TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Radika Hotel & Spa

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Хотел
5 ѕвезди
МАКЕДОНИЈА
Маврово
Leunovo 1255 , Mavrovo
070 202 777, 047 202 777
1 ноќи


цени по лице
ноќевање со појадок
oд 01 Јуни 2020 дo 01 Декември 2020
тип на соба  1/1 1/2
SUPERIOR 3658 МКД 2418 МКД
JUNIOR SUITE 4402 МКД 2914 МКД
APARTMENT & DUPLEX  APARTMENT 5146 МКД 3410 МКД
Претседателски апартман 12710 МКД 7440 МКД

Сите цени се во македoнски денари по лице со вклучен појадок
– Деца од 0-3,99 години сместени со родителите – гратис
– Деца од 4-11,99 години сместени со родителите 930 мкд оп дете по ноќевање
– Трето возрасно лице во соба 1550 мкд по лице по ноќевање

 

Дополнително се доплаќаат
Ручек 930 мкд по оброк по лице
Вечера – 930 мкд по обрпк по лице

 

Сезона 

цени по лице
ноќевање со појадок
oд 01 Декември 2020 до Април 2021
тип на соба  1/1 1/2
SUPERIOR 4278 МКД 3038 МКД
JUNIOR SUITE 4898 МКД 3658 МКД
APARTMENT & DUPLEX  APARTMENT 5518 МКД 4278 МКД
Претседателски апартман 13578 МКД 7998 МКД

Сите цени се во македoнски денари по лице со вклучен појадок
– Деца од 0-3,99 години сместени со родителите – гратис
– Деца од 4-12 години сместени со родителите 1240 мкд оп дете по ноќевање
– Трето возрасно лице во соба 2170 мкд по лице по ноќевање

 

Дополнително се доплаќаат
Ручек 930 мкд по оброк по лице
Вечера – 930 мкд по обрпк по лице

Висока Сезона

цени по лице
ноќевање со појадок
oд 28.2020 Декември до Јануари 24.2021
тип на соба  1/1 1/2
SUPERIOR 5518 МКД 4278 МКД
JUNIOR SUITE 6138 МКД 4898 МКД
APARTMENT & DUPLEX  APARTMENT 6758 МКД 5518 МКД
Претседателски апартман 17980 МКД 8990 МКД

 

Сите цени се во македoнски денари по лице со вклучен појадок
– Деца од 0-3,99 години сместени со родителите – гратис
– Деца од 4-12 години сместени со родителите 1860 мкд оп дете по ноќевање
– Трето возрасно лице во соба 2728мкд по лице по ноќевање

Дополнително се доплаќаат
Ручек 1178 мкд по оброк по лице
Вечера – 1178 мкд по обрпк по лице

 

 

Пакети – Нова Година 

пакет цена по лице за 2 ноќи – полупнсион oд 31.20 Декември до Јануари 02.21
тип на соба  1/1 1/2
SUPERIOR 20336 МКД 17856 МКД
JUNIOR SUITE 21576 МКД 19096 МКД
APARTMENT & DUPLEX  APARTMENT 22816 МКД 20336 МКД
Претседателски апартман 45260 МКД 27280 МКД

 

Сите цени се во македoнски денари по лице со вклучен појадок
-Пакетот вклучува 2 полупансиони ( 2 ноќи со појадок и вечера ),
Гала вечера со жива музика на 31.12.20 и жива музика на 01.01.20
-Новагодишната гала вечера вклучува храна и пијалоци ( локално пиво, вино , ракија, сокови , вода)
– Деца од 0-3,99 години сместени со родителите – гратис
– Деца од 4-12 години сместени со родителите 8370 мкд за дете 2 ноќи полупансион
– Трето возрасно лице во соба 14756 мкд по лице 2 ноќи полупансион
– Гала вечера за додатни гости кои не престојуваат во хотелот 6200 мкд по лице

 

Пакет – Божиќ

пакет цена по лице за 3 ноќи – полупнсион  валиден пакето од 22-27 Декември 2020
тип на соба  1/1 1/2
SUPERIOR 17298 МКД 12958 МКД
JUNIOR SUITE 20398 МКД 16058 МКД
APARTMENT & DUPLEX  APARTMENT 20398 МКД 16058 МКД
Претседателски апартман 39618 МКД 24118 МКД

 

Сите цени се во македoнски денари по лице со вклучен појадок
-Пакетот вклучува 3 полупансиони ( 3 ноќи со појадок и вечера ),
-Гала вечера со жива музика на 24.12.20
-Божиќна гала вечера вклучува храна и пијалоци ( локално пиво, вино , ракија, сокови , вода)
– Деца од 0-3,99 години сместени со родителите – гратис
– Деца од 4-12 години сместени со родителите 6138 мкд за дете 3 ноќи полупансион
– Трето возрасно лице во соба 11160 мкд по лице 3 ноќи полупансион

 

Вклучено во цената на сместување
–  Туристичка такса
– СПА Фитнесс центар Надворешен базен, Внатрешен базен, Џакузи ,Сауни, Парни бањи
– Приватна кабина со солена вода,  Хамам,  Фитнес центар
– Спорт Бар 500 спортски канали,  билијард,  пикадо
–  Пинг понг, Фудбалче, Внатрешна детска игрална
– Паркинг
– Интернет ИП ТВ
Бесплатен превоз до Ски центарот Заре Лазаревски

 

Напомена !
Сместување по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање до 10:00 ч. (локално време)
Цените НЕ ВАЖАТ за национални и верски празници, семинари, конгреси…


Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк “Маврово”, Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.

Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располага со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.


Политики на Radika Hotel & Spa

Удобности

  • Базен - внатрешен
  • Базен - надворешен
  • Балкон
  • Бањарка
  • Бар базен
  • Безжичен интернет
  • Бесплатен паркинг
  • Вратар
  • Забрането пушење цигари
  • Интернет во заеднички простории
  • Кафе бар
  • Клима уред
  • Конференциска сала
  • Лежалка на базен
  • Лоби
  • Механа
  • Мини бар-доплата
  • Основен ресторан
  • Парна бања
  • Појадок
  • Сауна
  • Сеф на рецепција-доплата
  • Телевизор
  • Фен
  • Фитнес сала
  • Централно греење

Оцени од гости (0 Оцени)

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации не се  прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, ([email protected]) ...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста соби....
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација:
Ваш е маил и телефони задолжително
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на децата)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата,
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата,
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во објектот.
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет.
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање....
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичката агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

Radika Hotel & Spa Маврово, МАКЕДОНИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло