TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

International 4*

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Хотел
4 ѕвезди
МАКЕДОНИЈА
Охрид
Билјанини извори, Охрид
1 ноќи

Цени

Цените се по СОБА на ден

Хотел Интернационал – Охрид
соба сместување услуга
појадок
Двокреветна стандард 2 лица 50 €
Трокреветна стандард 3 лица 60 €
Апартман стандард 4 лица 70 €

 

Цените се по ЛИЦЕ на ден

ВИКЕНД ПОНУДА – 2 ноќи 3 дена
соба сместување услуга
до 31.08.2020 појадок
Двокреветна стандард 2 лица 35 € по лице
Трокреветна стандард 3 лица 35 € по лице
Апартман 4 лица 35 € по лице

 

Цените се по ЛИЦЕ

ПРОМО ПАКЕТ  – 5 ноќи 6 дена
соба сместување услуга
до 31.08.2020 појадок
Двокреветна стандард 2 лица 99 € по лице
Трокреветна стандард 3 лица 99 € по лице
Апартман 4 лица 99 € по лице

Цените се во €, се плаќа во денари 1€=62денари

Деца од 0-11.99 години БЕСПЛАТНО

Во цената Е вклучено:
Клима уред
Користење безжичен интернет
Паркинг

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување

Сместување

Располага со 35 стилски уредени соби, од кои 28 се двокреветни, 2 се четворокреветни, а 5 апартмани. Сите имаат клима уред, интернет и телевизија. Се издаваат по принципот ноќевање со доручек кој се реализира во специјалниот интерен ресторан наменет само за гостите кои користат сместување во хотелот.

Опис

Под падините на планините Петрино и Галичица, непосредно до познатите Билјанини извори, од кои според легендата настанало познатото Охридско Езеро, на излезот од булеварот „Туристичка“ кој води до најубавите плажи на источното крајбрежје, се наоѓа хотелот „Интернационал“.
На атрактивна локација, изграден во модерен стил, хотелот „Интернационал“ е идеално место за вашиот престој во Охрид. Оддалечен на 5 минути од Езерото и само 15 минути од центарот на градот, хотелот „Интернационал“нуди извонредни услови за престој на гостите.

Услови

При резервации се уплаќа аванс од 50% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Патниците собата првиот ден ја превземаат од 14:00 часот,
Последниот ден напуштање на собата е до 10:00 часот.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на лице место.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Важат Општите услови на Т.А. Турист.

Локација

Билјанини извори , Охрид
1,5 км од Cuba Libre Beach

Политики на International 4*

Удобности

  • Безжичен интернет
  • Бесплатен паркинг
  • Клима уред
  • Лифт
  • Појадок

Оцени од гости (0 Оцени)

International 4* Охрид, МАКЕДОНИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло