TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Hotel Mona

Достапни соби

Хотел
4 ѕвезди
СРБИЈА
Златибор
1 ноќи

Цени за период: 01.10 – 26.12.2019

Ноќевање со појадок по лице на ден

Single Standart Room 75 €
Single Comfort Room 85 €
Single Superior Room 95 €

Ноќевање со појадок по лице на ден

Double Apartment Classic 93 €
Double Apartment Mona 118 €
Дополнително легло 27 €

Ноќевање со појадок по лице на ден

Double Apartment Classic 93 €
Double Apartment Mona 118 €
Дополнително легло 27 €


Услови:

Појадок и вечера се служат на шведска маса
(доколку во хотелот има помалку од 30 лица-оброците се служат на сет-мени)
СПА центар – бесплатно
Туристичка такса 1,20 € по лице од ден
Хотелско осигурување 0,20 €  по лице од ден.
Деца до 7 г.не плаќат сместување во соба со 2 возрасни лица.
Деца 7-12 г. во соба со 2 возрасни лица плаќат по 17 € по дете.

 

Хотелот Златибор Мона им нуди на гостите 120 пространи и топли простории и апартмани, опремени со сите модерни удобности потребни за целосен одмор и релаксација, вклучувајќи тоалет, кабловска телевизија со над 40 канали, сеф, мини бар, фен, телефон и бесплатен интернет. Сите сместувачки единици во хотелот Златибор Мона се климатизирани.

Standard soba – 20 м2
Француски кревет или два разделени кревети
Телевизор со дијаметар од 51 см
Кабловска телевизија
Мини бар
Телефон
Tоалет
Клима
Сеф
Фен
Безжичен интернет

Капацитет: 1-2 лица

Komfort soba – 26-30м2
Француски кревет или два разделени кревети
Еден или два дополнителни кревети
ЛЦД телевизор од 82 см
Кабеловска телевизија
Мини бар
Телефон
Клима
Тоалет
Сеф
Фен за коса
Безжичен интернет

Капацитет: 1-4 лица

Superior soba – 30 м2
Француски кревет или два разделени кревети
Еден дополнителен кревет 1,20 x 2м
ЛЦД телевизор од 82 см
Кабеловска телевизија
Мини бар
Телефон
Тоалет
Клима
Сеф
Фен за коса
Безжичен интернет

Капацитет: 1-4 лица

Apartman Klasik – 35-40м2
Спална соба и дневна соба
Француски кревет во спалната соба
Гарнитура за седење
ЛЦД телевизор од 82 см
Кабеловска телевизија
Мини бар
Телефон
Тоалет
Кошница со овошје секој ден
Клима
Сеф
Фен за коса
Безжичен интернет
Бањарка и папучи
Сауна и турска бања ГРАТИС

Капацитет: 1-3 возрасни (или 2 возрасни и 2 деца)

Apartman Mona – 45-50м2
Спална соба и дневна соба
Француски кревет во спалната соба
Гарнитура за седење и спиење во дневната соба
ЛЦД телевизор од 82 см
Кабеловска телевизија
Мини бар
Телефон
Тоалет
Кошница со овошје секој ден
Клима
Сеф
Фен за коса
Безжичен интернет
Бањарка и папучи
Сауна и турска бања ГРАТИС
Здравствена капсула x1 (по возрасно лице)
Ексклузивен дизајн на ентериерот

Капацитет: 1-4 лица

Опкружен со прекрасни борови дрвја, во центарот на Златибор – се наоѓа хотелот Златибор Мона. Златибор е планински туристички центар и здравствено одморалиште, 700-1500м надморска височина, во југозападна Србија…
Внатрешноста на хотелот е внимателно избрана и креирана за да им понуди на гостите,  мешавина од традиционални и модерни елементи, дрвени облоги и најдобрите ткаенини во топли тонови, совршена планинска атмосфера за сите сезони.

Покрај сместувањето, хотелот нуди многу опции за одмор, забава и оброци, како што се конгресен центар со 500 места, ресторани Перун, Вила и Лада Бар, Детската соба на Моника и комплетно опремениот Велнес центар – достапен за сите гости за време на нивниот престој.
Inspirium Wellness Center е ексклузивен комплекс за рекреација, релаксација и сеопфатна ревитализација на вашето тело и ум. Инспириумот се протега на над 1200м2 прекрасно уреден простор, во кој има велнес објекти кои ја интегрираат филозофијата на Ориентот со техниките и технологијата на Западот.
Велнес центарот вклучува сауна и парна соба, базен и топли релаксирачки базени, фитнес центар и специјални простории за масажи и третмани.
Работно време на велнес центарот петок и сабота: 08:00 – 23: 00 часот
Работно време на велнес центарот за сите други денови: 08:00 – 22:00 часот
Велнес е достапен за деца до 12 години од 08:00 – 18:00 часот

Политики на Hotel Mona

Удобности

  • Безжичен интернет
  • Интернет во заеднички простории
  • Клима уред
  • Конференциска сала
  • Лекар на повик - доплата
  • Лоби
  • Мини бар-доплата
  • Парна бања
  • Сауна
  • Сеф во собата
  • Снек бар
  • Телевизор
  • Фитнес сала
  • Централно греење

Оцени од гости (0 Оцени)

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации НЕ СЕ прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, факс...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста.
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација
Ваш е маил, факс и телефони ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на детето)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата, се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата, доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во хотелот
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на хотелот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на домакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција, на веб-страницата, или кај домаќинот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет. (услуга која ја имате платено)
Вашите скапоцености, вредни предмети, документи Ве молиме оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на хотелот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои се услуги со плаќање....
Гостинот ја надоместува вредноста на штетата во целост во согласност со условите и документите на хотелот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред и безбедност во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во хотелот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на хотелот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичка агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правилата и условите на хотелот/аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во хотелот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.
   

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

Hotel Mona Златибор, СРБИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло