Цени 2023
-10% попуст за целосна уплата до 31.01.2023
Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 10 ноќевања
термини | ноќи | Апартман 1/3 | Апартман 1/5 |
20.05 – 30.05 | 10 | 300 | 500 |
30.05 – 09.06 | 10 | 400 | 600 |
09.06 – 19.06 | 10 | 450 | 650 |
19.06 – 29.06 | 10 | 600 | 800 |
29.06 – 09.07 | 10 | 650 | 850 |
09.07 – 19.07 | 10 | 700 | 900 |
19.07 – 29.07 | 10 | 700 | 900 |
29.07 – 08.08 | 10 | 700 | 900 |
08.08 – 18.08 | 10 | 700 | 900 |
18.08 – 28.08 | 10 | 700 | 900 |
28.08 – 07.09 | 10 | 600 | 800 |
07.09 – 17.09 | 10 | 500 | 700 |
17.09 – 27.09 | 10 | 350 | 550 |
27.09 – 01.10. | 4 | 120 | 200 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената НЕ Е вклучен превоз
Во цената Е вклучено:
10 или 4 ноќевања во апартман
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Користење клима уред,
Патничко осигурување
Доплата за туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)
Напомена:
Услови за рана разервација:
Уплата 50% од износот на аранжманот
Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.
Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата
Информации…
Во студијата е дозволено сместување само на патници кои што се впишани во ваучерот.
Попустите не може да се комбинираат,
Сместување согласно капацитетот на кревети.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација каде може да се паркира автобус.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
Превоз
Доплата за превоз:
45 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
30 € за возрасни и деца – карта во еден правец
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на промена на цената на нафтени деривати и од страна на превозникот.
Опис
Вилата „Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 20 метри од плажата.Располагаме со трокреветен и петкреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од тераситекон морето. Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизории клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Терасите се заштитени со тенди. Сместувачките капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Aпартман бр 1
Апартман 1/3
Трикреветен апартман на прв спрат, во првата просторија трепезариска маса со електричен шпорет со рерна, аспиратор, фрижидер со комора, основни садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се продолжува во друга која не е одделена со врата во која има еден единечен кревет, телевизор и клима уред (бесплатно користење) и се излегува на тераса, тенда и страничен поглед на море и директен поглед на улица. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е издвоена со врата. Опремена е со еден дупли кревет и има прозор. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр 2
Апартман 1/5
Петкреветен апартман на прв спрат. Во првата просторија еден единечен кревет, а од истата просторија се влегува во издвоен дел каде има трепезариска маса и тука се сместени мини електричен шпорет со рерна, фрижидер со комора, садови за готвење и јадење. Просторијата има прозор. Од првата просторија се влегува до две посебни спални соби издвоени со врати. Тука има по еден дупли кревет, мебел, телевизор и клима уред (бесплатно користење). Терасата е заштитена со тенда, има страничен поглед на море и директен поглед на улица. Купатилото е со нормална големина.
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Патниците студиото/апартманот првиот ден го превземаат по 14:00 часот,
Последниот ден напуштање на студиото/апартманот е до 09:00 часот наутро.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот
Попустите не може да се комбинираат,
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети)
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Услови за “early booking”: За резервација е потребно 50% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.( кои користат превоз )
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )