TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Jana

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Вила
ГРЦИЈА
Пефки
7 ноќи

– 15% ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА !

Цени 2024

 

Ценовник по лице за 7 ноќевања со автобуски превоз

термини STD 1/2 Со попуст STD 1/2+1SV Со попуст
25.05-01.06 113 106 114 107
01.06-08.06 127 118 130 121
08.06-15.06 137 127 142 131
15.06-22.06 153 140 156 143
22.06-29.06 162 148 167 152
29.06-06.07 170 155 176 159
06.07-13.07 181 164 188 170
13.07-20.27 191 173 198 179
20.07-27.07 205 184 212 190
27.07-03.08 212 190 219 196
03.08-10.08 212 190 219 196
10.08-17.08 212 190 219 196
17.08-24.08 205 184 212 190
24.08-31.08 191 173 198 179
31.08-07.09 181 164 188 170
07.09-14.09 170 155 176 159
14.09-21.09 153 140 156 143
21.09-28.09 134 124 137 127

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Цените се по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).


Ценовник за НАЕМ на СОБА за 7 ноќевања СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

термини STD 1/2 Со попуст STD 1/2+1SV Со попуст
25.05-01.06 95 81 98 84
01.06-08.06 123 105 130 111
08.06-15.06 144 123 154 131
15.06-22.06 175 149 182 155
22.06-29.06 193 165 203 173
29.06-06.07 210 179 221 188
06.07-13.07 231 197 245 209
13.07-20.27 252 215 266 227
20.07-27.07 280 238 294 250
27.07-03.08 294 250 308 262
03.08-10.08 294 250 308 262
10.08-17.08 294 250 308 262
17.08-24.08 280 238 294 250
24.08-31.08 252 215 266 227
31.08-07.09 231 197 245 209
07.09-14.09 210 179 221 188
14.09-21.09 175 149 182 155
21.09-28.09 137 117 144 123

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Понудата СО ПОПУСТ важи за ограничен број соби, организаторот може да ја повлече во секое време без претходна најава.

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см

 

Превоз

 

– Превозот со автобус е до туристичката дестинација, место за запирање на автобусот според локалните услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

град место на поаѓање време на поаѓање возрасен дете 2-12.
 Скопје  СП Борис Трајковски 00;30 65 € 45 €
 Велес  БП мотел Македонија 01;00 65 € 45 €
 Неготино  БП Макпетрол 01;30 65 € 45 €
 Смоквица  БП BWO петрол 02;00 65 € 45 €
 Гевгелија  БП граничен премин 02;30 65 € 45 €

Поаѓање од Грција: истиот ден попладне.

 

Вила Јана

 

Вила Јана се наоѓа на влезот во Пефки, на првата линија до морето и почетокот од шеталиштето на околу 200м од самиот центар.
Од содржини вилата има повеќе двокреветни и трикреветни студија, на приземјето, првиот и вториот кат од објектот.
Во студијата ( околу 20 м2 ) опремена кујна, фрижидер, интернет (wi-fi) електрично решо и аспиратор, ТВ, клима уред и балкон.
Студијата кои се наоѓаат во приземјето, имаат и уреден простор со гарнитура за седење.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

Островот Евија е втор по големина остров во Грција. Се протега по брегот на Беотија и Атика од северните споради до островот Андрос во близина на Киклади. Главниот град на Халкидис е еден од највлијателните антички градови. Пефки се наоѓа на северниот раб на Евија, преку островот Скијатос. Се карактеризира со долга плажа со песочна камче, долга 4 километри, чисто и мирно море, поволни климатски услови, богата со флора и фауна, долга сезона. Близината на Атина е предност за сите оние што сакаат да се запознаат со грчката престолнина.

Пефки е мирно место сместено на крајниот север на Евиа. Самото име Пефки значи дека местото е опкружено со борова шума која е преставува воздушна бања и е идеална за оние кои сакаат природа, чист воздух, кои во комбинација со прекрасното море се наслада за Вашите сетила и здравје, право место за вистински одмор. По краткото возење со ферибот од само 25 мин. пристигнувате во Агиокампос, а Пефки е на само 20 км источно од пристаништето. Се работи за мирно и мало место, но со сите потребни содржини за пријатен одмор. Тука се и таверните, маркетите, продавниците, кафетериите, љубезните домаќини… Долж местото се протега камчесто-песочна плажа, со баровите со чадори и лежалки, каде што со пијалок можете да ги користете бесплатно. Покрај  плажата е поплочено долго шеталиште со голем број ресторани и таверни. Цените тука се поповолни од останатиот дел на Грција. Од Пефки постои можност за поволна посета на Скијатос, па вреди да ја искористите оваа можност и да го збогатите својот одмор.

 

Сместување

 

Опис на сместувачките капацитети

Прв кат:

Студио бр.1, тип 1/2+1 SV
Еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина  90 см

Студио бр.2, тип 1/2+1 SV
Еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 см

Студио бр.3, тип 1/2+1 SV
Еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 см

Студио бр.4, тип 1/1/2+1  SV
Еден брачен кревет со ширина 130 и еден единечен со ширина 90 см

Студио бр.5, тип 1/2+1
Два единечени кревети со ширина 90 см

Сите соби се опремени со кујна со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, телевизор, интернет, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети). Прозорите имаат шибер ролетна и завеси, но немаат комарник.
Тоалетот е со туш када дирекно на плочки и со прозор.

Вилата е на сама плажа.

Чистење: еднаш за време на престој, промена на постелнина еднаш за време на престој.

Студио бр.4 и 5 имаат заеднички ходник.

 

 

Важни информации

 

* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

Внимание!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во ценовникот, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2024 година, или до објава на нов ценовкик.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “ осигурување од ризик – отказ на аранжман“!
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Политики на Jana

Удобности

  • Безжичен интернет
  • Забрането пушење цигари
  • Клима уред
  • Под-плочки
  • Телевизор
  • Фрижидер

Оцени од гости (0 Оцени)

Jana Пефки, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло