TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Evangelia

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Апартман
ГРЦИЈА
Јерисос
7 ноќи

Цени 2024

1.Вонсезонски цени

* Цена по лице со вклучен превоз

термин Aпартман бр 4 Апартмани бр. 2,3,5,6
26/05-02/06 99 109
02/06-09/06 109 129
09/06-16/06 139 169
16/06-23/06 169 209
23/06-30/06 179 229
Плаќаат 3 лица 2 лица

2.Сезонски цени

* Цена за наем на студио / цена БЕЗ превоз /

термин Апартмани бр. 2 и 5 Апартмани бр. 3 и 6 Aпартман бр 4
30/06-07/07 469 499 539
07/07-14/07 499 529 569
14/07-21/07 529 559 599
21/07-28/07 529 559 599
28/07-04/08 529 559 599
04/08-11/08 529 559 599
11/08-18/08 529 559 599
18/08-25/08 529 559 599
25/08-01/09 509 539 579
поглед Градина Море Градина

 3.Вонсезонски цени

* Цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

термин Aпартман бр 4 Апартмани бр. 2,3,5,6
01/09-08/09 169 219
08/09-15/09 149 179
15/09-22/09 109 129
22/09-29/09 89 109
плаќаат 3 лица 2 лица

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

40.399252, 23.880963

Напомени и услови:
Цените во табела бр. 1 и 3 – се вонсезонски по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.
Во вонсезонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10€ по лице.
Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица
Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
Туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Цените во табела бр 2 се сезонски и се за НАЕМ апартман и студио за 7 ноќевања,
според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа.

Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см

 

Превоз

 

За возрасни 3.100 мкд. (50€), еден правец 2.480 мкд. (40€)

За деца до 12 години 2.480 мкд. (40€), еден правец 1.700 мкд. (35€)

Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.

 

Vaia

 

Куќа Evangelia се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос.
5 апартмани на прв и втор кат, реновирани за лето 2023.
Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената.
Убаво среден двор со зеленило, цвеќиња, ѕидана скара и маси и столови во дворот.
Има паркинг веднаш зад куќата.

Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат.
Има одвоена спална соба со брачен кревет,  2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи.
Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина.
Од двете соби се излегува на терасата.
Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат.
Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со страничен поглед море.
Од двете соби се излегува на терасата.
Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 4 (1/6+1) – прв кат.
Најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет.
Дневната соба е со целосно опремена кујна, има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање
(димензија на брачен кревет).
Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет.
Од двете соби се излегува на терасата.

Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови.
Апартманот е простран и  има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети  во кујна која е со сите потребни елементи.
Од двете соби се излегува на терасата.
Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

Апартман број 6 (1/3+1) – прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со голема тераса.
Од двете соби се излегува на терасата.
Брачен кревет во одвоена спална соба и 1 стандарден + 1 еден кревет на извлекување заедно со кујна.
Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.

Информации

Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 г. во кревет со возрасен.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

Цените се во евра, уплатата е во денараска противвредност (1евро = 62 мкд).

Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна до плата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.

Сместување во собите е по 14.00 часот,
Напуштање на собите е до 09.00 часот локално време.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 € на ден по студио / апартман.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриен трошоци. туристичката агенција НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој –било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во туристичката агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Јерисос


Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од   3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Услови

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:

– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Политики на Evangelia

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

Evangelia Јерисос, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло