Цени 2023
-10% попуст за целосна уплата до 31.01.2023
Наем на соба за 10 ноќевања
термин: | ноќевања: | 1/2 апартман | 1/2+1 апартман | 1/4 апартман | 1/4 апартман (со две соби) |
24.05-29.05 | 5 | 150 | 165 | 200 | 250 |
29.05-05.06 | 7 | 210 | 230 | 280 | 350 |
05.06-15.06 | 10 | 350 | 380 | 450 | 500 |
15.06-25.06 | 10 | 400 | 430 | 500 | 550 |
25.06-05.07 | 10 | 450 | 480 | 550 | 600 |
05.07-15.07 | 10 | 500 | 530 | 600 | 650 |
15.07-25.07 | 10 | 550 | 580 | 650 | 700 |
25.07-04.08 | 10 | 550 | 580 | 650 | 700 |
04.08-14.08 | 10 | 550 | 580 | 650 | 700 |
14.08-24.08 | 10 | 550 | 580 | 650 | 700 |
24.08-31.08 | 7 | 350 | 380 | 400 | 450 |
31.08-07.09 | 7 | 600 | 350 | 380 | 420 |
07.09-14.09 | 7 | 250 | 280 | 320 | 350 |
14.09-21.09 | 7 | 200 | 250 | 280 | 320 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
10 ноќевања
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)
Информации, услови, попусти
Сместување во собите прв ден е после 14:00 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09:00 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа во агенцијата
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
http://turist.com.mk/opsti-uslovi-na-patuvanje
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ (прочитајте ги на ликнот)
Превоз
Сопствен превоз или организиран превоз Скопје-Јерисос-Скопје
Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода
Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
Цена на повратен билет 45 €; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години 35 €…
Цена за билет во еден правец 30 €; деца од 2-12 години 25 €.
Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата.
Напомена:
Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство.
Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети.
Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.
Вила Maria
Вилата Мариа се наоѓа на само 80 од плажата во централниот дел на Јерисос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите се опремени со кујни кои се целосно издвоени од спалните соби, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
Јерисос
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami
Важни информации
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружнико..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас. Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.
Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз
Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да
бара рефундација доколку има разлика во цената
Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ
согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
1/2 Апартман бр 1
Двокреветен апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се влегува во купатилото кое е со нормална големина. Терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата и кон улицата.
1/4 Апартман бр.2
Четирикреветен апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, два кревета на спрат, мебел, телевизор и клима уред. Купатилото е со нормална големина, а терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.
1/4 Апартман бр.3
Четирикреветен апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, два кревета на спрат, мебел, телевизор и клима уред. Купатилото е со нормална големина, а терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.
1/2 Апартман бр.5
Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се влегува во купатилото кое е со нормална големина. Терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата и кон улицата.
1/4 Апартман бр.6
Четирикреветен дуплекс апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење.
Во едната спална соба која е помала има два единечни кревети со нормална големина, мебел и прозор. Во другата спална соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима. Од оваа соба се излегува на пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.
1/4 Апартман бр.7
Четирикреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, два кревета на спрат, мебел, телевизор и клима уред. Купатилото е со нормална големина, а терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.
1/2+1 Апартман бр.8
Трикреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1). Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, еден помал единечен кревет наменет за деца, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се влегува во купатилото кое е со нормална големина. Терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата и кон улицата.