Цени 2022
Цени по лице на ден – ноќевање со појадок
сместување во | двокреветна соба | трикреветна соба | дете до 5 год | дете 6-10 год |
01-31. Мај | 1500 | 1500 | гратис | 750 |
01-30. Јуни | 1800 | 1800 | гратис | 900 |
01-31. Јули | 1800 | 1800 | гратис | 900 |
01.-31. Август | 1800 | 1800 | гратис | 900 |
01-15. Септември | 1800 | 1800 | гратис | 900 |
16-30. Септември | 1500 | 1500 | гратис | 750 |
Цените се во денари
Во цената Е вклучено:
Ноќевање со појадок
Користење клима уред
Бесплатен безжичен интернет во собите за гости и јавниот простор
Бесплатен паркинг
Туристичка такса
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко/здравствено осигурување
Неспомнати услуги
Услови, информации
Пријавување: по 14:00 часот,
Одјавување: до 10:00 часот
Политка на отказ на резервација:
До 14 дена пред пристигање – бесплатно,
13-07 дена прва ноќ од резервацијата
07-01 ден 100%
За резервација е потребно 30% аконтација, остатокот накасно до 15 дена пред пристигање.
Сместување
Хотелот располага со 39 делукс соби расоредени на 4 ката и 6 апартмани распоредени на 3 ката.
Секоја од собите и апартманите: балкон со поглед кон езерото, брачен кревет со можност за трето легло, клима уред, телевизор, бежичен интернет, мини бар, сеф, директна телефонска линија, сопствен тоалет опремен со фен и пешкири.
Дојран
Дојран е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро.
Градот бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18.000 жители.
Денес името Дојран го носат три населби разместени околу Дојранското Езеро.
Планината Беласица се протега на север од ова природно езеро. Фактот дека оваа низина се отвора на југот ја определува неговата медитеранска клима која се карактеризира со топли и суви лета и свежи, влажни зими.
Се наоѓа на тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Бугарија и Република Грција.
Карактеристично за крајбрежјето на Дојран се рибарските бротчиња и наколни колиби кои се издигнуваат на површината на езерото. Методот на рибарење во овој крај е оригинален и многу стар, кој се изведува со помош на кормораните, галебите и другите птици кои го надлетуваат езерото и ги насочуваат рибите во оградите од трски т.н. мандри каде што тие се собираат во огромни количини. Таткото на историјата, Херодот, го истакнува рибарскиот потенцијал на Дојранското Езеро уште во 5. век п.н.е. Според него, езерото толку многу изобилувало со риба што доколку се остави празна кошна во водата преку ноќ, изутрината ќе биде полна со риби. Денес, најпознатите видови на риба во ова езеро се црвен крап, пастрмка, костреж, јагула.
Дојранското Езеро зафаќа површина од 43.1 km² распределени помеѓу Република Македонија (27.3 km²) и Грција (15.8 km²). На западната страна се наоѓа населбата Нов Дојран, на исток селото Моурес, на север планината Беласица и на југ грчкиот град Дојрани. Езерото има кружна форма и е трето најголемо езеро во Македонија. Езерото за време на Првата Светска Војна било на јужната линија на Македонскиот фронт, а на неговиот јужен брег се одвивала Дојранската Битка помеѓу сојузните Грчки и Британски војски кои напаѓале од југ и Бугарската војска стационирана на рид стотина метри јужно од езерото. Споменик за оваа битка и две гробници за грчките и британските војници денес се наоѓаат на рид неколку стотини метри јужно од езерото.