Цени 2023
За целосна уплата до 25 Mарт 2023 / гратис ПОЛУПАНСИОН ( означени дати со * )
хотел ALEGRIA FENALS MAR 3*
Цените се по лице – ноќевање со појадок
термини | Во 1/2 | Во 1/2+1 | 1во дете 2-11,99 |
08.06.2023 * | 499 | 459 | 449 |
14.06.2023 | 499 | 459 | 449 |
29.06.2023 | 589 | 519 | 519 |
13.07.2023 * | 569 | 519 | 499 |
03.08.2023 | 669 | 569 | 569 |
24.08.2023 * | 539 | 489 | 469 |
07.09.2023 * | 529 | 479 | 460 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62,00 мкд
ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија за термините: 08 Јуни, 13 Јули, 24 Август, 07 Септември
ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи до 25.03. или до пополнување на капацитетите.
Редовна доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија: НП+ 50€ / Деца 25€
хотел ALEGRIA MARINER 4*
Цените се по лице – ноќевање со појадок
термини | Во 1/2 | Во 1/2+1 | 1во дете 2-11,99 | 2ро дете 2-11,99 |
08.06.2023 * | 529 | 479 | 399 | 399 |
14.06.2023 | 539 | 469 | 419 | 419 |
29.06.2023 | 629 | 529 | 499 | 499 |
13.07.2023 * | 589 | 529 | 439 | 439 |
03.08.2023 | 699 | 669 | 499 | 499 |
24.08.2023 * | 559 | 519 | 429 | 429 |
07.09.2023 * | 549 | 499 | 419 | 419 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62,00 мкд
ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија за термините: 08 Јуни, 13 Јули, 24 Август, 07 Септември
ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи до 25.03. или до пополнување на капацитетите.
Редовна доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија: НП+ 50€ / Деца 25€
Доплата за 6 ПОЛНИПАНСИОНИ во Шпанија: НП+ 90€ / Деца 45€
хотел ALEGRIA PLAZA PARIS 4*
Цените се по лице – ноќевање со појадок
термини | Во 1/2 | Трет возрасен | Четврт возрасен | 1во дете 2-11,99 |
08.06.2023 * | 539 | 469 | 469 | 419 |
14.06.2023 | 539 | 469 | 469 | 419 |
29.06.2023 | 629 | 529 | 529 | 469 |
13.07.2023 * | 669 | 549 | 549 | 469 |
03.08.2023 | 689 | 569 | 569 | 479 |
24.08.2023 * | 549 | 469 | 469 | 419 |
07.09.2023 * | 529 | 459 | 459 | 399 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62,00 мкд
Доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија: НП+ 50€ / Деца 25€
Доплата за 6 ПОЛНИПАНСИОНИ во Шпанија: НП+ 90€ / Деца 45€
хотел ALEGRIA SUN VILLAGE 4*
Цените се по лице – ноќевање со појадок
термини | Во 1/2 | Во 1/2+1 | 1во дете 2-11,99 | 2ро дете 2-11,99 |
08.06.2023 * | 539 | 459 | 399 | 399 |
14.06.2023 | 539 | 459 | 399 | 399 |
29.06.2023 | 619 | 519 | 449 | 449 |
13.07.2023 * | 659 | 549 | 469 | 469 |
03.08.2023 | 669 | 549 | 469 | 469 |
24.08.2023 * | 539 | 469 | 399 | 399 |
07.09.2023 * | 529 | 459 | 349 | 349 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62,00 мкд
Доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија: НП+ 50€ / Деца 25€
хотел METROPOL 4*
Цените се по лице – ноќевање со појадок
термини | Во 1/2 | Во 1/2+1 | 1во дете 2-11,99 |
08.06.2023 * | 569 | 499 | 429 |
14.06.2023 | 619 | 539 | 459 |
29.06.2023 | 699 | 639 | 599 |
13.07.2023 * | 699 | 639 | 599 |
03.08.2023 | 799 | 729 | 679 |
24.08.2023 * | 699 | 639 | 599 |
07.09.2023 * | 619 | 539 | 459 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62,00 мкд
Доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија: НП+ 50€ / Деца 25€
хотел XAINE PARK 4*
Цените се по лице – ноќевање со појадок
термини | Во 1/2 | Во 1/2+1 | 1во дете 2-11,99 |
08.06.2023 * | 519 | 479 | 399 |
14.06.2023 | 529 | 489 | 399 |
29.06.2023 | 749 | 679 | 519 |
13.07.2023 * | 749 | 679 | 519 |
03.08.2023 | 749 | 679 | 519 |
24.08.2023 * | 619 | 569 | 459 |
07.09.2023 * | 499 | 469 | 399 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62,00 мкд
Доплата за 6 ПОЛУПАНСИОНА во Шпанија: НП+ 50€ / Деца 25€
Доплата за 6 ПОЛНИ ПАНСИОНИ во Шпанија: НП+ 90€ / Деца 45€
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео…
6 Ноќевања со појадок / во одбран хотел во Лорет де Мар.
1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (Ница – Кан).
1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето.
Целодневна посета на Верона.
Сместувањеи услуги во дво/тро/четворокреветни соби, според табелата.
Организација и туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
Патничко осигурување: 420 денари (задолжително се плаќа во агенција ( до 60год.).
Туристичка такса за хотели Азурниот брег и Италија: 5€ (задолжително се плаќа во агенција).
Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 €/по лице на ден хотел со 3* / 1,50 €/по лице на ден хотел со 4* (се плаќа на лице место).
Девизен дел, сервис на локалната Шпанска агенција: 25 € по лице.
Задолжителен пакет излети Азурен брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 30 € по лице.
Доплата за еднокреветна соба: 50% плус од цената, (задолжителна резервација и плаќање во агенција).
Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.
Девизниот дел, задолжителниот пакет излети Азурен брег, избор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Еднаш пријавен излет, нема можност за откажување.
НАПОМЕНИ:
Редовната цена на аранжманот после 25 Март, се зголемува за 50€ по лице.
Задолжителна АКОНТАЦИЈА при пријавување: 30%од вредноста на аранжманот.
Останатиот износ се плаќа најдоцна 14 ден пред поаѓање.
За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица
Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната
КОВИД 19 Протокол: Агенцијата континуирано ги следи протоколите за влез во земјите од програмата. За истите ги известува сите заитересирани патници.
НП – Ноќевање со појадок, Полупансион – (појадок + вечера), Полн Пансион ( појадок+ручек+вечера)
Распоредот на излети и посети може да претрпи измени
Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени
Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата, предност постари лица.
Со доплата од 10 € по лице, може да се одбере број на слободно седиште.
Сите други услови на патување важат според Општите услови за патување на СКТМ
Патникот има обврска да ја провери сатницата и местото на поаѓање, 48ч. пред терминот на поаѓање.
Пакет аранжман со АВТОБУС
Термини: 08, 14, 29 Јуни, 13 Јули, 03, 24 Август, 07 Септември 2023
1 ден СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА:
Состанок на групата во 12.00ч. Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку граничен премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден ВЕНЕЦИЈА – ВЕНЕТО Регија:
Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.
Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР:
Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.
4– 10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне. Престој 6 ноќевања со појадок или 6 полупансиони или 6 полни пансиона.
За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI,FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…
10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.
11 ден АЗУРЕН БРЕГ: Кан – Ница
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.
Кан, – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета.
Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.
Ница, – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како ‘Belle Epoque”.
Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya. Слободно време за индивидуални прошетки.
Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег. Ноќевање.
12 ден АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ – МОНАКО:
Појадок.Ги сместуваме стварите во автобус. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег, на монденскиот полуостров Cap Ferat каде се наоѓа вилата на Ephrussi de Rothschild, местата Villefranch –sur-Mer, Beaulie-sur-Mer и средновековниот град ЕЗ и посета на најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Можност да купите парфеми по фабрички цени.
Продолжуваме кон Монако: Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океаногравскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички. Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула 1.
Слободно време за индивидуални прошетки и посети. Во попладневните часови се упатуваме кон центарот на МОНТЕ КАРЛО за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и прочуени Казина.
Во вечерните часови, поаѓање кон Македонија. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, граничен премон Табановце, со попатни паузи за одмор.
13 ден МАКЕДОНИЈА:
Пристигнување во вечерните часови.
Шпанија
Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала”, со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар наКоста Брава – ЛОРЕТ ДЕ МАР+++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона….
Општи напомени
* За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
* Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa
* По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
* Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
* Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е …… (во зависност од факултативата).
* Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување
* Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
* Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд
* Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непредвидени трошоци.
* Седиштата во авионот/автобусот се определуваат автоматски во систем според датумот и редоследот на уплата.
* Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
* Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
* Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
* Поради државни или верски празници или реновирање на одредена дестинација и локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
* Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата во држава во која се патува транзит или каде се реализира аранжманот, и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите низ кои се поминува (транзит) при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
* Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената
* За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност а со важност се и се применуваат
Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )