TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

AMELIA LUX 7ноќи

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Вила
ГРЦИЈА
Калитеа
Kallithea 630 77, Greece
070 202 777, 047 202 777
THEA
7 ноќи

Цени

Цените се за НАЕМ на студио/апартман за 7 ноќевања

термини ноќевања студио 3+1 студио 2+1 студио 1/2 Duplex
23.06-30.06 7 413 369 335 560
30.06-07.07 7 386 351 433 588
07.07-14.07 7 439 399 492 668
14.07-21.07 7 439 399 492 668
21.07-28.07 7 439 399 492 668
28.07-04.08 7 439 399 492 668
04.08-11.08 7 439 399 492 668
11.08-18.08 7 439 399 492 668
18.08-25.08 7 405 327 403 547
25.08-01.09 7 316 287 354 480
01.09-08.09 7 246 223 275 374
08.09-15.09 7 193 175 216 293
15.09-22.09 7 123* 111* 137* 186*
22.09-29.09 7 100* 100* 107* 146*

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари.

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено
Превоз,
Патничко осигурување
Доплата за туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

Напомена:
Цените обележани со * се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата.

Превоз

Во цената НЕ Е вклучен превоз, повратен билет до/од Калитеа чини:

Цена по лице за превоз  од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
Скопје (Дрводекор)   35€
Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес  40€
Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово  40€
Неготино (бензинска пумпа, Неготино)  35€
Удово (бензинска пумпа Удово)  35€
Граничен премин (бензинска пумпа Шимов)  35€

Цена по лице за превоз од Битола за Халкидики:
Битола -Автобуска станица Транскоп – на перон  30€
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола  30€
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола  35€
Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола  35€
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола  35€
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола  30€

Попуст за деца од 2-11,99 г.– од редовната цена
10€ од Скопје,
15€ од Битола и Прилеп
Попуст за возрасни лица над 63 г.  10€ од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште.

Саатница на поаѓање СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
03:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
05:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
04:00 Скопје (Дрводекор)
04:30 Велес (БП мотел Македонија)
05:00 Неготино (БП Неготино)
05:40 Удово (БП Удово)
06:00 Граничен премин ( БП Шимов)

Саатница на поаѓање БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
04:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
03:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
02:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
02:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
02:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
03:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

Поаѓање од ГРЦИЈА:
15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.

Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.

Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Опис

Амелиа Лукс Апартманите се наоѓаат во Калитеа, на 100м оддалеченост од плажа, до плажа се доаѓа од дворот на вилата, се симнува по скали, или од околу може да се симне преку улица или пеш или со кола. Вилата е лоцирана над Хотелот Маргарита и скалите кој водат до плажа излагаат до истата плажа.
Центарот на Калитеа е на 2 минути пешачење, наспроти има маркет Мазутис, таверни, прехранбени продавници и бутици, рент а кар. Поред самата вила има паркинг, но не е гарантиран за гостите на вилата, бесплатен е за паркирање доколку се најде слободно место.

Сместување

Сите апартмани имаат , клима, тв и интернет вклучен во цената, мини фрижидерче како во хотелите, не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување. Чистење и промена на постелнина на 2 дена, пешкири следуваат по број на лица во соба. Не сите апартмани имаат кујни, и фрижидерите се мали без опција за количинско складирање на храна и пијалоци, следи опис за секоја соба посебно:

Овие 3 соби се наоѓаат на 1ви спрат и имаат само решо за кафе или електрично ѓезве и бокал за загревање на вода, џакузи на тераса, сите 3 се со поглед на море / сите имаат тв , клима и интернет

Арго: (3+1)1 брачен кревет (160х200см)  + 1 еденечен (200х80) + софа за деца до 11.99 год (170х80см) / единечниот кревет е во посеба просторија, т.е при влез во студиото, не се физички одвоени со врата, туку ходник во кој се наоѓа wc посебно и туш кабина посебна, по овој простор следи спалната со софата, и од оваа просторија се излага на тераса. Кујна нема, има простор со решо и бокал за греење вода, мини фрижидерче како во хотелите, не е погодно за количинско носење на храна или замрзнување. Поглед према море. На терасата е џакузито и 2 лежалки / терасата е оделена со паравани.

Санторини (3+1) 1 брачен кревет (160х200)+ 1 единечен(200х80) +1 софа за дете до 11,99год ( 180х70см)  / единечниот кревет е оделен од спалната, се наоѓа на влезот во студиото, веднаш до него е тоалетот со туш кабина, се преоѓа преку ходниче во кое има решо и бокал за вода и мини фрижидер, и следна спалната со 1 софа за дете до 11,99год (180х70см) од спалната се излага на тераса со џакузи, каде има две лежалки и поглед на море, ова студио е со помала тераса од останатите 2 соби на први спрат.

Ира (2+1) 1 брачен кревет (160х200)  + 1 единечен за деца до 13год (190х80см) Единечното легло е при влез на студиото оделено од спалната со ѕид, тоалетот е со туш кабина, од спалната се излага на тераса со џакузи, на која исто има две лежалки и поглед према море. Има решо и бокал за вода, мини фрижидер и нема кујна за готвење.

Останатите соби, имаат стандардни мини кујни каде може да се зготви, фен, клима, тв, интеренет. И сите се наоѓаат на приземје со по 2 или 3 лежалки за секоја соба.

Артемис – (4+1) 1 брачно легло (160х200см) + 1 единечен (200х90см) + 2 софи ( може 2 деца до 11,99 или 4то возрасно лице + Дете до 11,99год. Се наоѓа на приземје и гледа према море.

Целото студио е отворено се е во еден простор, кујната е оделена со шанк,  тоалетот е со туш кабина и се наоѓа на крај на студиото. Има регуларна кујна со можност за готвење, и мал мини фижидер. Пред студиото исто има 2 лежалки.

Калипсо 2 спален апартман во кој на влез во апартманот е едниот брачен кревет (160х200см) се поминува низ ходник во кој има софа за уште 2 лица (210х120см) погодна за 2 деца до 11,99год или 1 возр со 1 дете до 11,99год / по овој дел следи кујната со терпезариска маса, и можност за готвење, веднаш по неа е тоалетот со туш, и на крај е спалната која се затвара со врата со брачно легло од (160х200см) во неа нема прозор, но затоа има апарат за провертување. Првата просторија каде е првиот брачен кревет не е физички оделен со врата од останатиот простор, едиствено последната спална се затвара со врата.

Афродити (2+1) 1 брачен кревет (160х200см) + 1 софа за дете до 11,99год (190х85см) Се наоѓа на приземје и гледа према море. При влез во студиото е софата за спиење, а спалната е одделена со ходник, во неа се наоѓа и мини кујната со мало мини фижидерче, од спалната се влага во тоалетот со туш кабина. Пред собата има две лежалки.

Елени 1/2 еден брачен кревет (160х200см) во истиот простор со спалната е и кујната, и се преоѓа во тоалетот со туш кабина и фен. Студиото се наоѓа на приземје и гледа према море, и има две лежалки пред него.

Собата Елени и Афродити, можат да се спојат со врата, во случај кога има поголема фамилија или друштво.

Атина (4+1) 1 брачно легло (160х200см) + 1 единечен (200х90см)  + 1 софа (200х85) + 1 софа (270х90см) / целиот апартман е со отворен план, нема засебни соби за спиење, се е во еден простор исто и во апартманот се наоѓа внатрешно џакузи и кујна, клима и тв. Апартманот се наоѓа на приземје и гледа према море, пред него има 2 или 3 лежалки.

Емилија (3+1) 1 брачно легло од (160х200см) + 1 единечен (200х90см) и еден тросед на расклопување (190х130см) погодно за 2 деца до 11,99год) кујната е во склоп на студиото со мини фрижидер. Тоалетот се наоѓа на крајот од студиото, и е со туш кабина и фен, исто така има клима и тв, студиото се наоѓа на приземје и гледа делумно према море бидејки има зеленило, пред него има 2 или 3 лежалки. Влезот на собата е шибер врата, стаклен целосен излог.

Миконос (1/4) 1 брачен (160х200см) + 1 единечен (200х90см) + 1 софа (250х80см) / студиото е од отворен план, кујната е во склоп на истото со мал мини фижидер, тоалетот е посебно од туш кабината, има клима и тв, и студиото се наоѓа на приземје и не гледа делумно према море бидејки има зеленило. Пред студиото има 2 лежалки.

Лида ( 3+1 ) Студио од отворен тип, има 1 брачно легло од (160х200см) + 2 софи за 2 деца до 11,99 или 3возрасно лице + 1 дете до 11,99год (210х90см) во склоп на студиото е и кујната со мини фрижидер, има клима и тв и тоалетот е на крај со туш кабина. Студиото се наоѓа на приземје и е свртено према море но нема поглед бидејки има зеленило, пред собата има 2 лежалки.

Елеонора (3+1) Студио од отворен тип, има 1 брачно легло од (160х200см) + 2 софи за 2 деца до 11,99 или 3возрасно лице + 1 дете до 11,99год (210х90см) во склоп на студиото е и кујната со мини фрижидер, има клима и тв и тоалетот е на крај со туш кабина. Студиото се наоѓа на приземје и е свртено према море и странично према друга вила но нема поглед бидејки има зеленило, пред собата има 2 лежалки.

Услови

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот
Услови за рана разервација:
Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани цени актуални во периодот на доплата
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

Политики на AMELIA LUX 7ноќи

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

AMELIA LUX 7ноќи Калитеа, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло