Цени 2023
10% попуст за резервации направени до 28.02.2023, со 30% уплата при резервација,
ДОПЛАТА до 100% до 03.03.2023
Наем на студио за 8 дена 7 ноќевања
период | 1/2 студио | 1/3 студио | 1/4 студио |
20.05 – 27.05 | 59 | 79 | 109 |
27.05 – 03.06 | 109 | 119 | 129 |
03.06 – 10.06 | 149 | 169 | 209 |
10.06 – 17.06 | 179 | 199 | 229 |
17.06 – 24.06 | 229 | 259 | 289 |
24.06 – 01.07 | 289 | 309 | 329 |
01.07 – 08.07 | 339 | 369 | 399 |
08.07 – 15.07 | 339 | 369 | 399 |
15.07 – 22.07 | 339 | 369 | 399 |
22.07 – 29.07 | 339 | 369 | 399 |
29.07 – 05.08 | 369 | 422 | 389 |
05.08 – 12.08 | 369 | 422 | 389 |
12.08 – 19.08 | 339 | 369 | 399 |
19.08 – 26.08 | 269 | 289 | 309 |
26.08 – 02.09 | 230 | 259 | 279 |
02.09 – 09.09 | 209 | 229 | 259 |
09.09 – 16.09 | 179 | 199 | 219 |
16.09 – 23.09 | 129 | 149 | 159 |
23.09 – 30.09 | 99 | 109 | 119 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Користење клима уред 6€ на ден за соба
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 145-155 см со 180-190 см.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
Превоз
Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до ПИЕРИА секоја САБОТА:
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа | време на поаѓање | цена |
Скопје – Дрводекор | 04:00 | 40 € |
Велес – БП мотел Македонија | 04:30 | 40 € |
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес | 03:40 | 55 € |
Неготино – бензинска, Неготино | 05:00 | 40 € |
Граничен премин – бензинска Шимов | 06:00 | 40 € |
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа | време на поаѓање | цена |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04:00 | 35 € |
Прилеп – БП Селида, трансфер до Битола | 03:15 | 35 € |
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола | 02:15 | 40 € |
Кичево – БП Пуцко Петрол, трансфер до Битола | 02:45 | 45 € |
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола | 02:30 | 40 € |
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола | 03:15 | 40 € |
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно
Релациите кои се наведени како (трансфер во МКД) се реализираат со патнички возила или комбe
Опис
Вилата се наоѓа близина на центарот на Лептокарија, на втор ред од плажа, на 50м од плажа, опкружена во зеленило и големи сенки од чинари, за оние кој сакаат свежи пријатни ноќи, во мирен дел на туристичкото место, идеална за оние кој посегнуваат по мирен одмор, и за оние кои патуваат со сопствен превоз има можност за паркирање возила пред вилата. Располага со убаво уредени двокреветни трокреветни и четворокреветни студиа. Сите студиа се опремени со бања, комплетна кујна, прибор за јадење и готвење, ТВ, клима уред (не е вклучен во цена-5€ на ден), тераса со маса и столици, нема тенди. Кога се одвива смената на термините, и кога доаѓаат или заминуваат патниците, во дворот се поставени маси и столици за чекање, исто така има и тоалет на располагање.
Димензиите на креветите во апартманите и студијата во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 145-155 см со 180-190 см
Лептокарија, сместена во прегратките на планината на 12-те богови Олимп се уште го навраќа сеќавањето на убавите времиња поминати покрај нејзините плажи. Лептокарија денес е прекрасен град кој изобилува со прекрасни објекти за сместување, изградени според високите стандарди на туризмот. Видно изменетата инфраструктура само го надополнува севкупниот впечаток за нејзината туристичка понуда. Освен со убавата плажа овој град има и големата пешачка зона, шеталиште, голем убав парк со прекрасно зеленило, многу хотели, ресторани, кафе барови и продавници како и со добро познатото гостопримство на неговите жители.
Информации
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.