TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Montekatini

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Хотел
ИТАЛИЈА
Монтекатини

Неповторливо доживување на Тосканската Ривиера
Летување во Монтекатини Терме на наубавите плажи на Тосканскиот и Етрурскиот брег
Монтекатини Терме- Марина ди Биббона-Болгхери- Виареггио -Лукка -Чинкве Терре-Ливорно-Тиррено-Фиренца

 

Запознајте го совршениот спој на традицијата и историјата, откријте ги тајните на фамилијата Медичи, културното богатство, совршените предели полни со разнобојна флора и мирисни чемпреси кои со право ги одбрале Брунелески, Донателло, Микеланџело, Леонардо Да Винчи, Ботичели… Надополнете ја оваа невообичаена тура со посета на најубавите плажи на Лигурското Море и Етрурскиот брег, како и бајковитиите италијански села на стрмната страна на Левантската ривиера… Незаборавно патување кое ќе го почувствувате со сите свои сетила!

 

Монтекатини 2023

Прв ден: 26.08.2023 (сабота) – Кавадарци-Скопје-Монтекатини Терме
09:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 11:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Италија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце.Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 27.08.2023 (недела) – Монтекатини Терме
Во пладневните часови пристигнување во Монтекатини, мал италијански град сместен во областа Пистоја, во состав на Италијанската покраина Тоскана. Сместување во хотелот „Cappelli“3* (https://www.hotelcappelli.it/).Слободно време за одмор од патувањето. Во попладневните часови организиран разглед на Монтекатини Терме, најпопуларната дестинација во Италија која секоја година ја посетуваат околу милион туристи. Градот во кој живеат повеќе од 20.000 луѓе се наоѓа во долината на реката Арно и е познат по своите природни минерални извори кои се откриени уште за време на Римјаните. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Трет ден: 28.08.2023 (понеделник) – Монтекатини Терме-Марина ди Биббона-Болгхери-Монтекатини Терме
Појадок. Организирано заминување на групата кон Марина ди Биббона, познато летувалиште на Етрурскиот брег во близина на Ливорно каде се наоѓаат најубавите песочни плажи. Слободно претпладне за плажа. Во попладневните часови продолжуваме низ познатата авенија на чемпреси долга пет километри која ќе не` однесе до шармантното село Болгхери каде ќе имате можност да уживате во преубавиот поглед на морето и да шетате низ малите калдрмисани улици преполни со продавници за вино. Тука ќе имате можност да купите некое од прочуените тоскански вина меѓу кои најпознато е Tenuta San Guido. Во договореното време враќање назад во хотелот во Монтекатини. Ноќевање.

Четврти ден: 29.08.2023 (вторник)- Монтекатини Терме-Виареггио-Лукка-Монтекатини Терме
Појадок. Организирано заминување кон Виареггио, едно од најубавите летувалишта на Тосканската ривиера. Од едната страна го заплискуваат брановите на Лигурското Море, а од другата белите мермерни врвови Масса Царрара, па со право го нарекуваат Бисер на Лигурското Море. Слободно време за плажа. Во договореното време заминуваме кон еден од најубавите градови во Тоскана-Лукка,карактеристичен по тесните улички и средновековните градби. Градот е целосно заобиколен со 4 километри долги, добро сочувани ѕидини. Обиколка на историскиот центар на градот: плоштадите Наполеоне, Амфитеатро и Сан Микеле, како и родната куќа на познатиот композитор Џакомо Пучини. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме во хотелот во Монтекатини. Ноќевање.

Петти ден: 30.08.2023 (среда)- Монтекатини Терме-Чинкве Тере-Монтекатини Терме
Појадок. Заминуваме на целодневен организиран излет на Чинкве Тере, Национален Парк во чиј состав се пет живописни села кои се сместени на стрмниот брег на левантската ривиера. Тука, меѓу карпестите стени и камените брегови во малите села поврзани со козја патека малубројните жители-главно рибари, лозари и овчари сеуште живеат на традиционален начин, изолирани од модерниот свет. Во средиштето на малиот залив се наоѓа селото Монтероссо ал Маре со куќи во облик на кула, потоа Верназза изградено на височината околу Црквата Света Маргарита Антиохијска од 13. Век. Корниглиа се наоѓа на ридот опкружен со винова лоза и со своите 300 жители е најмало село кое се спушта до самото море. Слободно време за плажа. Во договореното време се враќаме во хотелот во Монтекатини. Ноќевање.

Шести ден: 31.08.2023 (четврток)- Монтекатини Терме-Ливорно-Плажа Тиррено-Монтекатини Терме
Појадок. Организирано заминување кон Ливорно, град кој со право го нарекуваат Тосканска Венеција. Поради каналите низ кои секојдневно пловат мали бродови овој град го нарекуваат град на каналите. Разгледување на Ливорно: Старата тврдина изградена во шеснаесетиот век, Катедралата или Дуомо Ливорно од 16. Век, Нова Венеција-единствен дел кој по Втората Светска Војна го сочувал архитектонските градби и историските споменици, палати и цркви. Слободно време за индивидуални прошетки. Потоа заминуваме кон Тиррено каде имаме слободно време за плажа. Во договореното време се враќаме во хотелот во Монтекатини. Ноќевање.

Седми ден: 01.09.2023 (петок)- Монтекатини Терме-Фиренца-Скопје-Кавадарци
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Фиренца во престолнината на Италија која благодарејќи на моќната банкарска фамилија Медичи ја има сочувано најбогатата уметничка ризница во која живееле и работеле Леонардо, Микеланџело, Донатело, Макијавели, Данте, Бокачо…Разгледување на еден од најсликовитиот градови во Италија од времето на ренесансата: Piazza Santa Maria Novela, Piazza della Signoria, катедралата Santa Maria del Fiore, крстилницата извоното на Giotto , родната куќа на Dante, Ponte Vechio, Palazzo Uffici . Слободно време за индивидуални прошетки низ преубавата Фиренца. Во доцните попладневни часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во сабота, 02.септември во доцните попладневни часови.

 

Промотивна цена за уплата до 28.06.2023…..479 € (29.700 денари)

Цена на аранжманот………499 € (30.940 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус
Пет ноќевања со појадок во хотелот „Cappelli“ 3* во Монтекатини
Организиранa посета и разглед на сите места вклучени во програмата
Билет за воз за Чинкве Тере
Лиценциран туристички водич
Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Доплата за еднокреветна соба – 100 €
Туристичка такса – 10 € за сите 5 ноќевања (се плаќа во агенцијата)
Патничко осигурување

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Важни информации

Сите Ваши лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата-договорот, дадените податоците од вас мора да се точни како во пасошот.
Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна-изјава на клиентот.
Неправилното пополнување на податоците (име, презиме, дата на раѓање, адреса) може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот.
Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава.
Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот.
Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата.
Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот,
Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро.
Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект.
Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот

Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски)  145-155 см со 180-190 см.

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Агенцијата не сноси одговорност за неточно дадени информации за резервацијата од страна на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за односот на граничните и царинарски служби, авиокомпании, автобуски и железнички транспортни компании и не ги обесштетува туристите, независно дали поради тоа туристите пропуштиле дел од услугата или целата услуга.
Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали.
При штети кои што се нанесуваат во објектите/хотелите конретниот извршител или извршители ја прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот објектот/хотелот.
Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на објектот/хотелот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за проблеми поврзани со сместување на домашни миленици, ако не е пријавено во писмена форма и одобрено сместувањето од агенцијата при изработка на резервацијата.

Патничко осигурување е задолжително е да се има (информации во агенцијата)
Одговорноста е Ваша доколку го немате.

Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите од понудата-безжичниот интернет не е задолжителен дел од опремата во собата, апартманот, студиото….
Во описите на сместувањето јасно е назначено дали сместувачките капацитети имаат wi fi. Ако објектот има wi fi, тоа не значи достапност на мрежата во собите, може рутерот да се наоѓа во заедничките простории (лоби, простор за прием….).
Исто така во Грција, wi fi е генерално слабо (особено на островите), зошто има голем број корисници, и затоа има слаб проток.
Агенцијата не превзема одговорност во случај на прекин на интернетот во текот на сезоната поради какви било околности:
дефекти, раскинување на договорот со провајдерот од страна на сопственикот и обратно и слично.

По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Во случај агенцијата да не ја добие сумата за направената резервација во предвидениот и договорен рок или до 7 дена пред нејзиниот почеток, постои правото резервацијата да биде анулирана, а сите трошоци кои прозилегуваат од условите за глоба се на Ваш товар.
Резервацијата која сте ја направиле е валидна само кога сте платиле аванс или во целост и ви е предаден ваучер од наша страна на наведен од Вас факс или е маил.
Секоја анулација од Вас на конкретна резервација треба да биде направена во писмен вид во агенцијата каде е платена резервацијата.
При резервации се уплаќа аванс од 30-50% од вредноста на аранжманот, (ако не е поинаку предвидено) а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот

Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

За резервации со попуст (рани попусти – EB):
При резервација e потребна уплата од минимум 30-50% од цената на аранжманот-резервацијата.
Останатиот дел од износот, треба да се доплати најдоцна до датата определена за попуст.
Уплатениот износ од 30-50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.

За резервации по понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;

Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само со целосна уплата на услугите;

Информацијата за услугите и конфорот кои што секој објект/хотел ги нуди се осигурани од самите објекти/хотели, а агенцијата само нив ги прикажува.
Фотографиите од сместувачките капацитети се од повеќе соби, студиа, апартмани, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

Во случај на причинета материјална штета, корисникот ја надоместува штетата на лице место или по пријава од објектот за материјалната штета за време на престојот.
Објектот/хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во објектот/хотелот

Туристичката агенција не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи на патникот исто и задолжителното патничко осигурување се обврска на патникот.
Пасошот треба да е со важност 3-6 месеци по датата на престојот во соодветната држава. ( во зависност од државата во која се престојува, инфо треба да има во понудата-аранжманот)

Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.

Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси…
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот/хотелот на сместувањето.
Секој патник има право на превоз на 1 куфер багаж до 20 кг и 1 торбица рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи и багаж.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:

– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Политики на Montekatini

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

Montekatini Монтекатини, ИТАЛИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло