TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Festa Winter Palace 5*

Достапни соби

DBL STANDARD

Максимално гости:
3
Максимален бр. на деца:
1

Двокреветна соба – ноќевање со појадок (22 м2)
Максим. сместување 3 возрасни или 2 возрасни + 1 дете 3-12.99 г.

JUNIOR SUITE

Максимално гости:
3
Максимален бр. на деца:
2

Суит Јуниор – ноќевање со појадок ( 25 м2 )
Мак. сместување 2 возрасни со 2 деца или 3 возрасни со 1 дете  (возраст на децата 3-12.99 г.)

ONE BEDROOM APARTMENT

Максимално гости:
3
Максимален бр. на деца:
2

Апартман со 1 спална соба – ноќевање со појадок ( 40м2)
Мак. сместување 2 возрасни + 2 деца ( 3-12.99 г. ) или 3 возрасни

Хотел
5 ѕвезди
БУГАРИЈА
Боровец
2010 Borovets, Bulgaria
070 202 777, 047 202 777
14;00
11;00
4 ноќи

15%  ПОПУСТ за резервација и уплата до 30.09.2018
10%  ПОПУСТ за резервација и уплата до 31.10.2018

Ноќевање со појадок (PDF)

 

Цените се за СОБА на ДЕНноќевање со појадок
сместување 01.12-20.12
05.03-09.04
21.12-27.12 28.12-01.01 02.01-13.01
26.01-15.02
14.01-25.01 16.02-04.03
DBL STANDARD
2adl   89  118  211  136  114  111 
2adl+1chd 3-12.99   90  119  212  137  115  112 
3adl 117  159  285  183  153  150 
JUNIOR SUITE
2adl 102  136  244  155  129  124 
2adl+1chd 3-12.99 103  137  245  156  130  125 
2adl+2chd 3-12.99 119  158  283  181  150  145 
3adl 138  183  330  210  174  168 
3adl+1chd 3-12.99 139  184  331  211  175  169 
ONE BEDROOM APARTMENT
2adl 109  147  266  169  140  133 
2adl+1chd 3-12.99 110  148  267  170  141  134 
2adl+2chd 3-12.99 127  170  308  196  163  155 
3adl 147  198  360  228  189  180 
Доплата за вечера
Возрасен 17  17  17  17  17  17 
Деца 3-12.99
Миним. престој 3 3 5 3 3 3
Отказ под 2 денa 1 ноќ 3 дена 1 ноќ 21 ден 100% 7 дена 1 ноќ 7 дена 1 ноќ 3 дена 1 ноќ
No show 2 ноќевања 2 ноќевања 100% 2 ноќевања 2 ноќевања 2 ноќевања

Цените се во € се плаќа во денари 1 € = 62 мкд
Доплата за Новогодишна вечера: возрасен 110 €, дете 3-12,99 г. 55 €

Цената вклучува: користење затворен базен, фитнес, сауна, парна бања, соба за релаксација, контраст туш

Единствен по стил и мебел, хотел Феста Винтер Палас со првокласна услуга и софистициран луксуз.
Хотелот има 24 двокреветни соби, 19 лукс соби, 11 мали апартмани и 12 лукс апартмани и 2 мезонети.
Сите соби се луксузно опремени со широки кревети, мебел во ренесансен стил, завеси во златно и сина боја. Сите соби имаат балкони. Бањите се во современ стил и нудат хидромасажни бањи и тушеви.
Апартманите се состојат од спална соба и дневна соба одделени со портал.
Делукс апартмани имаат спална соба и дневна соба, која им овозможува на семејствата со деца да имаат  апсолутна приватност во просториите.
Хотелот има централно климатизирање, со посебен термостат во секоја соба.
Собите се опремени со кабловска телевизија, мини бар, телефон, сеф, фен.

Барови и ресторани
– Гурмански ресторан – со 60 седишта
– Ресторан “БГ” – со капацитет од 60 седишта
– Лоби – пијано бар – со капацитет од 60 седишта
– Виски бар – со капацитет од 60 седишта

СПА центар
– Затворен базен
– Фитнес
– Сауна
– Парна бања
– Оригинална руска бања
– Контрастни тушеви
– Спа капсула
– Спа бања
– Масажа и телесна терапија
– Салон за убавина и терапии со лице

Хотелски услуги
– Семинар сала – со капацитет од 60 седишта
– Семинар сала – со капацитет од 20 седишта
– Интернет пристап
– Телефон, факс, пошта
– Услуга во соба
– Сеф
– Ски гардероба
– Затворен паркинг на две нивоа со 36 паркинг места

Политики на Festa Winter Palace 5*

14;00
11;00

Удобности

  • Базен - внатрешен
  • Безжичен интернет
  • Забрането пушење цигари
  • Интернет во заеднички простории
  • Клима уред
  • Конференциска сала
  • Механа
  • Основен ресторан
  • Парна бања
  • Сауна
  • Соба за багаж
  • Фитнес сала
  • Централно греење

Оцени од гости (0 Оцени)

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации НЕ СЕ прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, факс...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777
или пишете ни на turist@turist.com.mk за да ве информираме околу достапноста.
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација:
Ваш е маил, факс и телефони ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на децата)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата,
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата,
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во објектот.
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет.
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање....
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичката агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

Festa Winter Palace 5* Боровец, БУГАРИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло