Цени 2022
Цена по лице со вклучено автобуски превоз-брод-трансфери за 7,8,9 ноќевања
термин | ноќевања | цена по лице |
31.05 | 7 | 139 € |
07.06 | 8 | 149 € |
15.06 | 8 | 179 € |
23.06 | 8 | 219 € |
01.07 | 8 | 249 € |
09.07 | 8 | 269 € |
17.07 | 8 | 299 € |
25.07 | 8 | 299 € |
02.08 | 8 | 299 € |
10.08 | 8 | 299 € |
18.08 | 8 | 299 € |
26.08 | 8 | 269 € |
03.09 | 8 | 219 € |
11.09 | 9 | 189 € |
20.09 | 9 | 179 € |
Цените се во €, плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
Превоз со автобус, брод и трансфери на Скијатос
Сместување ( наем ) на студио за 7,8,9 ноќевања
Користење безжичен интернет
Користење клима уред
Користење базен
Во цената НЕ Е вклучено:
Патничкото осигурување (задолжително е да се има)
Храна
Превоз
Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден.
– Поаѓање: Состанок на групата на Дрво Декор спроти хотел Холидеј Ин во 22.30ч.
Поаѓање е во 23.00ч.
Агенцијата го задржува правото за промена на времето на поаѓање во случај на промена на времето на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија.
Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање
– Само автобуски превоз 110 € за возрасни / еден правец: 80 €
Деца од 6 до 12 год 45 € / Еден правец 35 €
Деца до 2 год-бесплатно (без седиште)
– За користење аранжман со сопствен превоз се одбива 45 € за прво, второ и трето лице по 25 €, за деца до 12 г. не се одбива;
Вила Ангелос
Вила “Angelos” – лоцирана во Вромолинос на оддалеченост 250 метри од плажа. Вилата има голем двор со бар и базен, паркинг со ограничен капацитет. Располага со двокреветни студија поглед на море , сите се со комплет опремена кујна, ТВ, бања со туш и фен, клима и безжичен интернет. Студијата се наоѓаат на приземје.
Важно
– Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 7, 8 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз, брод, трансфер пристаниште-вила-пристаниште.
– Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 € на ден по студио/апартман.
– Минимум две лица во студио.
Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 г. во кревет со родител (плаќа само превоз).
– Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден.
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе(на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат)
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
– Сместување во собите е по 14.00 часот по локално време, а напуштање на истите е во 09.00 часот.
– По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Сопствениците на вилите го задржуваат правото, во случај на причинета материјална штета за време на престојот, да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата
– Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.
Скиатос
На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект се стигнува до прекрасниот остров – Скијатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика. Градот Скиатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби.
Услови
Цените се однесуваат за едно лице за 7,8,9 ноќевања, брод и автобуски превоз
Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 € по соба на ден. Се плаќа во автобус.
Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка..
Прием на собите после 14;00 по грчко време
Напуштање на собите до 09;00
Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден.
Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )