Цени 2023
Цените се по лице за 8 дена 7 ноќи – ПОЛУПАНСИОН
Термини | 1/2 студио | 1/2+1 студио | APP 1/2+2 |
11.06-18.06 | 199 | 239 | 289 |
18.06-25.06 | 209 | 249 | 299 |
25.06-02.07 | 229 | 259 | 309 |
02.07-09.07 | 249 | 279 | 329 |
09.07-16.07 | 259 | 289 | 339 |
16.07-23.07 | 279 | 299 | 349 |
23.07-30.07 | 289 | 309 | 359 |
30.07-06.08 | 289 | 309 | 359 |
06.08-13.08 | 289 | 309 | 359 |
13.08-20.08 | 279 | 309 | 359 |
20.08-27.08 | 269 | 299 | 349 |
27.08-03.09 | 229 | 259 | 309 |
03.09-10.09 | 209 | 249 | 299 |
10.09-17.09 | 199 | 229 | 279 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Услуга 7 полупансиони
Сместување во студио/апартман 7 ноќевања
Безжичен интернет
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Превоз
Патничко осигурување-задолжително е да се има
Останати индивидуални трошоци,
Факултативни екскурзии,
Дополнителни оброцИ,
Турситичка такса 0,50 центи по соба од ноќ
Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Вила Флора
Вила Флорае одлично позиционирана на само 30м од плажа, во близина на првиот влез во Торони.
Вилата е на главната улица, која воедно минува и покрај самата плажа, во непосредна близина до сите потребни содржини на ова место. Вилата располага со двокреветни, трокреветни студија и апартмани распоредени на високо приземје, прв и втор кат.
Секоја од собите е опремена со соодветен мебел, мини кујна, тоалет, ТВ, клима и тераса.
Во склоп на самата вила на приземјето од куќата има ресторан таверна каде што гостите имаат полупанскионска услуга и да уживаат во вкусовите на традиционалната грчка кујна..
Вилата заради непосредната близина на прекрасната плажа во Торони и мирниот карактер на селото е одличен избор за релаксиран летен одмор.
ГПС
39.989060, 23.898658
Услови
ВАЖИ ЗА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА (СУБАГЕНТ) И ЗА ГОСТИНОТ:
1_____________________________________________________________
Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.
По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во цемост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Во случај агенцијата да не ја добие сумата за направената резервација во предвидениот и договорен рок или до 7 дена пред нејзиниот почеток, постои правото резервацијата да биде анулирана, а сите трошоци кои прозилегуваат од условите за глоба се на Ваш товар.
Резервацијата која сте ја направиле е валидна само кога е предаден ваучер од наша страна на наведен од Вас факс или email.
Секоја анулација од Вас на конкретна резервација треба да биде направена во писмен вид во агенцијата каде е платена резервацијата.
При резервации се уплаќа аванс од 30-50% од вредноста на аранжманот, (ако не е поинаку предвидено) а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот
Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за односот на граничните и царинарски служби, авиокомпании, автобуски и железнички транспортни компании и не ги обесштетува туристите, независно дали поради тоа туристите пропуштиле дел од услугата или целата услуга.
Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.
Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. (односно добиениот ваучер од агенцијата) се друго е предмет на доплата на лице место
2_____________________________________________________________
Доколку имате и барате посебни потреби од страна на објектот/хотелот се потврдуваат на лице место од страна на самиот објект/хотел.
Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот и треба да се направи на лице место за време на престојот во хотелот.
3_____________________________________________________________
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
4_____________________________________________________________
Патниците собата првиот ден ја превземаат по 14:00-15;00 часот,
Последниот ден напуштање на собата до 09:00-12;00 часот наутро.
Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект.
Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
5_____________________________________________________________
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава.
6_____________________________________________________________
Информацијата за услугите и конфорот кои што секој објект/хотел ги нуди се осигурани од самите објекти/хотели, а агенцијата само нив ги прикажува.
Во случај на причинета материјална штета, корисникот ја надоместува штетата на лице место или по пријава од објектот за материјалната штета за време на престојот.
Објектот/хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
7_____________________________________________________________
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот/објектот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за проблеми поврзани со сместување на домашни миленици, ако не е пријавено во писмена форма при изработка на резервацијата.
8_____________________________________________________________
Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали.
Агенцијата не сноси одговорност за дејствија на погранични и царински служби, авиокомпании, автобуски и железнички превоз и не ги обештетува туристите независно од тоа дали поради таквите дејствија туристите неискористиле дел од услугите или целата услуга.
При штети кои што се нанесуваат во хотелите конретниот извршител или извршители прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот објектот/хотелот.
Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.
9_____________________________________________________________
Категоријата на хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој хотел, се осигурани од самите хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
10_____________________________________________________________
За деца има можност за намалување на цената. За да може да ги искористите тие попусти неопходно е да ја кажете точната возраст на детето на датумот на напуштање на објектот/хотелот.
Во случај информацијата да не е коректна, клиентот ја плаќа разликата до полната сума на резервацијата.
За лица под 18 г., кои патуваат сами или со едниот родител (старател) неопходно е да имаат нотарски заверена изјава од двајцата родители (или старатели) дека родителите се согласни детето да патува во странство, со наведен телефонски број на нотарот. Оригиналната изјава и копија треба да се носи за време на патувањето. Ако не се исполнат тие услови, агенцијата не сноси никаква одговорност во врска со сите потенцијални непријатности и штети што ќе бидат предизвикани од тоа. Тие се на сметка на родителите.
11_____________________________________________________________
Јачината на сигналот на интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во местото и самиот регион, туристичката агенција нема одговорност за неговиот квалитет.
12_____________________________________________________________
Секој објект си има своја политика на глоба за откажување на потврдена резервација, доколку не е наведено поинаку важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист и СКТМ
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )