TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Ruskovets

Достапни соби

Хотел
4 ѕвезди
БУГАРИЈА
Добриниште
2777 Dobrinishte, Bulgaria
070 202 777, 047 202 777
RIMSKA BANJA
14;00
11;00
2 ноќи

 

Цените се во € за 1 ноќ за апартман или вила (со минимум 2 или 3 ноќевања)

хотел
сместување во капацитет /легла 07.02–06.03.2021 07.03-11.04.2021
Апартман Јуниор 2 редовни + 1 доп. 109 € 97 €
Апартман Сениор 4 редовни + 1 доп. 178 € 160 €
вили
Комфорт со 1 спална 2 редовни + 1 доп. 132 € 117 €
Комфорт фамили 4 редовни + 1 доп. 190 € 170 €
Комфорт фамили лукс 4 редовни + 1 доп. 235 € 209 €

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Во цената Е вклучено:
–  Сместување во избраниот вид соба
–  Појадок и вечера
–  Користење минерален базен во затворен простор, со температура на водата 30 степени.
–  Детски минерален базен во затворен простор, со температура на водата 33 степени.
–  Користење СПА област – парна бања со арома и сол, сауна и топла клупа
–  Користење детско игралиште со аниматор од 09:00 до 18:00 часот
–  Клима
–  Мини сеф во собите
–  Фитнес центар со опрема: техно теретана
–  Трансфер до ски областа Банско / според распоред /
–  Топла гардероба за ски опрема во хотелскиот дел.
–  Секоја вила има шкафче за ски опрема
–  Безжичен интернет во целиот комплекс
–  Бесплатен паркинг. Секоја вила има сопствен паркинг простор
–  ДДВ

Во цената НЕ Е вклучено:
–  Туристичка такса 0,51 €, по турист на ден (се плаќа во хотелот) – задолжително
–  Превоз
–  Патничко осигурување
–  Пијалок за време на оброците ( освен понудата од хотелот )
–  Доплата за користење џакузи на отворено со минерална вода  15 € / час (до 5 лица)
–  Доплата за камин (во сите видови вили) – 8 € за едно полнење.

Доплата за вечера, за лице на дополнително легло
–  Вечера – возрасен 15 €
–  Вечера дете 4-13.99 г. 8 €

Доплата за деца за полупансион
–  Второ дете од 0 -3,99 години сместено во бебешко креветче во сите соби 5 €
–  Второ дете от 4 -13.99 г. сместено на дополнително легло во сите соби 18 €
–  5-ти возрасен во вили Комфор, (кревет за повлекување) 50% од цената за возрасен на редовно легло

Политика на откажување резервација:
-За откажување или промена на резервацијата до 7 дена пред датумот – нема казна
– За откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датумот на сместување 1 ноќ
– Во случај на скратување или одложување на престојот помалку од 7 дена пред датумот на сместување, 1 ноќ
– Откажувањата или промените во резервацијата се бара во писмена форма и мора да бидат потврдени во писмена форма од хотелот.

 

 

Ковид 19
Во заедничките простории на хотелот, рестораните и баровите на територијата на комплексот, ќе се почитува растојанието помеѓу вработените и гостите од 1,5 до 2 м.
На пример, масите во рестораните ќе се сервираат само откако клиентите ќе ги ослободат.
Бројот на гости кои ги посетуваат рестораните ќе биде ограничен со намалување на капацитетот на местата во рестораните и зголемување на растојанието помеѓу масите за околу 1,5 м. помеѓу нив.
Работното време на рестораните и баровите ке се прилагоди со цел да се обезбеди доволно време и простор за гостите да бидат послужени.
Членовите на персоналот ќе бидат распоредени на фиксни смени, така што истите луѓе работат и со тоа ќе ја ограничат можноста за инфекција.
Мерките за дезинфекција и хигиена ќе бидат значително зголемени. Повеќе диспензери за дезинфекција ќе бидат инсталирани на сите важни точки на хотелот, така што гостите и вработените можат да ги дезинфицираат рацете во секое време. Тоа се, на пример, ресторани и барови, спортски терени, лоби на хотелот и многу повеќе.
Во однос на чистењето на просториите, ќе се воведат нови методи за чистење за да се обезбеди најдобра можна заштита од вируси. Сите соби ќе бидат темелно исчистени пред да пристигнат гостите и секогаш кога ќе ја напуштите просторијата, ќе се применуваат истите протоколи за интензивно длабоко чистење. Бањите, мебелот во просториите, садовите, апаратите, далечинските управувачи за телевизори и климатизери и слично ќе се чистат особено внимателно и прецизно.
Местата за самопослужување, како што се бифе, ќе се сведат на минимум. Каде што е можно, храна и пијалоци ќе им се сервираат на гостите од страна на персоналот кој носи заштитна опрема.
Хотелот го задржува правото да ги менува цените за време на државните празници и специјалните понуди.

Апартманите се наоѓаат во хотелската зграда, а вилите се надвор од хотелската зграда и се самостојни.

Вила Комфорт Фемили / 4 возрасни + 2 деца /: 

131 м2
Луксузна вил), тип мезонет, лоцирана на околу 30 метри од главната хотелска зграда;
Панорамска тераса на планината;
Пространа дневна соба со трпезарија и кујна;
Две спални, една со брачен кревет, а другата со два разделени кревети;
Голема тераса во дневната соба и балкун на вториот кат;
Две бањи со туш и тоалети, еден на првиот, а другиот на вториот кат;
Клима уред, сателитска ТВ, термо котел, мини бар, телефон и мини сеф.
Сопствена топла гардероба за сушење на ски чизми;
Покриен паркинг за вилата;
Безжичен интернет

Вилата е со вкупна површина од 131м2. На 2 спрата, максимум за 6 гости / 4 возрасни и две деца/.
На прво ниво се наоѓа хол со камин, софа, кујна (комплет опремена)и трпезарија за 4 возрасни и едно или две деца. Преку големите стаклени витрини влегуваат щедра светлина, откођето излегува кон просторна тераса и зелена морава. Има кабелска телевизија и безжичен интернет, тоалет.
На вториот спрат, две спални + тоалет.
На втората спрат има тераса со прекрасен поглед кон планината.
Секоја вила има скалд за ски и сушална за ски чевли.
Климатизацијата во вилите е со помош на термопумпа “воздух-воздух”, која овозможува да се постави најсоодветна температура како во зима така и во лето.
Не е дозволено сместување со домашни миленици.


Вила КОМФОРТ со една спална / 2 + 1 /:

Површина 98 м2
Вила, на не повеќе од 30 м. од хотелот;
Трпезарија со кујна, (опремена), камин, дневна со кабелска телевизија, интернет, минибар
Една спална соба,(може да биде со брачен кревет или со два разделени кревети)
Тераса во спалната соба;
Во вилата има два тоалети со када, туш кабина;
Клима, сателитска телевизија, мини бар, телефон и мини сеф.
Топол салон за сушење на ски обувки;
Безжичен интернет

Максимално сместување 2 возрасни и 1 дете на дополнително легло, кое се наоѓа во дневна.
Во овој тип вила Е дозволено сместување надомашни миленици.
Со доплата по 12/ на ден за домашен љубимец  до 8 кг.
Не е дозволено сместување на поголеми домашни миленици.


Апартман Сениор / 4 + 1 /:

80 м2;
Во хотелската зграда, погоден за 4 возрасни + 1 дете на регуларни легла;
Дневна соба со кујна, (комплет опремена); трпезариска маса и кауч;
Две спални, од кои една е со брачен , другата – со две разделени легла;
Тераса;
Две бањи со туш кабини и тоалети, фен, бањарка…… ;
Клима, сателитска телевизија, мини бар, телефон и мини сеф.
Безжичен интернет

Апартаментите се погодни за до 5 гости.
Не е дозволено сместување со домашни миленици.


Апартман Јуниор / 2 + 1 /:

60 м2;
Се наоѓа во главната хотелска зграда и е погодна за две возрасни лица и едно дете;
Дневна соба со трпезарија и кујна
Една спална соба со голем брачен кревет или два посебни кревети;
Тераса;
Бања со туш и тоалет, фен, бањарки ;
Клима уред, сателитска ТВ, термо котел, мини бар, телефон и мини сеф.
Безжичен интернет

Апартаментите се погодни за до 2+1 гости .
Домашни миленици не се дозволени/

Добриниште е познат по својата минерална вода.
Во местото и околу него има 17 минерални извори со температура на водата од 30 до 43 степени.
Хотел “Русковец” 4 * е лоциран во познатото со минералната вода одморалиште Добриниште.
Гостите можат да избираат пливање и релаксација во СПА центарот или екскурзија во регионот.
Предност на комплексот се:
внатрешниот минерал базен со природна температура на водата / димензии 10/15м.,
внатрешен детски базен,
широка тераса со 2 џакузи и лежалки,
удобни апартмани и вили,
бесплатна детска зона,
ресторани:
Ресторан „Лавандер“ (130 места)
Ресторан „Ил Форно“ (25 места)
Лоби бар „Русковец“
Ноќен клуб „Виолет“
можност за спорт,
масажа,
велнес програми за убавина и здравје.
Го препорачуваме за семеен одмор, за надополнување на викендот, за спортски активности или СПА терапии.
Комплексот е од затворен тип, има чуварска служба активна деноноќно.
Се состои од четирикатна зграда со комфорни апартмани / 22 стандардни и 11 супериор апартмани, 42 вили.
Добриниште – Банско 8 км.

СПА
СПА центарот се наоѓа во главната зграда на хотелот и вклучува топол затворен минерален базен со димензии 10 / 15м. за возрасни, затворен детски минерален базен со температура на водата од 30 до 36 степени.
Базените се опремени со воздушни и хидромасажни единици.
Топли објекти се наоѓаат на I кат, во близина на базенот: 2 сауни, парна бања……
Панорамска тераса има дрвени джакузи со топла минерална вода.
Гостите имаат соблекувални со тушеви и крпи.
Родителите се целосно одговорни за своите деца.
На деца под 12 г. возраст без возрасни лица во базенот и спа објектите НЕ Е дозволено.

Комплексот зафаќа површина од 20 000 м2

Политики на Ruskovets

14;00
11;00

Удобности

  • Балкон
  • Бањарка
  • Безжичен интернет
  • Вратар
  • Забрането пушење цигари
  • Интернет во заеднички простории
  • Клима уред
  • Лоби
  • Мини бар-доплата
  • Ноќен бар
  • Парна бања
  • Сауна
  • Телевизор
  • Фен
  • Фитнес сала

Оцени од гости (0 Оцени)

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации НЕ СЕ прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, факс...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста.
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација:
Ваш е маил, факс и телефони ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на децата)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата,
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата,
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во објектот.
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет.
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање....
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичката агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

Ruskovets Добриниште, БУГАРИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло