TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Rimini

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Хотел
ИТАЛИЈА
Римини

Римини 2023

Поаѓањето од Македонија е ден пред започнување на аранжманот.
Термините се од денот на пријавување, а од терминот на одјавување.
Патувањето е со автобус во текот на ноќните часови. Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија. Со редовни попатни застанувања за тоалет, храна и одмор.
Поаѓање од Скопје е во 13:00 часот.

1 ден
Пристигнувањето во Римини е предвидено во утринските часови. Со самото пристигнување групата ги остава куферите во хотелот и има слободно време за одмор. Прием на хотелските соби е по 14:00 часот.
2 ден
Појадок во хотелот. Појадокот е вклучен во цената на аражманот.
Ручек и вечера, гостите може да си нарачат дирекно во ресторанот на хотелот со плаќање на лице место.
Слободно време за уживање на долгите песочни плажи.

3 ден
Појадок во хотелот. Групата ќе добие совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости и слично.

4 ден
Појадок во хотелот. Можност за организирање факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете на крај на понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

5 ден
Појадок во хотелот. Слободен ден за плажа, прошетки, разгледи..

6 ден
Појадок во хотелот. Слободен ден за плажа, прошетки, разгледи..

7 ден
Појадок во хотелот. Слободен ден за плажа, прошетки, разгледи..

8 ден
Појадок во хотелот. Слободен ден за плажа, прошетки, разгледи..

9 ден
Појадок во хотелот. Слободен ден за плажа, прошетки, разгледи..

10 ден
Појадок во хотелот и одјавување во 09;00 ч од хотелските соби.
Поаѓање кон Македонија.
Почитувани патници имајте предвид дека турите кои ги организираме се нискобуџетни и автобускиот превоз е во кружни тури. Што значи тоа, тоа значи дека со вашето одјавување, треба да бидат подготвени собите за влез на новата група. Нашиот автобус во меѓувреме се чисти и се подготвува за враќање назад, нашите шофери и туристички придружници при самото пристигнување добиваат слободни соби за одмор за враќање назад.
Предвидено време за враќање кон Македонија: 18:00 часот.

11 ден
Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности. Пристигнување во Македонија во доцните попладневни часови

Информации за Римини !

Аранжманот ви овозможува 10 дена на море! 10 дена присуство на песочна плажа која е долга 15 километри.
Градот Римини чувар на многу историски знаменитости и објекти изградени за време на античката Римска империја. Многу од овие објекти постојат и денеска, а прошетка низ градот ќе ве врати назад во историјата.
Ќе престојувате на втор ред од масивна песочна плажа, за која туристите велат дека и „нема крај“.
Посетете бесплатен „Аква Парк“ гратис од агенцијата. Аква паркот се нарекува Beach Village, на плажа број 136.
Во Римини има 7 плажи кои се со слободен влез и каде што можете да си поставите вие пешкири бесплатно.
За полесно да ги најдете истите доволно е на Google Maps да го напишете следното: Spiaggia libera Rimini и самата мапа ќе ве однесе до првата плажа која што не се наплаќа.
Првата слободна плажа е на околу 400м од хотелот каде што сте сместени веднаш до плажа број 99.
Имате можност да ја посетите државата Сан Марино која се наоѓа недалеку од градот Римини.
Денеска, регионот е атрактивна туристичка дестинација не само поради одличната пристапност, туку и поради бескрајната разновидност на активности и атракции во текот на целиот ден и цела ноќ. Долгите и песочни плажи ги привлекуваат туристите, а плажите се погодни за семејства со деца. Овде привлекува и локалната кујна од локалното население. Римини е бисер кој треба да се посети, не залудно Римини е познато и како родното место на познатиот италијански режисер Федерико Фелини.

Хотел Naica 3*+

Сместувањето во Римини е во хотелот Naica кој е хотел со 3+ ѕвезди и ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи.
Хотелот е на само 250 метри од плажата, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.
Двокреветни соби, трикреветни соби со можност да се додаде четврто легло. (дел од 1/4 собите се со кревети на спрат)
Бесплатен безжичен интернет, клима уред, рецепција, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.
Во собите: телевизор, тоалет, дел од собите имаат и балкони, (сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.
Хотелот има одлична локација, веднаш до плажа, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.

01.07 – 10.07.2023

1/4 1/3 1/2
320€   / 19.840 мкд 350€  /  21.700 мкд 390€  /  24.180 мкд

10.07 – 19.07.2023

1/4 1/3 1/2
320€   / 19.840 мкд 350€  /  21.700 мкд 415€  /  25.730 мкд

19.07 – 28.07.2023

1/4 1/3 1/2
320€   / 19.840 мкд 350€  /  21.700 мкд 429€  /  26.598 мкд

28.07 – 06.08.2023

1/2 1/3
429€   / 26.598 мкд 429€   / 26.598 мкд

06.08 – 15.08.2023

1/4 1/3 1/2
320€   / 19.840 мкд 350€  /  21.700 мкд 429€  /  26.598 мкд

15.08 – 24.08.2023

1/3 1/2
350€  /  21.700 мкд 415€  /  25.730 мкд

24.08 – 02.09.2023

1/3 1/2
389€  /  24.118 мкд 389€  /  24.118 мкд

Аранжманот за деца до 12 г. изнесува 299 € за сите аранжмани

Во цената Е вклучено:
9 ноќевања со вклучен појадок во хотел Naica во Римини
Автобуски превоз на релација Македонија-Римини-Македонија
Туристички придружник и организација за време на одморот
Бесплатни влезници во аква парк

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)
Туристичка такса (околу 2 € од ден по лице и се плаќа за само 7 дена).
Деца под 14 години се ослободени од такса.

Важно
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
Почитувани родители, за вашата желба да отпатувате на одмор со вашите деца со организиран превоз Ви напоменуваме дека деца помали од 8 г. може да имаат проблем при патувањето, времетраењето на оваа патување со автобус е околу 20 часа во еден правец.
Ве замолуваме горе наведеното да го имате предвид при резервацијата на аранжманот.
Аранжманот за деца до 12 г. изнесува 299 € за сите аранжмани.
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 € за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило. Без разлика дали сте редовни патници или патувате првпат. Правилата важат за сите подеднакво.

 

Хотел Globus 3*+

Хотелот е на втор ред од плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.
Има двокреветни соби, трикреветни соби и можност да се додаде четврто легло.
Бесплатен безжичен интернет, рецепција, ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата, има одлична локација, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.
Собите во хотелот имаат клима уред, телевизор, тоалет,  дел од собите имаат и балкони.
(сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот)
Хотелот служи континентален појадок.

01.07 – 10.07.2023

1/2
390€   / 24.180 мкд

10.07 – 19.07.2023

1/2 1/3
415€   / 25.730 мкд 415€   / 25.730 мкд

19.07 – 28.07.2023

1/3 1/4
429€   / 26.598 мкд 429€   / 26.598 мкд

28.07 – 06.08.2023

1/4 1/3
320€   / 19.840 мкд 350€   / 21.700 мкд

06.08 – 15.08.2023

1/2
429€   / 26.598 мкд

15.08 – 24.08.2023

1/4 1/3 1/2
320€   / 19.840 мкд 350€  /  21.700 мкд 415€  /  25.730 мкд

24.08 – 02.09.2023

1/4 1/3
320€   / 19.840 мкд 350€   / 21.700 мкд

Аранжманот за деца до 12 г. изнесува 299 € за сите аранжмани

Во цената Е вклучено:
9 ноќевања со вклучен појадок во хотел Naica во Римини
Автобуски превоз на релација Македонија-Римини-Македонија
Туристички придружник и организација за време на одморот
Бесплатни влезници во аква парк

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)
Туристичка такса (околу 2 € од ден по лице и се плаќа за само 7 дена).
Деца под 14 години се ослободени од такса.

Важно
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
Почитувани родители, за вашата желба да отпатувате на одмор со вашите деца со организиран превоз Ви напоменуваме дека деца помали од 8 г. може да имаат проблем при патувањето, времетраењето на оваа патување со автобус е околу 20 часа во еден правец.
Ве замолуваме горе наведеното да го имате предвид при резервацијата на аранжманот.
Аранжманот за деца до 12 г. изнесува 299 € за сите аранжмани.
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 € за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило. Без разлика дали сте редовни патници или патувате првпат. Правилата важат за сите подеднакво.

 

Факултативи

 

Mirabilandia – Земјата на чудата
Цена за пакет: 37 €
Mirabilandia се наоѓа во Савио (Равена) и е најголемиот воден забавен парк во Италија.
Составен е од две главни области: тематски парк, поделен на седум области и воден парк
Тематскиот парк е полн со зеленило и содржи механички, водни и тематски атракции.
Водениот парк има базени.
До Mirabilandia е водениот парк Mirabeach, вистински карипски тематски парк со прекрасни тематски претстави секој ден!
Цена за влезница: 37 евра за возрасни и 27 евра за деца.
Патниците го посетуваат местото со сопствен јавен превоз

Посета на Сан Марино
Цена за пакет: 20 €
Полудневна автобуска тура до најстарата република во светот. Пешачка тура со лиценциран водич на англиски јазик низ историското јадро на главниот град, дегустација на локални ликери и вина. Во рамките на индивидуалното слободно време постои можност за пазарење во Duty free продавници во бесцаринската зона.
Полудневна тура 14:30 – 19:00 (20 км)
Во цената е вклучено:
Трансфер хотел-Сан марино- Хотел
Придружник
Дегустација на вина и ликери
Слободно време 3 ч.
Со доплата:
Разглед на Сан Марино со водич 15€ на барање слушалки

Посета на Венеција
Цена за пакет: 75 €
Целодневна екскурзија со автобус и брод до најромантичниот град во светот, со овластен водич на англиски јазик. Иако многумина од вас го посетиле овој прекрасен, романтичен град, вреди да доживеете уникатно искуство со тура со брод.
Програма: Поаѓање во раните утрински часови.
Разгледот на градот вклучува посета на плоштадот Свети Марко со базиликата, Кампаниле, мостот Риалто, Мостот на воздишките и многу други. Факултативно можност за возење со гондола.
Цена: 75€ возрасни и 45€ за деца.
Цената вклучува превоз до Венеција и водич

Фиренца – Лулка на уметноста
Цена за пакет: 65€
Целодневна тура до главниот град на ренесансата, со овластен водич на англиски јазик. Фиренца – градот кој се смета за центар на уметноста, каде што најголемите уметници им оставиле наследство на идните генерации, од Данте до Макијавели, од Леонардо до Микеланџело, од Масачо до Донатело. Данте до Макијавели, Леонардо до Микеланџело, Масачо до Донатело.
Поаѓање во раните утрински часови.
Рано утринска обиколка на градот, за време на која ќе ги видите: Пјаца ди Санта Кроче со базиликата, домот на Данте, Пјаца дел Дуомо, надворешноста на базиликата ди Санта Марија во Фиоре, Кампаниле на Џото, Орсанмикеле Кампанил, Орсанмикеле, Пјаца дела Сињорија и Палацо Векио.
Цена: 65 € за возрасен и 45 € за деца

РИМ
Цена за пакет: 110 €
Еднодневна тура со водич на англиски јазик до „големиот град“. Посета на главниот град на Италија и државата Ватикан, седиштето на папите и срцето на католичкиот свет. Легендата вели дека Рим бил основан во 753 п.н.е. и неговото владеење се прошири не само низ Италија, туку подоцна и низ целиот свет, носејќи цивилизација и напредна технологија. По падот на Римската империја, градот останал важен центар на Католичкиот свет, а во подоцнежните векови, благодарение на овој факт, популарно место за создавање значајни уметнички дела.
Програма: Рано наутро поаѓање за Рим, разглед на градот, при што ќе ги видите Колосеумот, Пјаца Венеција, Фонтаната Треви, Пантеон, Пјаца Навона, Плоштадот Свети Петар, Ватикан и базиликата Свети Петар. Можност за индивидуална посета во попладневните часови до Музеите на Ватикан.
Цена: 110 € за возрасни и 55 € за деца.

Пешачка историска тура во Римини
Цена за пакет: 15 €
Оваа тура ќе ви овозможи да ја научите историјата на Римини, да го посетите истражите центарот на градот заедно со локален водич на англиски јазик.
Пешачка тура во градот на познатиот режисер Федерико Фелини, град со историја во 2000 години од антички римски споменици до средновековни замоци.
Тура од 12:00 до 14:00 часот
Во цената е вклучено разглед со водич, слушалки.
Патниците сами пристигнуваат на договорената локација.

Крстарење со брод по Јадранската ривиера
Цена за пакет: 20 €
Полудневни крстарења по Ривиера Ромањола со освежување – риба, леб, вино, забава и танцување на бродот.
Цената варира од 16 до 20 € за возрасен и од 10 до 12 € за деца.

Италија во минијатура
Цена за пакет: 23 €
Италија во минијатура се наоѓа во Висерба (Римини). Минијатура со површина од 85.000 квадратни метри која ви овозможува да ја обиколите должината и широчината на Италија, во неа се сместени 270 споменици кои го претставуваат архитектонско, културно и историско наследство на Италија, како што се Дуомо во Милано, S. Apollinare во Клас во Равена, катедралата Санта Марија дел Фиоре во Фиренца, базиликата Свети Петар и Колосеумот во Рим и Агриџенто на Сицилија. Сите опкружени со повеќе од 5.000 живи дрвја. Идеално место за целото семејство!
Цена 23 € за возрасен и 17 € за дете.
Паркот се посетува со јавен автобуски превоз.

Делфинариум
Цена за пакет: 26 €
Отворен во 2004 година и опфаќа повеќе од 100.000 квадратни метри, Oltremare вклучува аквариуми, отворени простори и атракции. Овој парк успеа да привлече широка публика од сите возрасти.
Во паркот се наоѓа најголемата делфинска лагуна во Европа каде наоѓаме различни морски суштества.
Билетите важат за секој два дена. Сопствен превоз или јавен превоз.
Цена 26 € за возрасни и 20 € за деца.

Аквафан
Цена за пакет: 30 €
Aquafan, еден од најдобрите водни паркови во Италија, особено за објекти и организираност. Овој успех е благодарение и на неделните настани организирани во рамките на паркот.
Билетите важат за секој два дена. Сопствен превоз или јавен автобуски превоз.
Цена 30 € за возрасни и 21 € за деца.
Се посетува со јавен автобуски превоз.

Католички аквариум (аквариум со ајкули)
Цена за пакет: 20 €
Овој аквариум ќе ви овозможи да се запознаете со светот на ајкулите и разни други морски загрезени виводи на риби. Овде има жолти руги, видри, зелени јастреби, виолетовата и воедно најголемата предаторсска ајкула, разни ракови, медузи и риби. Гостите имаат можност да ги хранат дел од рибите.
Цена 20 € за возрасни и 16 € за деца.
Аквариумот се посетува со сопствен автобуски превоз.

Информации

Сите Ваши лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата-договорот, дадените податоците од вас мора да се точни како во пасошот.
Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна-изјава на клиентот.
Неправилното пополнување на податоците (име, презиме, дата на раѓање, адреса) може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот.
Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава.
Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот.
Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата.
Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот,
Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро.
Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект.
Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот

Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски)  145-155 см со 180-190 см.

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Агенцијата не сноси одговорност за неточно дадени информации за резервацијата од страна на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за односот на граничните и царинарски служби, авиокомпании, автобуски и железнички транспортни компании и не ги обесштетува туристите, независно дали поради тоа туристите пропуштиле дел од услугата или целата услуга.
Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали.
При штети кои што се нанесуваат во објектите/хотелите конретниот извршител или извршители ја прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот објектот/хотелот.
Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на објектот/хотелот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за проблеми поврзани со сместување на домашни миленици, ако не е пријавено во писмена форма и одобрено сместувањето од агенцијата при изработка на резервацијата.

Патничко осигурување е задолжително е да се има (информации во агенцијата)
Одговорноста е Ваша доколку го немате.

Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите од понудата-безжичниот интернет не е задолжителен дел од опремата во собата, апартманот, студиото….
Во описите на сместувањето јасно е назначено дали сместувачките капацитети имаат wi fi. Ако објектот има wi fi, тоа не значи достапност на мрежата во собите, може рутерот да се наоѓа во заедничките простории (лоби, простор за прием….).
Исто така во Грција, wi fi е генерално слабо (особено на островите), зошто има голем број корисници, и затоа има слаб проток.
Агенцијата не превзема одговорност во случај на прекин на интернетот во текот на сезоната поради какви било околности:
дефекти, раскинување на договорот со провајдерот од страна на сопственикот и обратно и слично.

По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Во случај агенцијата да не ја добие сумата за направената резервација во предвидениот и договорен рок или до 7 дена пред нејзиниот почеток, постои правото резервацијата да биде анулирана, а сите трошоци кои прозилегуваат од условите за глоба се на Ваш товар.
Резервацијата која сте ја направиле е валидна само кога сте платиле аванс или во целост и ви е предаден ваучер од наша страна на наведен од Вас факс или е маил.
Секоја анулација од Вас на конкретна резервација треба да биде направена во писмен вид во агенцијата каде е платена резервацијата.
При резервации се уплаќа аванс од 30-50% од вредноста на аранжманот, (ако не е поинаку предвидено) а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот

Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

За резервации со попуст (рани попусти – EB):
При резервација e потребна уплата од минимум 30-50% од цената на аранжманот-резервацијата.
Останатиот дел од износот, треба да се доплати најдоцна до датата определена за попуст.
Уплатениот износ од 30-50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.

За резервации по понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;

Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само со целосна уплата на услугите;

Информацијата за услугите и конфорот кои што секој објект/хотел ги нуди се осигурани од самите објекти/хотели, а агенцијата само нив ги прикажува.
Фотографиите од сместувачките капацитети се од повеќе соби, студиа, апартмани, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

Во случај на причинета материјална штета, корисникот ја надоместува штетата на лице место или по пријава од објектот за материјалната штета за време на престојот.
Објектот/хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во објектот/хотелот

Туристичката агенција не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи на патникот исто и задолжителното патничко осигурување се обврска на патникот.
Пасошот треба да е со важност 3-6 месеци по датата на престојот во соодветната држава. ( во зависност од државата во која се престојува, инфо треба да има во понудата-аранжманот)

Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.

Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси…
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот/хотелот на сместувањето.
Секој патник има право на превоз на 1 куфер багаж до 20 кг и 1 торбица рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи и багаж.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:

– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

 

Политики на Rimini

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

Rimini Римини, ИТАЛИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло