TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

JANIS 7 ноќи

Достапни соби

1/3 студио

Максимално гости:
3
Максимален бр. на деца:
1

1/3 студио (трикреветно студио) три редовни легла. (макс. капацитет – 3 возрасни + дете до 6 г.без легло)
Во студијата: мини кујна со прибор за готвење и јадење, тоалет, балкон, клима, безжичен интернет.
Вилата е реновирана во целост во 2018 година.

1/2 студио

Максимално гости:
2

1/3 студио: три редовни легла (може да се користи и од 2 лица)
Во студијата: мини кујна со прибор за готвење и јадење, тоалет, балкон, клима, безжичен интернет.
Вилата е реновирана во целост во 2018 година.

Вила
ГРЦИЈА
Калитеа
Epar.Od. Paliouriou-Afitou, Kallithea, Greece
070 202 777, 047 202 777
THEA
7 ноќи

Цени

Цените се по студио за 7 ноќевања во € без попуст

период ноќевања 1/2 студио 1/3 студио
18.05 – 25.05 7      49 *      59 *
25.05 – 01.06 7      79 *      89 *
01.06 – 08.06 7 139 149
08.06 – 15.06 7 189 199
13.06 – 22.06 7 259 269
22.06 – 29.06 7 289 299
29.06 – 06.07 7 299 309
06.07 – 13.07 7 329 339
13.07 – 20.07 7 359 369
20.07 – 27.07 7 369 379
27.07 – 03.08 7 369 379
03.08 – 10.08 7 369 379
10.08 – 17.08 7 329 339
17.08 – 24.08 7 309 319
24.08 – 31.08 7 249 259
31.08 – 07.09 7 189 199
07.09 – 14.09 7 139 149
14.09 – 21.09 7      99 *     109 *
21.09 – 28.09 7      59 *       69 *

Цените се во € плаќањето е во денарска противвредност 1€ = 62 денари.
Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Безжичен интернет и клима уред вклучени во цената.
Во цената НЕ Е вклучен превоз.

Превоз

Цена по лице за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Сабота)
Скопје (Дрводекор)  35€
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес  40€
Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово  40€
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)  35€
Неготино (бензинска пумпа, Неготино)  35€
Удово (бензинска пумпа, Удово)  35€
Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)  35€

 

Цена по лице за превоз од Битола за Халкидики:
Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)  30€
Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола  30€
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола  35€
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола  35€
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола  35€
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола  30€

Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 15€ од редовната цена од Битола и 10€ од Скопје
Деца до 1,99 години бесплатно
Возрасно лице над 63год  10€ попуст

 

Време на поаѓање превоз од Скопје за Халкидики (секоја Сабота)
03:40 h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
05:00 h Струмица ( бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удовo
04:00 h Скопје (Дрводекор)
04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово)
06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)


Време на поаѓање превоз од Битола за Халкидики:
04:00 h Битола ( Автобуска Станица Транскоп на перон )
03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола
02.15 h Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола
02:15 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
03.15 h Ресен  (спроти автобуска станица)  – Трансфер до Битола


Поаѓање од Грција:
15:00 h локално време, ( 14:00 h мак.време) Фурка
15:15 h локално време, ( 14:15 h мак.време) Сивири
15:30 h локално време, ( 14:30 h мак.време) Калитеа
16:00 h локално време, ( 15:00 h мак.време) Неа Потидеа
16:20 h локално време, ( 15:20 h мак.време) Неа Флогита

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.

Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Опис

Локација
Вила Јанис се наоѓа на главната улица наспроти познатиот ресторан Брики, т.е 50 метри од строгиот центар на Калитеа, во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн.

GPS Координати: 40.037851, 23.363797

Плажа
На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица

Опис на објектот
Сите соби се трокреветни 5 од нив се наоѓаат од предната страна и имаат поглед кон главанта улица, останатите имаат поглед кон дворот во вилата.Сите соби се со  капацитет само за 3 лица со можност да се смести мало дете до неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi. Вилата е реновирана во целост во 2018 година. Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен.

1/3 студио : три редовни легла (макс. капацитет – 3 возрасни + дете до 6 години без легло)

Услови

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Услови за “early booking”:
За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.  

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
Попустите не може да се комбинираат,
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Во студио/апартман е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Патниците студиото/апартманот првиот ден го превземаат по 14:00 часот,
Последниот ден напуштање на  студиото/апартманот е до 09:00 часот наутро.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.
По завршувањето на Вашиот престој должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Важат Општите услови на Т.А. Турист.

Политики на JANIS 7 ноќи

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

JANIS 7 ноќи Калитеа, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло