Цените за СОБА на ДЕН Цените се изразени во денари, за наем на соба на ден Појадок 200 денари по лице Напомена ! Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар. Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во апартмани, соби и бунгалови со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци. Посебен акцент ставаме на нашиот ресторан Кораб Трница во кои гостите можат да ги пробаат највкусните традиционални специјалитети како: надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава.. Хотелот Кораб Трница се состои од До 14 дена пред пристигање – без пенали; од 14-3 – 10% пенали; од 3-0 – 100% пенали
Цени 2020
цени по соба на ден
*наем на собацена
капацитет во соба
тип на соба и цени
Двокреветна
2100 ден.
2
Апартман
2800 ден.
4
ВИП апартман
3500 ден.
4
Трокреветна соба
2500 ден.
3
Голем апартман
4200 ден.
8
Ручек / вечера 450 ден по лице.
И истите се плаќаат на лице место
За деца до 8 години сите оброци се бесплатни.
За деца до 12 години сите оброци се на 50% попуст.
Сместување по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање до 10:00 ч. (локално време)
Цените НЕ ВАЖАТ за национални и верски празници, семинари, конгреси…
Хотелски содржини
Двокреветна соба (од кои 3 се со брачен кревет а 2 се со два единечни кревети)
Трокреветна соба (се состои од 1 брачен и еден единечен кревет
Апартман – за 4 лица: една спална соба за две лица и дневна соба со кревет на спуштање за две лица.
Вип апартман – за 4 лица, ист како обичниот само поголем и со тераса
Голем апартман за 8 лица, две спални соби со по еден голем кревет за две лица, голема дневна соба со софа, терпезарија и 4 единечни кревети.
Моментално во изградба се и 5 бунгалови
Политика на отказ на резервација:

Hotel Korab Trnica Трница, МАКЕДОНИЈА
0 Оцени