Цени 2023
-10% попуст за целосна уплата до 31.01.2023
Наем на соба за 5, 7 или 10 ноќевања
термин: | ноќи: | 1/2+1 студио |
24.05-29.05 | 5 | 180 |
29.05-05.06 | 7 | 250 |
05.06-15.06 | 10 | 400 |
15.06-25.06 | 10 | 450 |
25.06-05.07 | 10 | 500 |
05.07-15.07 | 10 | 550 |
15.07-25.07 | 10 | 600 |
25.07-04.08 | 10 | 600 |
04.08-14.08 | 10 | 600 |
14.08-24.08 | 10 | 600 |
24.08-31.08 | 7 | 400 |
31.08-07.09 | 7 | 320 |
07.09-14.09 | 7 | 280 |
14.09-21.09 | 7 | 250 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Напомена:
Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 г.
Во овие студија не е дозволено да се сместуваат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.
Во цената Е вклучено:
5, 7 или 10 ноќевања
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Информации, услови, попусти
На промо цените за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14:00 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09:00 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
http://turist.com.mk/opsti-uslovi-na-patuvanje
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ (прочитајте ги на ликнот)
Превоз
Сопствен превоз или организиран превоз Скопје-Неа Рода-Скопје
Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
Цена на повратен билет:
Возрасен 45 €;
Дете 2-12 год. 35 €
Деца до 2 г. бесплатно (без седиште)
Lazaridis
На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје и прв спрат.
Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна тераса која можат да ја користат сите гости на хотелот, а во хотелот има можност за појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа „Voulitsa“ која уште на првата средба ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот).
На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа „Komitsa“, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.
Неа Рода
Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека… Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина
Соби
Соба бр. 41 – Студио 1/2+1 (види)
Двокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1) Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер.Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има поглед на море.
Напомена: Приземјето е на исто ниво со терасата на хотелот.
Соба бр. 42 - Студио 1/2+1
Двокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1) Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер. Терасата е со нормална големина, пластична маса и столчиња и има поглед на море и природа.
Напомена: Приземјето е на исто ниво со терасата на хотелот.
Соба бр. 43 - Студио 1/2+1
Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1) Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер. Терасата е со нормална големина,
со пластична маса и столчиња и има поглед на море и прекрасно природно опкружување.
Соба бр. 44 - Студио 1/2+1
Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден помошен кревет со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1) Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има купатило со сопствен бојлер. Терасата е со нормална големина, опремена е со пластична маса и столчиња и има поглед на море и прекрасно природно опкружување. Напомена: Приземјето е на исто ниво со терасата на хотелот.
Корисни информации
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.