TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

POPPIS 7 ноќи

Достапни соби

1/2 студио

Максимално гости:
2

1/2 студио (двокреветно студио) два споени единечни кревети.
Во студијата: опремена кујна со садови за готвење, клима, телевизор, и тераса.

Вила
ГРЦИЈА
Калитеа
Kon/Poleos 2, Kallithea 630 77, Greece
070 202 777, 047 202 777
MEROPI
7 ноќи

Цени

Цените се по студио за 7 ноќевања во € без попуст

период ноќевања 1/2 студио
18.05-25.05 7    59 *
25.05-01.06 7     89 *
01.06-08.06 7 139
08.06-15.06 7 189
15.06-22.06 7 229
22.06-29.06 7 279
29.06-06.07 7 299
06.07-13.07 7 339
13.07-20.07 7 369
20.07-27.07 7 369
27.07-03.08 7 369
03.08-10.08 7 359
10.08-17.08 7 329
17.08-24.08 7 299
24.08-31.08 7 239
31.08-07.09 7 189
07.09-14.09 7 139
14.09-21.09 7    99 *
21.09-28.09 7    59 *

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари.

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Безжичен интернет
Клима уред

 

Во цената НЕ Е вклучено
Превоз,
Патничко осигурување
Доплата за туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)


Напомена:

Цените обележани со * се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.

 

Превоз

Во цената НЕ Е вклучен превоз, повратен билет до/од Калитеа чини:

Цена по лице за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
Скопје (Дрводекор)   35€
Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес  40€
Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово  40€
Неготино (бензинска пумпа, Неготино)  35€
Удово (бензинска пумпа Удово)  35€
Граничен премин (бензинска пумпа Шимов)  35€

Цена по лице за превоз од Битола за Халкидики:
Битола -Автобуска станица Транскоп – на перон  30€
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола  30€
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола  35€
Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола  35€
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола  35€
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола  30€

Попуст за деца од 2-11,99 г.– од редовната цена
10€ од Скопје,
15€ од Битола и Прилеп
Попуст за возрасни лица над 63 г. 10€ од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште.

Саатница на поаѓање СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
03:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
05:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
04:00 Скопје (Дрводекор)
04:30 Велес (БП мотел Македонија)
05:00 Неготино (БП Неготино)
05:40 Удово (БП Удово)
06:00 Граничен премин ( БП Шимов)

Саатница на поаѓање БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
04:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
03:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
02:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
02:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
02:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
03:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

Поаѓање од ГРЦИЈА:
15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.

Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.

Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Опис

Локација
Вилата се наоѓа на првиот ред на шеталиштето во Калитеа, место со најубавата плажа на Касандра и најбогатиот ноќен живот на краците. Градот со многубројните бутици, продавници, таверни, барови и ноќни клубови се наоѓа над прекрасната плажа до која треба да се спуштите по удолницата или скалите кои водат до неа. Омилено место за одмор меѓу младите.

GPS Координати: 40.075306, 23.447889

Плажа
150 метри од прекрасна, широка, песочна плажа.

Опис на објектот
Има 12 двокреветни студија опремени со 2 споени легла (принцип душек врз душек, како хотелските кревети) опремена кујна со садови за готвење, клима (вклучена во цената), телевизор, и тераса.

1/2 студио: два споени единечни кревети

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа, во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали, Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа на 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето, и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите.

Сите соби се двокреветни со спален кревет, со капацитет само за 2 лица со можност да се смести мало дете до неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и интернет.

GPS Координати: 40°04’31.1″N 23°26’52.4″E

Услови

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Услови за “early booking”:
За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.  

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
Попустите не може да се комбинираат,
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Во студио/апартман е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Патниците студиото/апартманот првиот ден го превземаат по 14:00 часот,
Последниот ден напуштање на  студиото/апартманот е до 09:00 часот наутро.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.
По завршувањето на Вашиот престој должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Важат Општите услови на Т.А. Турист.

Политики на POPPIS 7 ноќи

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

POPPIS 7 ноќи Калитеа, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло