TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Ресорт Маврово

Достапни соби

Rooms with jacuzzi

Максимално гости:
2
Максимален бр. на деца:
1

Во соба со џакузи може да се сместат 2 возрасни лица и 1 дете.

Хотел
4 ѕвезди
МАКЕДОНИЈА
Маврово
Mavrovo, Mavrovo Lake North Macedonia
070 202 777, 047 202 777
1 ноќи

Цени по соба на ден – ПОЛУ ПАНСИОН

Хотел БИСТРА * * * *
Цени од недела до четврток
сместување Стандард соба Соба со џакузи
Еднокреветна соба 59 € 69 €
Двокреветна соба 84 € 104 €
Цени петок и сабота
Еднокреветна соба 89 € 99 €
Двокреветна соба 127 € 147 €
Цени
За период 31.12.2021 – 02.01.2022 12.02.2022 – 17.02.2022
Еднокреветна соба 115 € 125 €
Двокреветна соба 165 € 185 €

Цени по соба на ден – ПОЛУ ПАНСИОН

Хотел СПОРТ * * *
Цени од недела до четврток
сместување Стандард соба Апартман
Еднокреветна соба 58 € 78 €
Двокреветна соба 82 € 102 €
Цени петок и сабота
Еднокреветна соба 74 € 94 €
Двокреветна соба 116 € 136 €
Цени
за период 31.12.2021-02.01.2022 12.02.2022-17.02.2022
Еднокреветна соба 95 € 125 €
Двокреветна соба 140 € 175 €

 

Цени по соба на ден – ПОЛУ ПАНСИОН

Хотел ЛОЏ * * * 
Цени од недела до четврток
сместување Стандард соба
Еднокреветна соба 42 €
Двокреветна соба 60 €
Цени петок и сабота
Еднокреветна соба 56 €
Двокреветна соба 80 €
Цени за период  31.12.2021 – 02.01.2022 и 12.02.2022 – 17.02.2022
Еднокреветна соба 75 €
Двокреветна соба 105 €

Цените се во € се плаќа во денари, 1€ = 62 денари

 Во цената Е вклучено:
Полупансион (појадок и вечера)
Бесплатен безжичен интернет во собите за гости и јавниот простор
Бесплатен паркинг
Детска соба за играње
Користење на Спа (затворен базен, сауна, турска бања, џакузи) Хотел Бистра, Хотел Лоџ
Користење на Спа (надворешен загреан базен и сауна) Хотел Спорт
Туристичка такса
Бесплатен сет за кафе/чај во собата
20% попуст на карта за скијање

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко/здравствено осигурување
Пијалоци за време на оброците
Неспомнати услуги

Попусти, доплати:
Деца до 5,99 години – бесплатно
Деца од 6 до 11,99 – 50% попуст
Деца над 12 години се сметаат за возрасни
Трето лице во соба  40% попуст на редовната цена по лице
Цена за дополнителен оброк: 10 € по лице

Услови, информации
Пријавување: по 14:00 часот, Одјавување: до 10:00 часот
Рано сместување од 08:00 часот 40% од редовната цена за ноќевање
Доцна одјавување до 18:00 часот 40% од редовната цена за ноќевање

За потврда на резервацијата, патникот задолжително да уплати гаранција во случај да ја откаже резервацијата да може да е обештетен хотелот односно агенцијата (која ке е задолжена )

Политка на отказ на резервација:
до 7 дена пред пристигање – бесплатно, по овој период 100% пенали.
За резервација е потребно 30% аконтација, остатокот накасно до 15 дена пред пристигање.
За промена на резервација најкасно до 3 дена пред пристигање, после овој период 100% пенали.

Цените се во денари

Сезона 2021-2022 Лице од 6-13 Лице од 14-23 Лице од 24-70
Ски карта до 13 часот 600 800 1000
Полудневна од 12 часот 600 700 800
Еднодневна 900 1100 1300
Викенд 2 ноќни 2 дневни 2000 2200 2500
Дводневна ски карта 1500 1800 2100
Тридневна ски карта 2200 2700 3000
Четиридневна ски карта 2800 3300 3800
Петтдневна ски карта 3300 3900 4600
Шестдневна ски карта 3900 4600 5300
Седумдневна ски карта 4500 5200 6000
Осумдневна ски карта 4900 5700 6800
Десетдневна ски карта 6000 7100 8200
Четиринаесетдневна ски карта 8400 10000 12000
Сезонска ски карта 11000 14000 16500
Ноќна ски карта од 19-22 часот 550 600 700
Билет за жичара 400 400 400
Групен билет за жичара (30 лица) 300 300 300
Сезонска за жичара едно искачување на ден 3000 3000 3000
Сезонска ВИП+паркинг билет 26500
Сезонска за пензионери над 70 г 500

Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ.
Ресторанот нуди богат избор на специјалитети од морска храна и традиционални јадења.
За сите кои сакаат да се релаксираат или освежат имаме одличен базен.
Тој е идеален за подобрување на вашата кондиција, за забава или само за освежување на крајот од денот. Уште една можност за релаксација нуди и нашето џакузи или сауната.
За сите вас кои сакате спортски активности, имаме целосно опремен фитнес клуб за рекреација.
Хотел Бистра располага и со игротека за најмладите гости.

Хотелот Спорт се состои од две згради со 28 Делукс гостински соби, 4 апартмани, ресторан и бар.
Сите соби се опремени со приватна бања, сателитски ТВ приемник и директна телефонска линија.
Хотелот Спорт обезбедува најповолно сместување во ски центарот Маврово, преку целата година.
Во пријатниот ресторан, ви нудиме голем избор од исклучителни морски специјалитети, голем избор од интернационални специјалитети и традиционални македонски јадења.
Широк избор на јадења од земјата, подготвени за вас.
Нудиме добра храна и вино за уживање во секое годишно време…

Хотел Лоџ, располага со 34 кревети во 15 добро уредени соби, опременни со приватна бања, спа бања, директна телефонска линија и сателитски ТВ прием, нуди услуги на хотел во луксузен скијачки центар.
Одморете се и уживајте во одличната пица и традиционалните пити со сирење и домашен јогурт.

Политики на Ресорт Маврово

Удобности

  • Балкон
  • Безжичен интернет
  • Вратар
  • Забрането пушење цигари
  • Интернет во заеднички простории
  • Кафе бар
  • Клима уред
  • Конференциска сала
  • Лоби
  • Механа
  • Мини клуб (за деца)
  • Сауна
  • Сеф на рецепција-доплата
  • Собен сервис-доплата
  • Телевизор
  • Тоалет-туш кабина
  • Фен
  • Централно греење
  • Џакузи

Оцени од гости (0 Оцени)

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации не се  прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, ([email protected]) ...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста соби....
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација:
Ваш е маил и телефони задолжително
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на децата)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата,
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата,
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во објектот.
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет.
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање....
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичката агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

Ресорт Маврово Маврово, МАКЕДОНИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло