12% попуст за резервација направена до 31.01.2023 целосна уплата до 04.02.2023
Цени 2023
Цената е за НАЕМ на АПАРТМАН за 8 дена 7 ноќевања
термини | Апартман 1/3 | Апартман 1/3+1 |
24.05-31.05 | 139 | 159 |
31.05-07.06 | 179 | 199 |
07.06-14.06 | 279 | 319 |
14.06-21.06 | 319 | 349 |
21.06-28.06 | 359 | 379 |
28.06-05.07 | 409 | 429 |
05.07-12.07 | 479 | 509 |
12.07-19.07 | 479 | 509 |
19.07-26.07 | 479 | 509 |
26.07-02.08 | 509 | 539 |
02.08-09.08 | 509 | 539 |
09.08-16.08 | 509 | 539 |
16.08-23.08 | 459 | 489 |
23.08-30.08 | 369 | 399 |
30.08-06.09 | 279 | 299 |
06.09-13.09 | 219 | 239 |
13.09-20.09 | 189 | 209 |
20.09-27.09 | 149 | 169 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Користење клима уред 5€ на дени
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Попустите не може да се комбинираат,
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети)
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
Превоз
Информации; со цени, време на поаѓање, град, места на поаѓање до/од Јонски брег секојa СРЕДА:
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ за Јонски брег
време на поаѓање | град | место на поаѓање | цена |
01:00 | Скопје | Дрводекор – трансфер | 55 € |
01:45 | Велес | Бензинска пумпа, мотел Македонија – трансфер | 55 € |
00:45 | Штип | Паркинг пред пошта – трансфер до Велес | 65 € |
03:20 | Прилеп | Бензинска пумпа Лук Оил – трансфер | 55 € |
04:00 | Битола | Автобуска станица Транскоп – на перон | 55 € |
03.15 | Ресен | Спроти автобуска станица – трансфер | 60 € |
02:30 | Охрид | Бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола – трансфер | 60 € |
02.15 | Струга | Хотел Дрим – трансфер до Битола | 60 € |
02:45 | Кичево | Бензинска пумпа Пуцко Петрол – трансфер | 65 € |
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
Попуст за превоз по лице:
Дете од 2-11,99год 10 € од редовната цена за возрасен
Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Опис
Вила Луиза се наоѓа на прва линија од плажа, располага со трокреветни и четворокреветни апартмани сите со поглед на море.
Сите апартмани се со комплет опремена кујнa, сопствен тоалет, телевизор, безжичен интернет, и клима (се доплаќа 6 € на ден)
Апартманите 1/3+1 се лоцирани на приземје, први и втори спрат имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и 1 единечен кревет, плус софа во кујна.
Апартман 1/3 лоцирани на први и втори кат, две простории, спална со еден брачен и еден единечен кревет и засебна кујна.
ГСП координати
39°11’02.4″N 20°32’20.4″E
Важни информации
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот (или како е нагласено во понудата)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.