-5 % попуст за резервации и уплати до 01.03.2023
Цени 2023
Наем на студио за 8 дена 7 ноќевања
Термини | 1/4 aпартман |
20.05-27.05 | 150 |
27.05-03.06 | 220 |
03.06-10.06 | 290 |
10.06-17.06 | 330 |
17.06-24.06 | 390 |
24.06-01.07 | 450 |
01.07-08.07 | 500 |
08.07-15.07 | 580 |
15.07-22.07 | 580 |
22.07-29.07 | 580 |
29.07-05.08 | 600 |
05.08-12.08 | 580 |
12.08-19.08 | 580 |
19.08-26.08 | 500 |
26.08-02.09 | 450 |
02.09-09.09 | 400 |
09.09-16.09 | 330 |
16.09-24.09 | 240 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење безжичен интернет
Клима уред
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз (доплата за организиран превоз)
Патничко осигурување
Задолжителна туристичка такса 0,50 € по соба на ден (се плаќа во агенција)
Важни напомени:
Цените означени со црвено се промо, не следува попуст.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла
Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот / минибусот
Секој патник има право на 1 куфер 20 кг, и 1 торбица до 7 кг багаж
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.
За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на втората смена.
Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди:
Грчкиот стандард за единечен кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет 145-155 см со 180-190 см.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
Превоз
Автобуски превоз
2.780 мкд / 45 € за возрасни – повратна карта
2.170 мкд / 35 € за деца 2-12 години – повратна карта
Деца до 2 години бесплатно – не користи седиштe
Превозникот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на промена на цената на горивото.
Мариjа
Вила ” Maria ”е лоцирана во центарот на Неа Флогита 50 метри од плажа, во близина на хотел ”Corfu” .
Вилата располага со четири-креветен апартман (спална соба со два единечни кревети од која се излегува на тараса, тоалет кујна и дневен престој каде што можат да се сместат уште двајца, дневниот престој излегува на тараса и има телевизор со тотал ТВ)
Aпартман бр 5
На високо приземје. Апартман кој располага со две простории. Една спална со два споени кревети и балкон, тоалет и соба со еден единечен кревет, софа, балкон и кујна во истата просторија.
Неа Флогита, туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува градот Неа Мудања, еден од најголемите градови во областа Халкидики.
ГПС
40.258359, 23.213894
Информации
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .
Туристичката агенција не може да гарантира стабилност, брзина на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Пред поаѓање, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на туристичката агенција.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ