TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Evangelia

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Вила
ГРЦИЈА
Јерисос
7 ноќи

Цени 2023

 

  1. Вонсезонски цени
термин ноќевања цена по лице
28.05-04.06 7 109
04.06-11.06 7 129
11.06-18.06 7 169
18.06-25.06 7 209
25.06-02.07 7 229

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Задолжително плаќаат 2 лица

       2. Сезонски цени

термин ноќевања Апартман бр. 2 и 5 – градина Апартман бр. 3, 4 и 6 – море
02.07-09.07 7 499 519
09.07-16.07 7 509 529
16.07-23.07 7 529 549
23.07-30.07 7 529 549
30.07-06.08 7 529 549
06.08-13.08 7 529 549
13.08-20.08 7 529 549
20.08-27.08 7 519 539
27.08-03.09 7 479 499

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

 

  1. Вонсезонски цени
термин ноќевања цена по лице
03.09-10.09 7 219
10.09-17.09 7 179
17.09-24.09 7 129

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
* Задолжително плаќаат 2 лица

– Цените во табели бр. 1 и 3 се вонсезонски по лице за пакет аранжман 7 ноќевања со вклучен превоз
– За патување со сопствен превоз цената се намалува 10 € (620 денари) по лице во вонсезонските цени
– Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице-бесплатно, плаќаат само превоз доколку користат;
– Цените во табела бр 2 – се сезонски цени за наем на студио за 7 ноќевања, без вклучен превоз

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење клима уред
Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)

Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата

Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см

 

Превоз

 

Сопствен превоз или организиран превоз Скопје-Јерисос-Скопје

Доплата за превоз:
Возрасни 3.100 мкд. (50 €), еден правец 2.480 мкд. (40 €)
Деца до 12 г. 2.480 мкд. (40 €), еден правец 2.170  мкд. (35 €)
Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

Evangelia

 

Вила Евангелија се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос.
Има апартмани на прв и втор кат, реновирани и средени за лето 2023.
Користење на клима уредот и интернет се вклучени во цената.
Куќата располага со убаво среден сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота.  Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос  се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami

 

Сместување

Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат.
Има одвоена спална соба со брачен кревет, 2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи.
Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина.
Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат.
Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна.
Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата.
Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 4 (1/4+1) – прв кат.
Најпростран и најголем апартман во вилата.
Има одвоена спална соба со брачен кревет, а еден кревет на извлекување и гарнитура на пуштање во дневна заедно со целосно опремена кујна.
Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.

Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови.
Апартманот е простран и  има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети  во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 6 (1/3+1) – прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба и 1 стандарден + 1 еден кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.

[/toggle]

Важни информации

Сите Ваши лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата-договорот, дадените податоците од вас мора да се точни како во пасошот.
Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна-изјава на клиентот.
Неправилното пополнување на податоците (име, презиме, дата на раѓање, адреса) може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот.
Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава.
Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот.
Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата.
Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот,
Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро.
Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект.
Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот

Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски)  145-155 см со 180-190 см.

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Агенцијата не сноси одговорност за неточно дадени информации за резервацијата од страна на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за односот на граничните и царинарски служби, авиокомпании, автобуски и железнички транспортни компании и не ги обесштетува туристите, независно дали поради тоа туристите пропуштиле дел од услугата или целата услуга.
Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали.
При штети кои што се нанесуваат во објектите/хотелите конретниот извршител или извршители ја прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот објектот/хотелот.
Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на објектот/хотелот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за проблеми поврзани со сместување на домашни миленици, ако не е пријавено во писмена форма и одобрено сместувањето од агенцијата при изработка на резервацијата.

Патничко осигурување е задолжително е да се има (информации во агенцијата)
Одговорноста е Ваша доколку го немате.

Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите од понудата-безжичниот интернет не е задолжителен дел од опремата во собата, апартманот, студиото….
Во описите на сместувањето јасно е назначено дали сместувачките капацитети имаат wi fi. Ако објектот има wi fi, тоа не значи достапност на мрежата во собите, може рутерот да се наоѓа во заедничките простории (лоби, простор за прием….).
Исто така во Грција, wi fi е генерално слабо (особено на островите), зошто има голем број корисници, и затоа има слаб проток.
Агенцијата не превзема одговорност во случај на прекин на интернетот во текот на сезоната поради какви било околности:
дефекти, раскинување на договорот со провајдерот од страна на сопственикот и обратно и слично.

По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Во случај агенцијата да не ја добие сумата за направената резервација во предвидениот и договорен рок или до 7 дена пред нејзиниот почеток, постои правото резервацијата да биде анулирана, а сите трошоци кои прозилегуваат од условите за глоба се на Ваш товар.
Резервацијата која сте ја направиле е валидна само кога сте платиле аванс или во целост и ви е предаден ваучер од наша страна на наведен од Вас факс или е маил.
Секоја анулација од Вас на конкретна резервација треба да биде направена во писмен вид во агенцијата каде е платена резервацијата.
При резервации се уплаќа аванс од 30-50% од вредноста на аранжманот, (ако не е поинаку предвидено) а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот

Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

За резервации со попуст (рани попусти – EB):
При резервација e потребна уплата од минимум 30-50% од цената на аранжманот-резервацијата.
Останатиот дел од износот, треба да се доплати најдоцна до датата определена за попуст.
Уплатениот износ од 30-50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.

За резервации по понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;

Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само со целосна уплата на услугите;

Информацијата за услугите и конфорот кои што секој објект/хотел ги нуди се осигурани од самите објекти/хотели, а агенцијата само нив ги прикажува.
Фотографиите од сместувачките капацитети се од повеќе соби, студиа, апартмани, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

Во случај на причинета материјална штета, корисникот ја надоместува штетата на лице место или по пријава од објектот за материјалната штета за време на престојот.
Објектот/хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во објектот/хотелот

Туристичката агенција не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи на патникот исто и задолжителното патничко осигурување се обврска на патникот.
Пасошот треба да е со важност 3-6 месеци по датата на престојот во соодветната држава. ( во зависност од државата во која се престојува, инфо треба да има во понудата-аранжманот)

Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.

Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси…
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот/хотелот на сместувањето.
Секој патник има право на превоз на 1 куфер багаж до 20 кг и 1 торбица рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи и багаж.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:

– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Политики на Evangelia

Удобности

  • Безжичен интернет
  • Забрането пушење цигари
  • Клима уред
  • Парна бања
  • Фрижидер

Оцени од гости (0 Оцени)

Evangelia Јерисос, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло