TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Coral Blue 3*

Достапни соби

1/2+2 соба

Максимално гости:
2
Максимален бр. на деца:
2

Фамилијарна соба со кревет на спрат – Family Room with bunkbed:
Брачен лежај или одовоени кревети и кревет на спрат – максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99 години) или 3 возрасни;
Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, безжичен интернет (со доплата), фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса.
Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.

Чистење на собите: 6 пати неделно; Промена на крпи и постелнина: 3 пати неделно;

1/2 бунгалов

Максимално гости:
3
Максимален бр. на деца:
1

Двокреветни бунгалов – Double Bungalow:
Брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло – максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99) или 3 возрасни;

Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, безжичен интернет (со доплата), фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса.
Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.

Чистење на собите: 6 пати неделно; Промена на крпи и постелнина: 3 пати неделно;

1/2 соба

Максимално гости:
2
Максимален бр. на деца:
1

Двокреветна соба – Double Room:
Брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго) – максимум сместување 2 возрасни и 1 дете до 12 години на дополнително легло;

Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, безжичен интернет (со доплата), фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса.
Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.

Чистење на собите: 6 пати неделно; Промена на крпи и постелнина: 3 пати неделно;

Хотел
3 ѕвезди
ГРЦИЈА
Геракини
Epar.Od. Limenos-Gerakinis, Poligiros 631 00, Greece
070 202 777, 047 202 777
7 ноќи

Цени 2022

Цените се по ЛИЦЕ за 7 полупансиони

термин услуга Double Bungalow Family Bunk Bed
22.05 – 29.05 7 HB 179 € 199 € 215 €
29.05 – 05.06 7 HB 199 € 219 € 235 €
05.06 – 12.06 7 HB 239 € 259 € 275 €
12.06 – 19.06 7 HB 319 € 339 € 355 €
19.06 – 26.06 7 HB 345 € 365 € 380 €
26.06 – 03.07 7 HB 385 € 405 € 420 €
03.07 – 10.07 7 HB 425 € 445 € 460 €
10.07 – 17.07 7 HB 465 € 485 € 500 €
17.07 – 24.07 7 HB 495 € 519 € 550 €
24.07 – 31.07 7 HB 519 € 539 € 579 €
31.07 – 07.08 7 HB 519 € 539 € 579 €
07.08 – 14.08 7 HB 519 € 539 € 579 €
14.08 – 21.08 7 HB 519 € 539 € 579 €
21.08 – 28.08 7 HB 499 € 519 € 550 €
28.08 – 04.09 7 HB 429 € 449 € 485 €
04.09 – 11.09 7 HB 349 € 365 € 395 €
11.09 – 18.09 7 HB 279 € 295 € 325 €

Цените се во € плаќање во денари 1€ = 62 мкд.

Легенда:
HB – полупансион (појадок, вечера)
Double – двовреветна соба
Bungalow – бунгалов
Family Bunk Bed – Фамилијарна соба со кревет на спрат

За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена

Цената вклучува:
7 ноќевања со појадок и вечера
Едно дете до 11.99 години – Бесплатно
Користење на клима уред
Интернет на бар на плажа и во лоби на хотелот
Паркинг (во согласност со слободни места во моментот)

Цената НЕ вклучува:
Туристичка такса од 1,5 еур по соба на ноќ која се плаќа во хотел
Трет возрасен на дополнително легло плаќа 32€ на ноќ
Второ дете од 0-11,99 години 9 € на ноќ
Трето дете од 0-11,99 години 23€ на ноќ
Интернет (со доплата)

Во случај на отказ на резервациите уплатени со попуст за рана уплата до 15 дена пред патување уплатените средства се пренаменуваат во ваучер за следно патување.

 

Превоз

Доплата за превоз Македонија-Грција-Македонија:

Скопје 40 € Битола 35 € Време на поаѓање превоз од Скопје за Халкидики
(секоја Недела)
Време на поаѓање превоз од Битола за Халкидики
(секоја Недела):
Велес 40 € 03:40 h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес 04:00 h Битола
(Пред спортска Сала )
Штип 40 € 05:00 h Струмица ( бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Смоквица
Радовиш 40 € 04:00 h Скопје (Дрводекор)
Струмица 40 € 04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
Неготино 40 € 05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
Смоквица 40 € 05:40 h Смоквица 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
Граничен премин
Богородица 40€
06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

Превозот оди на релација Скопје – Геракини – Неа Потидеа – Калитеа – Полихроно – Ханиоти – Пефкохори

Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.
Во Неа Потидеа автобусот застанува на станицата на главниот пат веднаш до Lemoni Bakery и од таму патниците имаат организиран превоз до хотелот Potidea Golden Beach
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.                                                               

Опис

За хотелот:
Локацијата, песочната плажа, уредувањето на околината и објектите, бистрата и плитка вода се причината што хотелот е погоден за одмор за било која возрасна група, од најмали до најстари. За фамилиите со мали деца. Ако го посакувате одморот од соништата “со деца а одморени”, Coral Blue Beach е вистинскиот избор за вас.
Плажа:
Приватна плажа, песочна. За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 еур.
Локација: Грција / Халкидики / Ситониа / Геракини
Nea Moudania,  14 km; Paralia Gerakinis 2 km; Psakoudia 7.6 km; Metamorfosi 17.5 km;  Nikiti 24 km

Хотелски содржини:
Ресторан, Интернет Кафе, Чадори и лежалки на плажа, Бесплатен паркинг, Рецепција 24/7

Бар на плажа, Приватна плажа
Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, уредена со лежалки, чадори за сонце;
Главниот ресторан “Thalassa” е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса,
со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.
Барот на плажа “Ammos” е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесно освежување, коктели и вкусна ужина;
Лоби бар “Blue Wave”, работи 24 часа на ден и овде исто така се нудат повеќе видови на кафе, грицки, сладоледи, слатки, освежување и алкохол.

Важна напомена:
При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот.
Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.

Локацијата, песочната плажа, уредувањето на околината и објектите, бистрата и плитка вода се причината што хотелот е погоден за одмор за било која возрасна група, од најмали до најстари.
За фамилиите со мали деца. Ако го посакувате одморот од соништата “со деца а одморени”, Coral Blue Beach е вистинскиот избор за вас.

Плажа:
Приватна плажа, песочна.
За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5€

Услуга: Полупансион (појадок и вечера).

Интернет: Бесплатно безжичен интернет на рецепција и на барот покрај плажа.

Сместување

Double Room:
Брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго) – максимум сместување 2 возрасни и 1 дете до 12 години на дополнително легло;
Bungalow:
брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло – максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99) или 3 возрасни;
Family Room with bunk bed:
Брачен лежај или одовоени кревети и кревет на спрат – максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99 години) или 3 возрасни;
Тип на дополнително легло: На расклопување;
Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, Wi – Fi интернет (со доплата), фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.
Чистење на собите: Согласно нови протоколи за Covid-19 за кои информација може да се добие на рецепција.

Напомена:
Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) – 5 € на ноќ – со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот.

ГСП

X Координати: 40.276520
Y координати: 23.428868

Услови

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на последниот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 г. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Услови за “early booking”:
За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.

Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Сместување во собите е после 14 ч. а напуштање на собите е до 10 ч. по локално време

Важат Општите услови на Т.А. Турист.

Политики на Coral Blue 3*

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

 

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации не се  прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, ([email protected]) ...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста соби....
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација:
Ваш е маил и телефони задолжително
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на децата)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата,
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата,
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во објектот.
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет.
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање....
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичката агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

 

Coral Blue 3* Геракини, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло