Апартман со една сплана соба 60 м2
2 кревети во спалната соба, 1 софа кревет во дневната соба
One bedrom app
- Максимално гости:
- 2
- Максимален бр. на деца:
- 2
Апартман со една сплана соба 60 м2
2 кревети во спалната соба, 1 софа кревет во дневната соба
Луксузните соби 20 м2
Цените се по лице на ден – се вклучено
АЗАЛИА
сместување | во соба | Недела-четврток | Петок и сабота |
Двокреветна соба | 2+0 | 43 | 48 |
Едноспален апартман | 2+2 | 54 | 59 |
Двоспален апартман | 4+1 | 43 | 48 |
Триспален апартман | 6+1 | 43 | 48 |
ОРХИДЕА
сместување | во соба | Недела-четврток | Петок и сабота |
Двокреветна соба | 2+0 | 38 | 41 |
Едноспален апартман | 2+2 | 49 | 53 |
Двоспален апартман | 4+1 | 38 | 41 |
Триспален апартман | 6+1 | 38 | 41 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Напомени, доплати !!!!!
Деца до 5.99г бесплатно
Прво дете од 0-13.99год. на дополнително легло – бесплатно
Второ дете од 6г-13.99 год. на дополнително легло – 50% попуст
Дете на редовно легло до 13.99г плаќа 50% попуст од сумата
Возрасен на дополнително легло – 30 % попуст од сумата
Важно: За сместување во двоспален апартман се плаќаат 4 редовни суми
Важно: За сместување во троспален апартман се плаќаат 6 редовни суми
Доплата за еднокреветна соба +50% од редовната двокреветна соба
Во цената Е вклучено:
Ноќевање АLL Inclusive / се вклучено
(Појадок, ручек, ужина, вечера, неограничени локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе и чај од 10:00 до 22:00)
Користење внатрешен базен
Џакузи
Сауна
Парна бања
Фитнес
Детски кат
Интернет
Паркинг
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. 1€ по лице на ден
Личен трошок на патникот
10% попуст за резервации до 15.11.2022
*Бонуси: 7=6 за период на престој 01.12-22.12.2022 и 15.01-28.01.2023 и 05.03-15.04.2023
*Бонусите и попустите за рана резервација важат за полупансион, не важат за доплатите за се вклучено
*Бонусите и попустите за рана резервација се комбинираат
Цените се по лице за 1 ноќевање / услуга полупансион
АЗАЛИЈА | |||||
сместување | капацитет | 01.12-22.12.2022 05.03-15.04.2023 |
23.12-25.12.2022 03.01-14.01.2023 29.01-18.02.2023 |
29.12-02.01.2023 миним. 3 ноќи |
26.12-28.12.2022 15.01-28.01.2023 19.02-04.03.2023 |
DBL room | 2+0 | 36 € | 45 € | 66 € | 42 € |
One bedroom APP | 2+2 | 44 € | 54 € | 73 € | 49 € |
Two bedrooms APP | 4+2 | 36 € | 45 € | 66 € | 42 € |
Three bedrooms APP | 6+2 | 36 € | 45 € | 66 € | 42 € |
ОРХИДЕЈА | |||||
One bedroom APP | 2+2 | 38 € | 48 € | 68 € | 45 € |
Two bedrooms APP | 4+2 | 30 € | 40 € | 60 € | 36 € |
Three bedrooms APP | 6+2 | 30 € | 40 € | 60 € | 36 € |
Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
Во цената е вклучено :
Појадок и вечера
Транспорт до жичарница (по распоред)
Користење на внатрешен базен
Џакузи
Сауна
Фитнес
Детски кат
Интернет
Паркинг
Доплата за ALL INCLUSIVE: возрасен 14€ , дете од 6-13.99 год. 7€
(појадок, ручек, ужина, вечера, неограничени локални пијалоци од 10-22 часот)
Дополнителни услови, информации :
Деца до 5.99 год. – бесплатно
Прво дете од 6-13.99 г. на дополнително легло во едноспален апартман – бесплатно
Второ дете од 6-13.99 г. на дополнително легло во едноспален апартман – 50% попуст
Дете од 6-13.99 г. на редовно легло во двокреветна соба – 50% попуст
Возрасен на дополнително легло плаќа + 50% од редовната цена
За сместување во двоспален апартман се плаќаат 4 полни суми, во троспален апартман се плаќаат 6 полни суми .
Доплата за новогодишна вечера : возрасни 85€, дете од 6-13.99 год.- 45€ (задолжително)
Доплата за туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден
Сместување по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање до 12:00 ч. (локално време)
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Личен трошок на патникот
Неспомнати услуги
Туристичка такса
Соби АЗАЛИЈА : 20 м²
Луксузните соби се наоѓаат во главната зграда на комплексот АЗАЛИЈА.
Гостите на хотелот кои избираат да престојуваат во АЗАЛИЈА имаат удобен пристап до СПА-центарот и другите содржини на објектот и можат да имаат корист од дополнителни услуги, како што се собна услуга и мини бар.Повеќето соби имаат заеднички балкон.
Сите соби имаат тоалет, бања или туш и се опремени со луксузни козметички комплети, кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон….
Апартмани АЗАЛИЈА 60 м²
Апартман со една сплана соба
2 кревети во спалната соба, 1 софа кревет во дневната соба
Сместен во главната зграда на комплексот во АЗАЛИЈА, апартман со една сплана соба има пространа дневна соба, за седење софа, кујна со фрижидер и машина за перење, апарат за чај / кафемат. Некои апартмани имаат заеднички балкон со соседниот апартмани.
Во сите апартмани има: тоалет, бања или туш и се опремени со луксузни козметички комплети. кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон….
Соби ОРХИДЕЈА 20 м²
Зградата Орхидеја се наоѓа на 30 метри од зградата Азалија во градината на комплексот.
Повеќето соби имаат имаат заеднички балкон.
Сите стандардни соби имаат: тоалет, бања или туш и се опремени со луксузни козметички комплети, кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон….
Апартмани ОРХИДЕЈА 60 м²
Апартман со една сплана соба
2 кревети во спалната соба, 1 софа кревет во дневната соба.
Сместен во зградата на Орхидеа, на 30 метри од зградата Азалија во градината на комплексот, овој апартман има пространа дневна соба,кујна со фрижидер и машина за перење…
Некои апартмани имаат заеднички балкон со соседниот апартман.
Сите апартмани имаат тоалет, бања или туш и се опремени со луксузни козметички комплети,
комплети, кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон….
Хотелот е во 2012 година избран за најдобар планински клуб хотел.
И од сам почеток е омилен хотел на многумина и зато е достоен конкурент на многу хотели од регионот и пошироко. Хотелот им нуди на своите гости одлични можности за релаксација, удобност и спокојство.
Хотелот Мурите Клуб се состои од 4 тематски згради со прекрасни имиња на егзотични цвеќиња: Азалија, Орхидеја, Камелија и Јасмин.
Хотелот е извонреден по својата извонредна архитектура и прекрасен ентериер.
Во зграда Азалија има:
рецепција, лоби бар со камин, детско игралиште, СПА центар, продавница, ресторан, ноќен бар, салата за игри, конференциската сала….
За љубителите на спортот има фитнес центар, како и 2 игралишта, 22/44м и мини игралиште.
Основен ресторан
Класичниот ресторан на хотелот се состои од две пространи сали со вкупен капацитет од 250 лица. Ресторанот импресионира со својата пријатна и софистицирана атмосфера, атрактивен ентериер и богата разновидност на национална и интернационална кујна. Во летниот период, ресторанот ја отвора својата летна градина, која нуди прекрасен поглед на хотелската градина и отворениот базен. За клиентите со услуга се вклучено во ресторанот се нуди појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и пијалоци.
Хотелот им нуди на своите гости ресторан-градина со комплетно модернизирана зимска и летна емисија за готвење. Можноста да забележите како вашата храна се подготвува во отворена кујна гарантира незаборавно искуство. Палачинки и омлети за појадок; пица, хамбургери, свежи тестенини, суши, печен зеленчук, месо и риба подготвени од нашите готвачи се мал дел од богатата палета и асортиман на нашиот ресторан.
Енотека Хал
За оние кои претпочитаат услуга и софистицирани менија, салата Енотека Хал на хотелот со капацитет од 35 седишта нуди богато мени од гурмански јадења и стилски список со вино во софистицирана и пријатна атмосфера.
Лоби бар
Лоби барот на хотелот има 30 места, и нуди широк избор на алкохолни и безалкохолни пијалоци, коктели и слатки. Во зимските месеци, можете да уживате во тивка музика и да ја почувствувате топлината на каминот, да вкусите ароматично кафе, освежителен пијалок …..
Во непосредна близина е игротека за деца.
Пиано бар
Piano барод има капацитет од 50 места и е погоден за финиш навечер во пријатно друштво, се организираат и караоке забави.
Бар за базен
Барот се наоѓа до надворешниот базен во хотелскиот комплекс и е совршено место за одмор и релаксација, (во летниот период) .
Ресторан-градина
Хотелот им нуди на своите гости ресторан-градина со комплетно модернизирана зимска и летна емисија за готвење. Можноста да забележите како вашата храна се подготвува во отворена кујна гарантира незаборавно искуство. Палачинки и омлети за појадок; пица, хамбургери, свежи тестенини, суши, печен зеленчук, месо и риба подготвени од нашите готвачи се мал дел од богатата палета и асортиман на нашиот ресторан.
СПА центар
Модерно дизајнираниот СПА центар на хотелскиот комплекс е на површина од 1000м2 и е совршено место за релаксација и грижа за вашата убавина и здравје.СПА центарот нуди третмани со високо квалитетни козметички производи.
Можете да уживате во амам, романтичен џакузи, бања Клеопатра, топла када, вулканска камена масажа, третмани за тело со чоколадо, мед, млеко, есенцијални масла, екстракти од грозје, терапии за лице, третмани за бременост и многу повеќе, термо зоната на хотелот е место за целосно опуштање, блаженство на сетилата и закрепнување од стресното секојдневие и акумулираниот стрес. На располагање на гостите од комплексот се и: био-сауна, мирисна парна бања, област за релаксација, фитнес сала
Базени
Хотелот располага со 3 базени:
Полу-олимписки затворен базен (20м х 11м) со голем џакузи до термо зоната и СПА центарот.
Отворен базен за возрасни во градината на комплексот веднаш до пул барот и малиот детски базен.
Пред да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано. |
Усни барања за резервации НЕ СЕ прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, факс... |
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777 |
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста. |
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата. |
Потребно за валидна резервација |
Ваш е маил, факс и телефони ЗАДОЛЖИТЕЛНО |
Број возрасни |
Број деца (задолжително возраст на детето) |
Презиме и Име за сите учесници |
Број на пасош за сите учесници |
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници |
Адреса на живеење за сите учесници |
За кој објект/аранжман е резервацијата |
дата ОД |
ДО дата |
избор на СОБА (со соодветен број легла) |
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата, се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата, доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден. |
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. |
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. |
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. |
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. |
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. |
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. |
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот. |
Правила и услови за престој во хотелот |
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин. |
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на хотелот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на домакинско однесување во истиот. |
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција, на веб-страницата, или кај домаќинот. |
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време) |
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време. |
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет. (услуга која ја имате платено) |
Вашите скапоцености, вредни предмети, документи Ве молиме оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф) |
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на хотелот, одговорноста е на гостинот . |
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот.... |
Информирајте се на рецепција кои се услуги со плаќање.... |
Гостинот ја надоместува вредноста на штетата во целост во согласност со условите и документите на хотелот (ако има штета) |
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот. |
Со цел да се обезбеди ред и безбедност во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример: |
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл. |
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл. |
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено. |
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено. |
Отстранување и поместување на мебел од просториите. |
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога... |
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено. |
Оштетување на хотелскиот имот. |
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено. |
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица. |
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено . |
Не е дозволен престој во хотелот на домашни миленици. |
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот |
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка. |
За предвремено напуштање на хотелот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат. |
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите |
Услови за туристичка агенција и гостинот |
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање |
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање. |
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правилата и условите на хотелот/аранжманот) |
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот |
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. |
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во хотелот и потпис од гостинот. |
Напомена: |
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места. |
ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА |
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува. |
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора. |
Патната исправа мора да биде потпишана. |
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа. |
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат. |
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија. |
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи. |
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА |
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет. |
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА: |
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат. |
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА: |
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви. |
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ: |
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата. |
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА: |
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства. |
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО: |
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури. |
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА: |
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит. |
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи www.mfa.gov.mk |