Цени 2022
Цените се по ЛИЦЕ на ден
01.09-15.10.2022 | |
сместување | ноќевње со појадок |
Еднокреветна соба | 42 € |
Двокреветна соба | 28 € |
11.06-31.08.2021 | |
Еднокреветна соба | 52 € |
Двокреветна соба | 35 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Попусти, доплати:
Доплата за вечера 10€ возрасни,
Доплата за соба со поглед езеро 5€ на ден за соба
Доплата за соба со сауна или џакузи 10€ на ден за соба
Дете до 2 години – гратис
Прво дете 2-5,99 г. бесплатно во соба со возрасни (доплата за вечера 5€)
Второ дете 2-5,99 г. попуст 70% од износот на возрасен
Деца 6-11,99 г. попуст 40% од цената за возрасен
Во цената Е вклучено:
Цената во табелата е за услуга ноќевање со појадок
Користење клима уред
Користење безжичен интернет
Користење базен, лежалки на базен
Паркинг
Туристичка такса
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Лежалки на плажа 100 денари
Неспомнати услуги
Услови на хотелот ако се откаже резервацијата:
до 15 дена пред датата за сместување – без пенали,
од 14-06 дена пред поагање – 30% пенали,
од 5 до 1 ден пред поагање – 100% пенали
Информации…
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ
Сместување
1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај ,7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби,6 трокреветни соби. Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ , кабловска телевизија,телефон,WI-FI ,купатило,фрижидер,услуга во соба. Исто така располагаме со сопствен паркинг кој е бесплатен за нашите гости.
Опис
Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор.
Хотел Аквалина има повеке сали и простории за одржување на конгреси, симпозиуми, семинари….
Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта, целосно опремени.
Спортски терени:
Хотелот има 2 спортски терени комбиниран за мал и голем фудбал, кошарка, ракомет, тенис, одбојка.
Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби, а особено идеални за припреми на спортски екипи.
Плажа:
Соптвена плажа. Во склоп на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика.
Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце, гостите можат да уживаат во отворен базен со лежалки и бесплатна услуга за пешкири.
Бар-услуга е достапна во двата базени со вкусни сендвичи, свежи салати, коктели и ладни пијалоци.
Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.
Ресторан :
Хотел Аквалина располага со сопствен ресторан со околу 220 седишта.
Во склоп на хотелот работи и летна тераса која ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води. Врвните специјалитети на нашата кујна ке ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор
Услови
Превземи документ во PDF формат за потпис и прифаќање на условите во случај на процесирање и потврда на резервација
Општи Услови 01.06.2020 Турист
Локација
Хотел Аквалина се наога во туристичката населба Св.Стефан оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум