Цени 2022
Наем на соба за 10 ноќевања
термин: | ноќевања: | 1/3 Апартман | 1/5 Апартман дуплекс |
26.05-05.06 | 10 | 280 € | 340 € |
05.06-15.06 | 10 | 340 € | 400 € |
15.06-25.06 | 10 | 400 € | 500 € |
25.06-05.07 | 10 | 450 € | 600 € |
05.07-15.07 | 10 | 500 € | 650 € |
15.07-25.07 | 10 | 550 € | 700 € |
25.07-04.08 | 10 | 550 € | 700 € |
04.08-14.08 | 10 | 550 € | 700 € |
14.08-24.08 | 10 | 550 € | 700 € |
24.08-03.09 | 10 | 500 € | 600 € |
03.09-13.09 | 10 | 400 € | 500 € |
13.09-23.09 | 10 | 320 € | 420 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
10 ноќевања
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Информации, услови, попусти
На промо цените за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14:00 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09:00 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
http://turist.com.mk/opsti-uslovi-na-patuvanje
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ (прочитајте ги на ликнот)
Превоз
Сопствен превоз или организиран превоз Скопје-Неа Рода-Скопје
Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
Цена на повратен билет 35 €;деца до 2 г. бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 €
Maria Pashalidou
Вилата „Maria Pashalidou“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата.
Во вилата трoкреветни апартмани на прв и на втор спрат и петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата
Неа Рода
Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека… Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина
Соби
Соба бр. 2 - Апартман 1/3 (види)
Трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната.
Се наоѓа на вториот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.
Соба бр. 3 - Апартман 1/3
Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната.
Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.
Соба бр. 5 I - Апартман 1/3
Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.
Соба бр. 5 II - Апартман 1/3
Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.
Соба бр. 6 - Апартман 1/5
Петкреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби и целосно издвоена кујна. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот е поставен клима уредот чие користење е вклучено во цената. Во првата просторија се наоѓа кујната која е опремена со мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Втората просторија е спална соба во која има еден дупли кревет со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од спалната соба се излегува на долга тераса опремена со пластични маси и столчиња која има страничен поглед кон морето. Во третата просторија има уште една спална соба со три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од собата се излегува на истата тераса од првата спална соба која е заштитена со тенда. Купатилото е со нормална големина, опремено е со када.
Информации и Услови
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.