TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Климетица

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Хотел
3 ѕвезди
МАКЕДОНИЈА
Охрид
населба Свети Стефан бб
хотел Маива
1 ноќи

За престој 5+ полупансиони, попуст 10% 

Цени

Цените се за СОБА на ден – ПОЛУПАНСИОН

Хотел КЛИМЕТИЦА – Охрид
соба сместување полупансион
Ј У Н И  2020 планина езеро
Еднокреветна 1 возрасен 1.880 2.100
Еднокреветна 1 возрасен+дете до 4 г. 1.880 2.100
Двокреветна 2 возрасни 2.880 3.240
Двокреветна 2 возрасни+дете до 4 г. 2.880 3.240
Двокреветна 2 возрасни+дете до 4-12 г. 3.600 4.050
ЈУЛИ и АВГУСТ 2020 планина езеро
Еднокреветна 1 возрасен 2.030 2.500
Еднокреветна  1 возрасен+дете до 4 г. 2.030 2.500
Двокреветна 2 возрасни 3.120 3.840
Двокреветна 2 возрасни+дете до 4 г. 3.120 3.840
Двокреветна 2 возрасни+дете до 4-12 г. 3.900 4.800

Цените се во денари

Во цената Е вклучено:
Појадок и вечера
Користење клима уред
Користење безжичен интернет
Паркинг


Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување

Сместување

Хотелот има 41 луксузно опремени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апатрмани.
Секоја соба е опремена со: кабловска ТВ, мини бар, директна телефонска линија, 24 часа бесплатна интернет конекција, клима уред.

Опис

Хотел Климетица сместен во густа борова шума, во непосредна близина на Охридското Езеро, на само 4км. оддалеченост од Охрид во туристичката населба Св. Стефан, Климетица е идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и пештерската црква Св. Стефан која е раритетен споменик на културата. Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од градската бучава, микс на чист планински воздух и езерска убавина ќе направи да се почувствувате свежи и исполнети со енергија. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хотелот, даваат впечаток на префинетост.
Овде љубезниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде.
Пространо лоби опремено со бар, телевизија, и интернет конекција. Лобито Ви овозможува уживање во прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Фонтана градина која ќе го привлече Вашето внимание да го испиете Вашето утринско кафе. За време на вашиот престој уживајте во вкусот и разновидноста на националната, интернационалната и вегетеријанската храна која се послужува во ресторанот.
Ресторанот е со капацитет од 300 седишта и летна тераса од 100 седишта. Хотелот располага со две семинарски сали со капацитет од 70 и 30 седишта, опремени со: ЛЦД проектор, лаптоп, интернет, флипчарт табла, платно за проекција, паноа, ТВ, ДВД, фотокопир, факс, скенер. Организираме и семинари, конгреси, деловни состаноци и припреми на спортски екипи.

Услови

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 4 год. во кревет со родител,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Патниците собата првиот ден ја превземаат по 12:00 часот,
Последниот ден напуштање на собата е до 10:00 часот.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на лице место.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Важат Општите услови на Т.А. Турист.

Локација

Плажата е на само 70 метри.
Хотелот е на 4км од центарот на Охрид и 15км од аеродромот Апостол Павле

Политики на Климетица

Удобности

  • Балкон
  • Безжичен интернет
  • Бесплатен паркинг
  • Интернет во заеднички простории
  • Клима уред
  • Лифт
  • Лоби
  • Мини бар-доплата
  • Основен ресторан
  • Телевизор
  • Тоалет-туш кабина
  • Фен

Оцени од гости (0 Оцени)

Климетица Охрид, МАКЕДОНИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло