TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Billys

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Апартман
ГРЦИЈА
Јерисос
7 ноќи

Цени 2024

1.Вонсезонски цени

* Цена по лице со вклучен превоз

термин Апартмани бр. 1 (1/3+1) Aпартман бр 2 (1/6)
26/05-02/06 139 99
02/06-09/06 159 119
09/06-16/06 199 149
16/06-23/06 239 179
23/06-30/06 259 189
Плаќаат 3 лица 2 лица

2.Сезонски цени

* Цена за наем на студио / цена БЕЗ превоз /

термин Апартмани бр. 1 (1/3+1) Aпартман бр 2 (1/6)
30/06-07/07 599 629
07/07-14/07 629 659
14/07-21/07 669 699
21/07-28/07 669 699
28/07-04/08 669 699
04/08-11/08 669 699
11/08-18/08 669 699
18/08-25/08 669 699
25/08-01/09 649 669

 3.Вонсезонски цени

* Цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

термин Апартмани бр. 1 (1/3+1) Aпартман бр 2 (1/6)
01/09-08/09 179 239
08/09-15/09 149 199
15/09-22/09 109 149
22/09-29/09 99 119
плаќаат 3 лица 2 лица

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

40.399927, 23.880494

Напомени и услови:
Цените во табела бр. 1 и 3 – се вонсезонски по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.
Во вонсезонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10€ по лице.
Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица
Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
Туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Цените во табела бр 2 се сезонски и се за НАЕМ апартман и студио за 7 ноќевања,
според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа

Превоз

За возрасни 3.100 мкд. (50€), еден правец 2.480 мкд. (40€)

За деца до 12 години 2.480 мкд. (40€), еден правец 1.700 мкд. (35€)

Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.

Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см

 

Billys

 

Куќа Billys се наоѓа на одлична локација на само 30 метри од прекрасната песочна плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над фаст фуд кафе Streat, спроти кафе бар Theatro. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг веднаш до вилата како и на 15 метри од вилата во правец на плажата.

 

Апартман број 1 (1/3+1) – прв кат, со директен поглед море од огромна тераса со маса и столови. Апартманот е простран и  има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и стандарден кревет во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 2 (1/6) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.

Информации

Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

Цените се во евра, уплатата е во денараска противвредност (1евро = 62 мкд).

Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна до плата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.

Сместување во собите е по 14.00 часот,
Напуштање на собите е до 09.00 часот локално време.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 € на ден по студио / апартман.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриен трошоци. туристичката агенција НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој –било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во туристичката агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Јерисос


Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од   3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Услови

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:

– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Политики на Billys

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

Billys Јерисос, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло