TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

NATASSA VALENTINO 7 ноќи

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Вила
ГРЦИЈА
Полихроно
Polychrono 630 85, Greece
070 202 777, 047 202 777
PAPADOPULOS
7 ноќи

Цени

Цените се за НАЕМ на СТУДИО/АПАРТМАН  за 7 ноќевања

термини ноќевања 1/3+1 апп 1/4  дуплекс
19.05 – 26.05 7     81*     91*
26.05 – 02.06 7   111*   121*
02.06 – 09.06 7 161 181
09.06 – 16.06 7 241 261
16.06 – 23.06 7 321 361
23.06 – 30.06 7 351 381
30.06 – 07.07 7 371 401
07.07 – 14.07 7 391 431
14.07 – 21.07 7 411 431
21.07 – 28.07 7 431 461
28.07 – 04.08 7 431 461
04.08 – 11.08 7 431 461
11.08 – 18.08 7 431 461
18.08 – 25.08 7 391 421
25.08 – 01.09 7 351 371
01.09 – 08.09 7 271 291
08.09 – 15.09 7 211 231
15.09 – 22.09 7   151*   171*
22.09 – 29.09 7     81*     91*

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања во студио,(по избор)
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Доплата за туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

Напомена:
Цените обележани со *се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.

Превоз

Во цената не е вклучен превоз. Повратен билет до Полихроно чини:

Цена по лице за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
Скопје (Дрводекор)  35€
Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес  40€
Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово  40€
Неготино (бензинска Неготино)  35€
Удово (бензинска Удово)  35€
Граничен премин (бензинска Шимов)  35€

Цена по лице за превоз од Битола за Халкидики: (по лице)
Битола – (Автобуска Станица Транскоп на перон) 30€
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола  30€
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола  35€
Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола  35€
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола  35€
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола  30€

Деца од 2 до 11,99 г.попуст од редовната цена 10€ за Скопје, 15€ за Битола и Прилеп
Деца до 1,99 години бесплатно
Возрасно лице над 63 год- попуст 10€

Саатница на поаѓање СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
03:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
05:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
04:00 Скопје (Дрводекор)
04:30 Велес (БП мотел Македонија)
05:00 Неготино (БП Неготино)
05:40 Удово (БП Удово)
06:00 Граничен премин ( БП Шимов)

Саатница на поаѓање БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
04:00 Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
03:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
02:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
02:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
02:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
03:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

Поаѓање од ГРЦИЈА:
15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.

Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.

Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Опис

Една од најпопуларните вили во Полихроно, сместенa на 90 метри од плажа и на 800 метри до центарот на градот. Погодна  за семејства со деца. Прекрасен зелен двор со лежалки, маси, играчки за деца, гарнитура за седење, скара, како и заграден паркинг исклучиво за гостите на вилата.
Одалеченост:

Солунски аеродром: 87км
Ханиоти: 5км
Пефкори: 9км
Калитеа: 11км
Центар на Полихроно 800м
Организирана плажа со лежалки, кафе / пијалоци и водни спортови: 150 метри (пеш) !!!

Сместување

Сместувачките единици на овој објект, се состојат од класични апартмани 1/3 + 1 и 1/4 дуплекс.
Апартманите 1/3 + 1 се сместени на сутерен, прв и на втор спрат, 1/4  дуплексите се сместени на сутерен.
Сите апартмани во вилата имаат купатило, телевизор, клима, безжичен интернет (вклучени во цената), кафемати, комарници, бебешко креветче (по потреба).
Предвидено е секојдневното одржување на хигиената во вилата  од задолжено лице за тоа.

1/3 +1 Апартман: се наоѓаат на сутерн и втор спрат.
Составени се од  комплет опремена кујна со шпорет и комбиниран фрижидер, кревет на развлекување погоден за 1 возрасен и 1 дете, спална соба со два стандардни кревети, од која се излегува на тераса, тоалет, телевизор, клима, безжичен интернет, кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна …
(можност за сместување на 3 возрасни и 1дете до 12 г. ).

1/4  дуплекс: се наоѓаат на сутерен.
Две одвоени спални соби (едната со француски лежај, другата со два стандардни кревети), кујна,  безжичен интернет, кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна ….
(можност за сместување на 4 возрасни)

Сутерен  (бр. 1 , 2 , 3)
2 дуплекс (2возрасни +2деца или 4 возрасни)
1 апартмани 1/3+1 (2возрасни +2деца)

бр.1  спална + 2 посебни кревети  (Д)
бр.2  спална + 1 на развлекување (А)
бр.3  спална + 2 посебни кревети (Д)

II  спрат (бр. 6, 7) 

2 апартмани 1/3+1 (2возрасни +2деца)
две тераси (напред и назад)  од кои едната тераса е со поглед на море

бр.6  спална со  2 оделни кревети+ 1 со спуштање  (А) поглед на море
бр.7  спална со  2 оделни кревети+ 1 со спуштање  (А) поглед на море

Услови

Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Патниците студиото/апартманот првиот ден го превземаат по 14:00 часот,
Последниот ден напуштање на  студиото/апартманот е до 09:00 часот наутро.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат
При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот
За уплата на два или повеќе термини одобруваме 7% попуст на последниот термин,
Попустите не може да се комбинираат,
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 г. во кревет со родител,
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Важат Општите услови на Т.А. Турист.

GPS

GPS Кординати:  40.020721, 23.519095

Политики на NATASSA VALENTINO 7 ноќи

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

NATASSA VALENTINO 7 ноќи Полихроно, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло