TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

ХИТ ПАКЕТИ

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Вила
ЦРНА ГОРА
Будва
9 ноќи

Цени

 

Приватно сместување – Будва

10 дена / 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз

термини I  категорија II категорија
19.06. – 28.06.2021 119 € 99 €
28.06. – 07.07.2021 139 € 119 €
07.07. – 16.07.2021 165 € 139 €
16.07. – 25.07.2021 185 € 159 €
25.07. – 03.08.2021 189 € 165 €
03.08. – 12.08.2021 189 € 165 €
12.08. – 21.08.2021 165 € 139 €
21.08. – 30.08.2021 139 € 119 €
30.08. – 08.09.2021 119 € 99 €

Цените се во € се плаќа во денари 1€ =62,00 денари.

Поаѓањето е ден однапред од дадените термини пример: 18.06., 27.06., 06.07..од Скопје во 23.30 ч
( Прилеп 20.30ч, Кавадарци 21.30ч, Неготино 21.45ч, Штип 21.00ч, Велес 22.00ч )

Цените се по патник со вклучен автобуски превоз;
Туристичката такса не е вклучена во цената:  1€ по патник дневно (за деца 2-12 год. 0,5€)
Деца од 2-12 год. со сопствен кревет 30% попуст;
Деца од 2-12 год без сопствен кревет 50 % попуст;
I  категорија е соба со сопствено купатило;
II категорија две соби делат едно купатило;
Доплата за еднокреветна соба е 70% од дадената цена за сместување;

Аранжманот вклучува приватно сместување во зависност од одбраната категорија во двокреветни и трокреветни соби за 9 ноќевања и вклучен автобуски превоз;
Вилите се оддалечени 300 – 400 метри од Словенска плажа;

Можна е доплата за пакет полупансион во ресторан (појадок и вечера)
Возрасен  79 €, дете 2-12 години 39,5 €)
Рестораните се наоѓаат во круг од 50 – 100 метри од сместувањето;

Одбитокот за сопствен превоз е -10 € по патник
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. ТУРИСТ и СКТМ

Услови

 

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот
Во соба е дозволено сместување само на патници кои што се впишани во ваучерот/листата.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Туристичката такса се плаќа на лице место во објектот (ако е така напоменато во понудата)
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, ја надоместувате штетата на лице место.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот, лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

 

Информации

 

Се патува со лична карта или пасош не постар од 3 месеци од денот на враќање.
Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата..
Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот.
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот
Сместувањето е согласно капацитетот на кревети
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
Агенцијата не е надлежна да проверува исправност и валидност на Вашите патни документи.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за исправноста на патните исправи.

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.

За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобусот, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
За време на патувањето во автобус задолжително е носење маска со која се покрива устата и носот, и во ниеден момент не смее да се тргне или извади.
Патниците се должни за цело времетраење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на целата група и да ги почитуваат правилата и препораките
Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

 

 

Политики на ХИТ ПАКЕТИ

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

 
ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

ХИТ ПАКЕТИ Будва, ЦРНА ГОРА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло