TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Lina

Достапни соби

1/4 Апартман-море

Максимално гости:
4

1/4 Апартман со страничен поглед према море ( четирикреветен апартман)
Сите соби се опремени со: кујна (со прибор за онолку лица според број на легла, фржидер со комора, шпорет со фурна, електрично ѓезве), тоалет со туш када и фен, клима (бесплатно), телевизор (4 македонски канали) бесплатен безжичен интернет, гардеробер, терасии со тенди за сонце и масичка со столчиња.

1/4 Апартман-град

Максимално гости:
4

1/4 Апартман со поглед према град ( четирикреветен апартман)
Сите соби се опремени со: кујна (со прибор за онолку лица според број на легла, фржидер со комора, шпорет со фурна, електрично ѓезве), тоалет со туш када и фен, клима (бесплатно), телевизор (4 македонски канали) бесплатен безжичен интернет, гардеробер, терасии со тенди за сонце и масичка со столчиња.

1/4 студио

Максимално гости:
4

1/4 студио ( четирикреветнио студио)
Сите студија се опремени со: кујна (со прибор за онолку лица според број на легла, фржидер со комора, шпорет со фурна, електрично ѓезве), тоалет со туш када и фен, клима (бесплатно), телевизор (4 македонски канали) бесплатен безжичен интернет, гардеробер, терасии со тенди за сонце и масичка со столчиња.

1/3 студио

Максимално гости:
3

1/3 студио ( трикреветно студио)
Сите студија се опремени со: кујна (со прибор за онолку лица според број на легла, фржидер со комора, шпорет со фурна, електрично ѓезве), тоалет со туш када и фен, клима (бесплатно), телевизор (4 македонски канали) бесплатен безжичен интернет, гардеробер, терасии со тенди за сонце и масичка со столчиња.

Вила
ГРЦИЈА
Метаморфосис
Metamorfosi 630 78, Greece
070 202 777, 047 202 777
GOLDEN BEACH
7 ноќи

Цени 2023

 

Цени за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

термин од 1/3
студио-море
1/4
студио-море
1/4 апартман-
странично море
1/4
апартман- море
13.05-20.05 80 90 100 100
20.05-27.05 100 100 120 140
27.05-03.06 150 160 170 190
03.06-10.06 200 220 240 280
10.06-17.06 260 290 320 340
17.06-24.06 300 340 360 380
24.06-01.07 330 360 380 420
01.07-08.07 380 420 460 500
08.07-15.07 420 450 490 550
15.07-22.07 420 450 490 550
22.07-29.07 420 450 490 550
29.07-05.08 420 450 490 550
05.08-12.08 420 450 490 550
12.08-19.08 420 450 490 550
19.08-26.08 370 400 450 480
26.08-02.09 290 330 370 390
02.09-09.09 220 260 290 320
09.09-16.09 150 170 200 250
16.09-23.09 110 120 140 160
23.09-30.09 90 100 120 140

Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 62,00 мкд.

Во цената Е вклучено:
7 ноќвања во студио или апартман
Безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување- задолжително е да се има
Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице место;
Неспомнати услуги
Личен трошок на патникот

Услови за рана резервација:
Уплата 30% од износот на аранжманот;
Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

Резервации и плаќање:
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот;

Попусти:
За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
Попустите не се комбинираат, не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
На промо цените нема попуст, за нив цената не се намалува доколку клиентите користат сопствен превоз;

Напомени:
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата.
Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите;

 

Превоз

 

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина;
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

Цената само за превоз: Скопје-Ситонија-Скопје изнесува:
45 € возрасни
35 € деца од 2 – 12 години
Бесплатно за деца до 2 години (не користи седиште)

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Опис

Вила ЛИНА се наоѓа во центарот на местото, на 70 м. од песочната плажа.
Располага со студија и апартмани, со големи тераси, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекасниот парк. Комплетно е реновирана пред 2 години.
Сите студија и апартмани се опремени со: кујна (со прибор за онолку лица според број на легла, фржидер со комора, шпорет со фурна, електрично ѓезве), тоалет со туш када и фен, клима (бесплатно), телевизор (4 македонски канали) бесплатен безжичен интернет, гардеробер, терасии со тенди за сонце и масичка со столчиња.

Плажа  70 метри од прекрасна песочна плажа.

 

Услови

 

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 5% попуст на последниот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 г. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на Т.А. Турист.

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

GPS

 

ГПС Координати:

 

Политики на Lina

Удобности

  • Балкон
  • Безжичен интернет
  • Забрането пушење цигари
  • Клима уред
  • Под-плочки
  • Телевизор
  • Фен
  • Фрижидер

Оцени од гости (0 Оцени)

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации не се  прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, ([email protected]) ...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777, 070 202 777, 070 307 999
или пишете на [email protected] за да ве информираме околу достапноста соби....
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација:
Ваш е маил и телефони задолжително
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на децата)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата,
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата,
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во објектот.
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет.
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање....
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичката агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

Lina Метаморфосис, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло