TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

OLIVA 7 ноќи

Достапни соби

1/3 студио

Максимално гости:
3

1/3 студио ( трикреветно студио)
Сите соби имаат мини кујни, телевизор, балкон, клима (доплата од 5€ на ден),
Во вилата има трикреветни студија на втор спрат ( со две единечни легла + софа на спуштање)

1/2 студио

Максимално гости:
2

1/2 студио (двокреветно студио) два разделени кревети
Сите соби имаат мини кујни, телевизор, балкон, клима (доплата од 5€ на ден),
Во вилата има двокреветни соби лоцирани на први спрат (сите со две единечни легла)

Вила
ГРЦИЈА
Парга
Αγίου Αθανασίου 53, Parga 480 60, Greece
070 202 777, 047 202 777
FIORE
7 ноќи

Цени

Цените се за СОБА во € без попуст

термин ноќи студио 1/2 студио 1/3
22.05 – 29.05 7     89 €*     99 €*
29.05 – 05.06 7     99 €*   109 €*
05.06 – 12.06 7   129 €*   149 €*
12.0 – 19.06 7 199 € 219 €
19.06 – 26.06 7 269 € 289 €
26.06 – 03.07 7 289 € 309 €
03.07 – 10.07 7 329 € 359 €
10.07 – 17.07 7 399 € 439 €
17.07 – 24.07 7 429 € 469 €
24.07 – 31.07 7 429 € 469 €
31.07 – 07.08 7 429 € 469 €
07.08 – 14.08 7 429 € 469 €
14.08 – 21.08 7 429 € 469 €
21.08 – 28.08 7 379 € 419 €
28.08 – 04.09 7 329 € 359 €
04.09 – 11.09 7 289 € 309 €
11.09 – 18.09 7 209 €  219 €
18.09 – 25.09 7   139 €*    149 €*
25.09 – 02.10 7     89 €*      99 €*

Цените се во € плаќањето е во денарска противвредност 1€ = 62 денари.
Во цената НЕ Е вклучен превоз

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено
Превоз,
Патничко осигурување
Доплата за туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за клима уред 5€ на ден

Напомена:
Цените обележани со се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.

Превоз

Време на поаѓање и цена по лице за превоз од Македонија за Парга (секоја среда):

00:45 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес 50€
01:00 h Скопје (Дрводекор)  45€
01:45 h Велес (бензинска мотел Македонија) 45€
02:30 h Кавадарци (бензинска Макпетрол, Дреново) 45€
03:20 h Прилеп (бензинска Салида) -Трансфер до Битола 45€
04:00 h Битола (Пред спортска Сала) 40€
02.15  h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола 45€
02:30 h Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола 45€
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола 45€
02:45 h Кичево (бензинска Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола 45€

Деца од 2 до 11,99 г. попуст 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно

Време на заминување од Грција:

Бус Лефкада (времињата се по Македонско време)
Агиос Никитас 12.30 ч / Нидри 13.00 ч
Никиана 13.30 ч / Канали 14.15 ч

Бус Парга-Врахос
Врахос 13.00 часот /Амудиа 13.15 часот / Парга 13.45 часот

ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје-Parga/Vrahos/Kanali/Ammoudia (525 км)
Скопје-Битола (E75/Е65), Битола-Kozani (E65),
Kozani-Igumenitsa(E90), Igumenitsa-Sivota-Parga-Vrahos-Kanali (E55)
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
Патарини MK (180 ден), патарини GR 5,80 €

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместувањето.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.

Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Опис

Вила Олива се наоѓа во мирен дел на Парга, идеален за оние кој сакаат да избегаат од гужва на 900м одалеченост од центарот на Парга или најблиската Писо Крионери е на 750м оддалеченост.
Вилата нуди и базен во склоп на нејзиниот двор, паркинг само за 6 возила (не го гарантираме).

Плажа:
750 метри од градската плажа.

Сместување:
Сите соби имаат мини кујни, телевизор, балкон, клима (доплата од 5€ на ден),
Во вилата има двокреветни соби лоцирани сите на први спрат (сите со две единечни легла) и трикреветни на втор спрат ( со две единечни легла + софа на спуштање)

Услови

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Услови за “early booking”:
За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.  

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
Попустите не може да се комбинираат,
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Во студио/апартман е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Патниците студиото/апартманот првиот ден го превземаат по 14:00 часот,
Последниот ден напуштање на  студиото/апартманот е до 09:00 часот наутро.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.
По завршувањето на Вашиот престој должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Важат Општите услови на Т.А. Турист.

GPS

ГПС Координати: 39.285143, 20.413761

Политики на OLIVA 7 ноќи

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

OLIVA 7 ноќи Парга, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло