Новогодишен пакет
Цена по лице 216€
4 дена / 3 полупансиони
Период 30.12.2022 – 03.01.2023
Во цената Е вклучено:
Сместување во стандардни двокреветни соби
Услуга: 3 полупансиони – шведска маса
Користење Велнес центар: отворен внатрешен базен со термоминерална вода на температура од 33 до 35 степени,
Сауна,
Солена соба,
Парна бања,
Топли клупи
Користење на салата за забава и рекреација
Секојдневна употреба на теретана
Секојдневно користење на игротека за деца
Новогодишна прошетка по здравствената патека со шумски велнес
Капање во Велнес центар до 02:00 часот
Забава за деца
Грижа за најмладите во игротека за Нова година до 20 часот
Утринска гимнастика со физиотерапевт
Вежби во базен
Бесплатен безжичен интернет
Бесплатен паркинг
Попусти, доплати:
Деца до 9 г. се сместуваат бесплатно (придружувани од 2 возрасни)
Деца од 9-14 г. плаќаат 50% од наведената цена (придружувани од 2 возрасни)
Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Превоз
Неспомнати услуги
Цени во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Луковска бања
Луковска Бања се наоѓа на југот од Србија, на источните падини на планината Копаоник.
Иако се наоѓа на надморска височина од 681 метри, што ја прави највисоката бања во Србија, опкружена е со планини и висини од над 1000 метри, што овозможува блага умерена клима.
Луковска Бања е позната по изобилството на минерални води, по недопрената природа на шумите
и падини на планината Копаоник, како и кристално чистиот воздух. Според бројот на извори на минерални води, различниот состав, температура и нивниот притисок (над 100 l / s),Луковска бања припаѓа во најбогатите бањи во Србија.
Хотел Бела Јела
Хотел Бела Јела располага со 85 соби, 8 апартмани и 2 луксузни апартмани.
Гостите имаат на располагање:
Удобно сместување
Медицински центар работи секој ден (викенди и празници) и се вршат прегледи и терапии
Отворен-затворен базен со термална вода
Велнес центар
Хотелски ресторан, велнес бар и лоби бар
Соба за забави
Игралиште за деца
Теретана
Откажување резервација
Откажување на резервација:
10% во случај на откажување 30 дена пред почетокот на користењето на услугите,
20% во случај на откажување 29 до 15 дена пред почетокот на користењето на услугите,
50% во случај на откажување 14 до осум дена пред почетокот на користењето на услугите,
85% во случај на откажување седум до еден ден пред почетокот на користењето на услугите,
100% во случај на откажување на денот или по почетокот на користењето на услугите.
Трошоците за отказ нема да се пресметуваат во следниве околности:
– во случај на смрт на член на потесното семејство (родител, брачен другар, деца),
– во случај на болест чија природа е таква што може да се земе како оправдана причина (со задолжително поднесување на извештај од лекар специјалист).
Доколку патникот самоволно го напушти хотелот пред датата која е определена на резервацијата, хотелот нема да го компензира останатиот износ.
Надоместокот за скратување на престојот не се наплаќа во случаи на: ненадејно боледување гостин, смрт во потесното семејство, елементарна непогода, вонредна состојба.
Услови
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Сместување во собите после 14;00 часот ( прв ден )
Напуштање на собите до 11;00 часот ( последен ден )
Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.
Сите потреби од страна на хотелот се потврдуваат на лице место од страна на самиот хотел.
Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот и треба да се направи на лице место за време на престојот во хотелот.
Категоријата на хотелите се определува според законодавните одредби на соодветната држава.
Информацијата за услугите и конфорот кои што секој хотел ги нуди се осигурани од самите хотели.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
Хотелот не прима домашни миленици
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот/објектот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна на клиентот. Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.
Агенцијата не сноси одговорност, не ги обештетува и не ги компензира туристите кои се откажале од користењето на услугата или на дел од неа.
Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали
Агенцијата не сноси одговорност за дејствија на погранични и царински служби, авиокомпании, автобуски и железнички превоз и не ги обештетува туристите независно од тоа дали поради таквите дејствија туристите неискористиле дел од услугите или целата услуга.
При штети кои што се нанесуваат во хотелите конретниот извршител или извршители прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот.
Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.