–10% попуст за целосна уплата до 31. јануари 2023
Цени 2023
Наем на соба за 10 ноќевања
термин | ноќи | 1/3 АПП |
1/4 АПП |
1/5 АПП море |
1/5 АПП улица-дуплекс |
1/6 АПП |
1/8 АПП |
20.05-30.06 | 10 | 200 | 300 | 400 | 350 | 400 | 450 |
30.05-09.06 | 10 | 250 | 350 | 500 | 450 | 500 | 550 |
09.06-19.06 | 10 | 300 | 450 | 550 | 500 | 550 | 600 |
19.06-29.06 | 10 | 400 | 500 | 650 | 600 | 650 | 700 |
29.06-09.07 | 10 | 450 | 550 | 750 | 700 | 750 | 800 |
09.07-19.07 | 10 | 550 | 650 | 800 | 750 | 800 | 900 |
19.07-29.07 | 10 | 550 | 650 | 800 | 750 | 800 | 900 |
29.07-08.08 | 10 | 550 | 650 | 800 | 750 | 800 | 900 |
08.08-18.08 | 10 | 550 | 650 | 800 | 750 | 800 | 900 |
18.08-28.08 | 10 | 550 | 650 | 800 | 750 | 800 | 900 |
28.08-07.09 | 10 | 350 | 450 | 650 | 600 | 650 | 700 |
07.09-17.09 | 10 | 250 | 350 | 500 | 450 | 500 | 550 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
АПП – апартман
Во цената Е вклучено:
10 ноќевања
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Информации, услови, попусти
На цените за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14:00 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09:00 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
http://turist.com.mk/opsti-uslovi-na-patuvanje
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ (прочитајте ги на ликнот)
Превоз
Сопствен превоз или организиран превоз Скопје-Неа Флогита-Скопје
Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
Цена на повратен билет:
Возрасен 45 €;
Дете од 2-12 год. 35 €
Деца до 2 г. бесплатно (без седиште);
Вила Bouzalis
Вилата е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на неколку метри од морето.
Вилата има апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.
1/3 Апартман бр 8
Трокреветен апартман на втор спрат во првиот дел од вилата. Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во кујната се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и во дворот, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Другата соба е одделена со врата и има еден дупли кревет (димензии 190-140 см), еден единечен кревет (190-82 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата.
Има потесно купатило, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.
1/3 Апартман бр 8
Трокреветен апартман на втор спрат во првиот дел од вилата. Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во кујната се наоѓа климата. Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и во дворот, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Другата соба е одделена со врата и има еден дупли кревет (димензии 190-140 см), еден единечен кревет (190-82 см). Опременa е со мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата.
Има потесно купатило, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.
1/5 Апартман бр 9
Петкреветен апартман на втор спрат во првиот дел од вилата со директен поглед на море. Апартманот има две одделни спални соби меѓу кои се наоѓа купатилото и мал простор меѓу нив во кој се сместени елементите од кујната (мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, комплет садови за готвење и јадење, како и мала масичка со столчиња). Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 190-115 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата.
Во другата соба има еден дупли кревет (димензии 190-132 см), мебел, телевизор и клима.
Од собата се излегува на терасата која има директен поглед на море, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Апартманот има купатило со сопствен бојлер.
1/4 Апартман бр 15
Четирикреветен апартман на прв спрат во средниот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата. Од кујната се излегува на потесна терасата која има поглед на улицата од задниот дел на вилата, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опременa е со мебел и телевизор.
Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата, тоалетот е со сопствен бојлер.
1/5 Апартман бр 16
Петкреветен апартман дуплекс на втор спрат во третиот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 195-135 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Во втората спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см). Од едната соба и од кујната се излегува на тераса опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во средината меѓу двете спални соби има комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење.Тука се наоѓа и клима уредот. Апартманот има реновирано купатило.
1/6 Апартман бр.24
Шесткреветен апартман дуплекс на прв спрат во третиот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби.
Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 195-135 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед кон улицата. Во втората спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см) и еден единечен помал кревет (димензии 180-85 см), мебел и телевизор. Од собата се излегува на долга но потесна тераса опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.
Во средината меѓу двете спални соби има комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Апартманот има купатило со сопствен бојлер.
1/8 Апартман бр.28
Осумкреветен апартман дуплекс на втор спрат во третиот дел од вилата кој има директен поглед на море. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има четири кревети од кои еден дупли кревет (димензии 190-140 см) и два единечни кревети (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед меѓу влезовите на вилата. Во втората спална соба има три кревети од кои еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Од оваа спална соба се излегува на голема тераса опремена со пластична маса, столчиња и тенда која има директен поглед на море. Во средината меѓу двете спални соби има пространа комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Во оваа просторија се наоѓа уште еден единечен кревет (димензии 190-90 см). Апартманот има купатило со сопствен бојлер.
Информации и услови
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети)
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.
Неа Флогита
Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата.
Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани, а токму тука е и најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.