Цени 2022
Цените се по лице на ден ( услуга по избор)
сместување | Ноќевање со појадок | полупансион |
Еднокреветна соба | 31 € | 35 € |
Двокреветна соба | 24 € | 27 € |
Апартман | 55 € | 65 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари.
Цените се по лице на ден
Услуга: ноќевање со појадок или полупансион (појадок и вечера)
Во цената Е вклучено:
Ноќевање со појадок или полупансион (појадок и вечера)
Клима уред
Безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Хотел
Ако го погледнете Хотел Бисер од езерската шир, ќе останете фасцинирани од еден хармоничен спој од карпа и охридско – струшката архитектура. Ќе се запрашате дали ова го створила природата или е магија на човечкото битие? Во ова место се спојуваат духовното и световното благодарение на манастирот Св. Богородица и пештерската црква Св. Ѓорги од 13 век кои се во комплексот на хотелот. Заклучок кој ќе го донесете е дека пред Вас се наоѓа вистинскиот бисер на Oхридското крајбрежје.
Од балконите од прекрасно уредените 79 соби и 5 апартмани погледнете го езерото и дозволете му на езерското пространство да предизвика кај Вас восхит и релаксација. Тука секое утро можете да го доживете изгрејсонцето над планината Галичица. Местоположбата на овој Хотел кој е во спрега со карпестиот дел вдахнува можност за максимален одмор и духовен мир.
Ресторанот со капацитет од 450 места е поврзан со летна терасата. Спојот на карпата која се надвиснува над ресторанот облеана со спектар на бои и националниот ентериер го прават амбиентот за восхит. Тука можете да ги вкусите македонските специјалитети со поглед кон мирната шир на Oхридското езеро.
За помладата генерација и за оние кои се чувствуваат млади, хотелот нуди забава во сопствениот диско клуб кој е комплетно опремен со модерна аудио опрема и систем за осветлување
Хотелот константно ги следи барањата дадени од конгресниот туризам и е комплетно просторно и технички опремен да ги пресретне потребите и да ги задоволи барањата и бизнис стандардите за успешна организација и реализација на вашите семинари, конгреси и конференции.
За таа цел, хотелот поседува конгресна сала конструирана во согласност со светските стандарди и со капацитет од 180 седишта и 3 помали сали со капацитет од 35 седишта.
Салите се звучно опремени (со жични и безжични микрофони) , тв и видео, двд и цд плеери, лцд проектор, флип-чарт, опрема за симултани преводи, компјутерска опрема, печатар и фотокопир.
Струга
Струга, градот на мостовите и поезијата,е сместен во југозападниот дел на република македонија, покрај охридското езеро, на бреговите на реката Црн Дрим која го дели градот на два дела.Исклучителната локација на градот, пријатната клима, одличните сообраќајни поврзувања со светот, прекрасните плажи и бројните хотели по крајбрежјето на езерото, заедно со археолошките локалитети на средно вековни цркви и други културни споменици ја прават струга еден од најважните туристички и културни места за одмор воРепублика Македонија.
Едноставно не е возможно да се посети Струга, а да се остане незаинтересиран за природната убавина, во течението и изворот на Дрим, во старата архитектура и во тесните улички, куќите со галерии и дуќаните со кепенци. ќе бидете задоволни од локалните луѓе кои ќе ве пресретнат со топло добредојде и ќе направат да се чуствувате како дома.
Хотел Бисер е лоциран на самиот брег на Охридското Езеро и е одалечен само 10 км од струга и 17 км од Охрид. сообраќајно е поврзан со околните населени места со патишта, 24 часовна активна врска. близината на аеродромот овозможува одлична врска со одалечените дестинации. Хотелот по воден пат е поврзан со охрид, манастирски комплекс Св.Наум и пристаништето во Подградец – Р.Албанија.
Хотелот е типичен модел на старо Македонска архитектура која претендира да ги задржи националните архитектонски карактеристики и денес, и покрај притисокот на новите трендови за ентериерска организација.
Хотелот Бисер им посакува добредојде на своите гости веќе 30 години со широко отворени врати нудејќи го своето гостопримство, предизвикувајќи чувства на комфорт, релаксација и задоволство.
Услови