TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Hotel Hlidi

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Хотел
ГРЦИЈА
Кокино Неро
7 ноќи

20% попуст за целосна уплата до 31.12.2022

Цени 2023

 

Цените се по ЛИЦЕ во € за 7 полупансиони

термини ноќевања цена
   10.06 – 17.06 7 220
   17.06 – 24.06 7 240
   24.06 –  01.07 7 250
   01.07 – 08.07 7 260
   08.07 – 15.07 7 270
   15.07 – 22.07 7 280
   22.07 – 29.07 7 290
   29.07 – 05.08 7 290
   05.08 – 12.08 7 290
   12.08 – 19.08 7 280
   19.08 –  26.08 7 270
   26.08 – 02.09 7 250
   02.09 – 09.09 7 230

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари.

Во цената Е вклучено:
7 полупансиони
Клима уред
Безжичен интернет
Трошоци за организација на програмата

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување (задолжително е да се има)
Туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Напомени !
Цените се дадени  ПО ЛИЦЕ  за 7 пoлупансиони  ( појадок и вечера )
Прво дете  до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот
Попустот важи за сместување со две возрасни лица
Попуст за трето возрасно лице и дете над 12год – 20% попуст
Дете до  5 год. кое не користи кревет и храна– ГРАТИС за сместување во 1/2 соба
Ако користи храна за истата се доплаќа 70 €
Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица
Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место
Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата
Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата
Сместувањето во собите е по 14:00 (по локално време)
Напуштање на собите е до 09:00 (по локално време)
Секоја направена штета се плаќа на лице место
За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс,во спротивно резервацијата е неважечка
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање
Задолжително патничко осигурување.

 

Хотел

 

Хотел Хлиди се наоѓа на сама плажа. располага со двокреветни (1/2) и трикреветни (1/3) соби.
Секоја соба е со сопствена бања, клима уред (вклучен во цена), телевизор, фрижидер, тераса. Исхраната е на база полу пансион ( појадок и вечера) и е во склоп на објектот.
Големиот двор, зеленилото, мирното тиркизно море кое е на само неколку чекори од хотелот се гаранција за вистински одмор.

За Кокино Неро
Кокино Неро е туристичко место со богата флора и фауна, како и специфична клима која е резултат на близаната на планинините и морето. Кокино Неро се наоѓа во областа Тесалија ,недалеку од клисурата Темби, во подножјето на планината Оса на околу 140км од Солун и 70км од Паралија. Името Кокино Неро ( Црвена Вода) го добива по термалните извори кои се наоѓаат во самото место убаво уредени,водата е полна со минерални соли кои на водата и даваат црвенкаст тон, а и лековити својства. Ова е место за убав мирен одмор, преферираат природни сенки и неурбани плажи. Самото шеталиште има неколку таверни/локални ресторани,продавници, пекари. Во непосредна близина на 2км се наоѓаат и две убави плажи, Platia Ammos и Кoutsoupia.

 

Важни информации

 

ВЕ МОЛИМЕ внимателно да ги прочитате ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ и УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА
Препорачуваме патничко осигурување-ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е да се има (информации во агенцијата)
Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.
По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Во случај агенцијата да не ја добие сумата за направената резервација во предвидениот и договорен рок, агенцијата има правото резервацијата да анулирана, а сите трошоци кои прозилегуваат од условите за глоба се на Ваш товар.
При резервации се уплаќа аванс од 30-50% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 7 дена пред реализацијата на аранжманот (ако не е поинаку предвидено)
Резервацијата која сте ја направиле е валидна само кога е предаден ваучер од наша страна лично Вам или на наведен од Вас факс или е маил.
Во случај на групно сместување валиден е списокот од агенцијата со ваучер..
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица (односно добиениот ваучер од агенцијата) се друго е предмет на доплата на лице место.
Агенцијата не сноси одговорност за неправилно дадени податоци или пополнување на обрасци со неправилна содржина од страна на клиентот заради што може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот, и агенцијата нема обрска од граничен премин да ги врати назад.
Агенцијата не сноси одговорност за односот на граничните и царинарски служби, авиокомпании, автобуски и железнички транспортни компании и не ги обесштетува туристите, независно дали поради тоа туристите пропуштиле дел од услугата или целата услуга.. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Доколку имате и барате посебни потреби (кои не се во нашата понуда) од страна на хотелот и ви се потврдуваат на лице место од страна на самиот хотел.
Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот и треба да се направи плаќањето на лице место за време на престојот во хотелот.
Патниците собата првиот ден ја превземаат по 14:00-15;00 часот,
Последниот ден напуштање на собата до 09:00-12;00 часот наутро.
Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект.
Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Категоријата на хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој хотел, се осигурани од самите хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Во случај на причинета материјална штета, корисникот ја надоместува штетата на лице место или по пријава од хотелот за материјалната штета за време на престојот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за проблеми поврзани со сместување на домашни миленици, ако не е пријавено во писмена форма при изработка на резервацијата
Агенцијата не сноси одговорност ако туристите неискористиле дел од услугите или целата услуга, ако го напуштиле хотелот без да се пријават на рецепција или ако не понесат документ со потпис и печат од овластено лице во хотелот дека од оправдани причини тоа го направиле.
При штети кои што се нанесуваат во хотелите конретниот извршител или извршители прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот објектот/хотелот.
Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот
За деца има можност за намалување на цената. За да може да ги искористите тие попусти неопходно е да ја кажете точната возраст на детето (ден, месец и година на раѓање на детето)
Во случај информацијата да не е коректна, клиентот ја плаќа разликата до полната сума на резервацијата, односно си ја доплаќа на рецепција разликата на цената.За лица под 18 г., кои патуваат сами или со едниот родител (старател) неопходно е да имаат нотарски заверена изјава од двајцата родители (или старатели) дека родителите се согласни детето да патува во странство, со наведен телефонски број на нотарот. Оригиналната изјава и копија треба да се носи за време на патувањето. Ако не се исполнат тие услови, агенцијата не сноси никаква одговорност во врска со сите потенцијални непријатности и штети што ќе бидат предизвикани од тоа.
Тие се на сметка на родителите.
Јачината на сигналот на интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во местото и самиот регион, туристичката агенција нема одговорност за неговиот квалитет
Секоја анулација од Вас на конкретна резервација треба да биде направена во писмен вид во агенцијата каде е платена резервацијата.
Важат и се применуваат следните услови за анулација на резервација
Откажување на резервација:
– 10% во случај на откажување 30 дена пред почетокот на користењето на услугите,
– 20% во случај на откажување 29 до 15 дена пред почетокот на користењето на услугите,
– 50% во случај на откажување 14 до осум дена пред почетокот на користењето на услугите,
– 85% во случај на откажување седум до еден ден пред почетокот на користењето на услугите,
– 100% во случај на откажување на денот или по почетокот на користењето на услугите.Трошоците за отказ нема да се пресметуваат во следниве околности:
– во случај на смрт на член на потесното семејство (родител, брачен другар, деца),
– во случај на болест чија природа е таква што може да се земе како оправдана причина (со задолжително поднесување на извештај од лекар специјалист).
Доколку патникот самоволно го напушти хотелот пред датата која е определена на резервацијата, хотелот нема да го компензира останатиот износ.
Надоместокот за скратување на престојот не се наплаќа во случаи на: ненадејно боледување гостин, смрт во потесното семејство, елементарна непогода, вонредна состојба

 

Политики на Hotel Hlidi

Удобности

  • Безжичен интернет
  • Клима уред
  • Фрижидер

Оцени од гости (0 Оцени)

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации не се  прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, ([email protected]) ...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777, 070 202 777, 070 307 999
или пишете на [email protected] за да ве информираме околу достапноста соби....
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација:
Ваш е маил и телефони задолжително
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на децата)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата,
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата,
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во објектот.
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет.
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање....
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичката агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.
 

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

 

Hotel Hlidi Кокино Неро, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло