Цени 2021
Цени по ЛИЦЕ на ДЕН
сместување | услуга | 01.05-31.05 01.10-31.10 |
01.06-14.06 15.09-30.09 |
01.07-31.08 |
Standard room | BB | 25 € | 25 € | 30 € |
Standard room | AI | 44 € | 44 € | 50 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Попусти, доплати:
Дете до 4,99 – бесплатно
Дете 5-11,99 со 2 возрасни во соба 50% попуст
Дете 5-11,99 со 1 возрасен во соба 30% попуст
Доплата за еднокреветна соба + 60% од цената
Трет возрасен на допл легло -20% од цената
Доплата за СЕ ВКЛУЧЕНО (AI) за возрасен и дете 5-11,99 / 14 € по лице на ден
Во цената Е вклучено:
Услуга по избор: ноќевање со појадок или се вклучено (по избор)
Користење клима уред
Користење безжичен интернет
Паркинг
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Неспомнати услуги
Информации, услови, попусти
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ
Хотел
Хотелот е класифициран со 4*и нуди најсовремени услови, тераса со поглед на море, градина опкружена со зелени борови, надворешен базен, чадори на сопствена приватна плажа, бар со поглед на море, менувачница, клима, безжичен интернет, паркинг, итн..
Во ресторанот се подготвуваат традиционални, меѓународни и медитерански специјалитети, пица.
Во собите: клима, тоалет, сателитска телевизија, фрижидер и балкон.
Адреса
Shkembi i Kavajes, SH4, Durrës
+355 52 261 115
Важни информации
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во собата е дозволено сместување на лица согласно резервацијата и ваучерот.