите за глобалниот хотелски систем ГО ГЛОБАЛ.

Од 2009 г. сме генерални застапници за TEZ TOUR, еден од најголемите туроператори во светот.

Поседуваме лиценца А. издадена од Министерството за економија на Република Македонија сертификат IATA издаден од Женева – Швајцарија
сертификат за користење систем GALILEO
сертификат за користење систем AMADEUS
сертификат за користење систем GO GLOBAL

Турист туристичка агенција е препознатлива по професионално организирани патувања и хотелски резервации во земјата и светот, како и програми направени според желбата на групи и индивидуалци

Жиро сметка: 500 0000000200-09
Депонент: Стопанска Банка АД. Битола

Жиро сметка: 380603264600167
Депонент: Про Кредит Банка