TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Kostas

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Апартман
ГРЦИЈА
Јерисос
7 ноќи

Цени 2024

 

 1.Вонсезонски цени

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

термин 1/4 + 2 Дуплекс апартман (бр.1A) Aпартмани (2A,3A,1Б,2Б)
16/06-23/06 149 199
23/06-30/06 159 209
задолжително плаќаат 4 лица задолжително плаќаат 3 лица

2.Сезонски цени

* цена за наем на апартман

термин Апартмани (2A, 3А, 1Б, 2Б) Дуплекс апартман (1А)
30/06-07/07 669 719
07/07-14/07 699 759
14/07-21/07 739 799
21/07-28/07 739 799
28/07-04/08 739 799
04/08-11/08 739 799
11/08-18/08 739 799
18/08-25/08 739 799
25/08-01/09 719 769

3.Вонсезонски цени

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

термин 1/4 + 2 Дуплекс апартман (бр.1A) Aпартмани (2A,3A,1Б,2Б)
01/09-08/09 149 199
08/09-15/09 139 179
15/09-22/09 109 119
задолжително плаќаат 4 лица задолжителноплаќаат 3 лица

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење клима уред
Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 117,5 € по соба на ден

Напомени и услови:
Цените во табели бр 1 и 3 се вонсезонски по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз

Во вонсезонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10€ по лице.

Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица| 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

Цените во табела бр 2 се сезонски за наем на апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, за превозот се доплаќа:

Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица, а во дуплекс апартман 4 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;

Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см

 

Превоз

 

За возрасни 3.100 мкд. (50€), еден правец 2.480 мкд. (40€)

За деца до 12 години 2.480 мкд. (40€), еден правец 1.700 мкд. (35€)

Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.

Kostas

 

Куќа Kostasсе наоѓа на одлична локација на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, а во многу мирен дел. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартман. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и пешкири се вклучени во цената. Има паркинг веднаш пред вилата.

 

Дуплекс апартман број 1A (дуплекс 1/4 + 2) – приземје, простран дуплекс.
Дуплекс апартманот има две спални соби со брачен кревет.
Дневна со софа на пуштање, опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.).
Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет, како и  голема тераса со маса и столови.

Апартман број 2А (1/3+2) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Спална со брачен кревет и мал кревет за дете и во кујна уште еден помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Квалитетен мебел, тоалет, кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.).

Апартман број 3А (1/4 ) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица Има спална со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и софа на пуштање. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

Апартман број 1Б (1/3 + 1) – прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море.  Има  спална соба со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

Апартман број 2Б (1/3 + 1) – прв кат, голем, простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море.  Има спална соба со брачен кревет и кујна со помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

Информации

Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

Цените се во евра, уплатата е во денараска противвредност (1евро = 62 мкд).

Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна до плата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.

Сместување во собите е по 14.00 часот,
Напуштање на собите е до 09.00 часот локално време.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 € на ден по студио / апартман.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриен трошоци. туристичката агенција НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој –било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во туристичката агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Услови

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:

– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Политики на Kostas

Удобности

  • Безжичен интернет
  • Забрането пушење цигари
  • Клима уред
  • Под-плочки
  • Фрижидер

Оцени од гости (0 Оцени)

Kostas Јерисос, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло