15% попуст за резервација направена до 31.01.2023 целосна уплата до 15.02.2023
Цени 2023
Цената е за НАЕМ на ВИЛА за 8 дена 7 ноќевања
термини | ноќи | вила со 3 спални |
24.05-31.05 | 7 | 159 |
31.05-07.06 | 7 | 229 |
07.06-14.06 | 7 | 279 |
14.06-21.06 | 7 | 329 |
21.06-28.06 | 7 | 439 |
28.06-05.07 | 7 | 499 |
05.07-12.07 | 7 | 739 |
12.07-19.07 | 7 | 739 |
19.07-26.07 | 7 | 739 |
26.07-02.08 | 7 | 739 |
02.08-09.08 | 7 | 739 |
09.08-16.08 | 7 | 739 |
16.08-23.08 | 7 | 739 |
23.08-30.08 | 7 | 609 |
30.08-06.09 | 7 | 507 |
06.09-13.09 | 7 | 479 |
13.09-20.09 | 7 | 439 |
20.09-27.09 | 7 | 343 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Користење клима уред 5€ на ден
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Попуст за превоз по лице:
Дете од 2-11,99год 10 € од редовната цена од/до Скопје
Дете од 2-11,99год 15 € од редовната цена од/до Битола и Прилеп
Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Возрасно лице над 63год 10 € попуст
Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
Превоз
Информации; со цени, време на поаѓање, град, места на поаѓање до/од Јонски брег секоја СРЕДА:
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ за Јонски брег
време на поаѓање | град | место на поаѓање | цена |
01:00 | Скопје | Дрводекор – трансфер | 55 € |
01:45 | Велес | Бензинска пумпа, мотел Македонија – трансфер | 55 € |
00:45 | Штип | Паркинг пред пошта – трансфер до Велес | 65 € |
03:20 | Прилеп | Бензинска пумпа Лук Оил – трансфер | 55 € |
04:00 | Битола | Автобуска станица Транскоп – на перон | 55 € |
03.15 | Ресен | Спроти автобуска станица – трансфер | 60 € |
02:30 | Охрид | Бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола – трансфер | 60 € |
02.15 | Струга | Хотел Дрим – трансфер до Битола | 60 € |
02:45 | Кичево | Бензинска пумпа Пуцко Петрол – трансфер | 65 € |
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена (и од кој град поаѓа )
Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )
Опис
Вила Саваш се наоѓа на 40 м од плажата, помеѓу Врахос и Лигија.
Идеална локација за љубителите на мирен одмор.
Вилата e погодна за фамилии или парови, располага со 3 спални соби, една дневна и кујна.
Двете спални соби имаат француски лежај, во третата спална соба има два одвоени кревети. Вилата има тераса со поглед на море и сопствен паркинг, 40 метри до плажата
ГСП координати
39°09’36.2″N 20°33’41.1″E
Важни информации
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.