TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Sealight Resort 5*

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Хотел
5 ѕвезди
ТУРЦИЈА
Кушадаси
5 ноќи

Цени 2021

 

Цените се по ЛИЦЕ на ДЕН – услуга УЛТРА СЕ ВКЛУЧЕНО

Стандард соба 24.05-11.06
18.09-26.09
12.06-30.06
08.09-17.09
01.07-12.07
25.08-07.09
13.07- 24.08
Двокреветна 72,80 € 82,80 € 95,20 € 107,50 €
Еднокреветна 123,20 € 141,50 € 162,50 € 183,80 €
Дополнително легло 50,40 € 58,70 € 67,40 € 76,00 €
1 дете до 12,99 години бесплатно бесплатно бесплатно бесплатно

Цените се во € се плаќа во денари, 1€ = 62 денари
Минимален престој 7 ноќи

 

Цените се по ЛИЦЕ на ДЕН – услуга УЛТРА СЕ ВКЛУЧЕНО

Супериор соба 24.05-11.06
18.09-26.09
12.06-30.06
08.09-17.09
01.07-12.07
25.08-07.09
13.07- 24.08
Двокреветна 86,30 € 106,40 € 120,00 € 134,40 €
Дополнително легло 58,80 € 70,60 € 81,60 € 100,00 €
1во дете до 12,99 год. бесплатно бесплатно бесплатно бесплатно
2ро дете до 12,99 год. бесплатно бесплатно бесплатно бесплатно

Цените се во € се плаќа во денари, 1€ = 62 денари
Минимален престој 7 ноќи

Во цената Е вклучено:
Ултра се вклучено
Клима уред
Безжичен интернет
Користење отворен базен
Користење затворен базен
Користење тобогани
На плажа и на базени чадори, душеци, лежалки – бесплатно
Користење СПА центар
1 бесплатан посета на ресторан во тек на престојот ( A la carte )
Дневна и ноќна програма за анимација
Аеробик
Одбојка на плажа
Мини голф
Мини фудбал

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување ( информации во агенцијата )
Неспомнати услуги
Личен трошок на патникот

 

Хотел

 

Локација и опис на хотелот:
Sealight Resort е хотел со 5*сместен на плажа.
Се наоѓа на 5 км од центарот на Кушадаси и на 75 км од најблискиот меѓународен аеродром во Измир. Изграден е во 2007 година, целосно реновиран во 2012 година и делумно реновиран во 2016 година, зафаќа вкупна површина од 38.000 м2

Соби:
Хотелот има 465 стилски опремени соби.
Сите се опремени со минибар (бесплатно полнење еднаш на ден), сет за чај и кафе, сателитска ТВ, телефон, централен клима уред, сеф, балкон, фен, додатоци за бања.
Чистење на просторијата – секој ден, промена на постелнина и крпи – 2 пати неделно.

Ресторани и барови:
Главен ресторан
4 а-ал-карт ресторани (италијански, кинески, турски и рибен) – една бесплатна посета за престој од минимум 7 дена и со претходна резервација
5 барови-шанкови

Хотелски содржини:
1 отворен базен за слатка вода
1 отворен базен со морска вода
Затворен базен
Тобогани за деца и возрасни

Спорт и забава:
Дневна и ноќна програма за анимација
Музика во живо
Диско
Гимнастика
Јога
Аеробик
Пинг Понг
Тенис
Одбојка на плажа
Мини голф
Мини фудбал
Стрелаштво
Спортови на вода (с0 доплата)

За деца:
Мини клуб (4-12 години)
Детско игралиште
Мини диско
Детски воден парк
Тематски и едукативни игри
Кино за деца

СПА центар:
Турска бања, сауна (по претходен договор), фитнес центар.
Сите третмани за убавина, терапии и масажи со допата.

Плажа:
Плажата е приватна, песочна, чадори, душеци, лежалки – бесплатно.
Пешкири за на плажа – бесплатно.

Хотелската администрација има право да изврши измени во програмата без претходно известување. (во време на пандемија или во нормални услови)

 

Услови

 

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот..
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот,корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место..
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

 

за Кушадаси

 

КУШАДАСИ – ОСТРОВОТ НА ПТИЦИТЕ

Некогаш малото рибарско место Кушадаси (Островот на птиците), денес претставува еден од најизградените туристички центри на Егејскиот Брег. Топлата гостопримливост, големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор. Благата медитеранска клима, за време на летните месеци, Ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини. Неговите плажи: градската плажа, Ladies Beach и Long Beach, го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето. Изобилство на ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници како и двата водени паркови во близина на градот од кои едниот е еден од најголемите во светот, Ви гарантираат незаборавен летен одмор.

Во античко време, на местото на денешен Кушадаси се наоѓал градот Неаполис, кој бил под управа на тогашниот најсилен град на Средоземјето, Ефес.
Современото име градот го добива по полуостровот на излезот од центарот на градот (Остров на гулабите – (Güvercin Adası), кој пред спојувањето со брегот бил остров. Името, всушност е кованица од два збора – птица (kuş) и остров (ada).

Споменатиот полуостров доминира со погледот, ако кон Кушадаси се приоѓа од страна на морето, или ако се прелетува со авион. На полуостровот се наоѓа тврдина, светилник и мала зоолошка градина.
24 километри јужно од Кушадаси се наоѓа национален парк, од кој се пружи поглед кон соседна Грција и островот Самос. Во околината на Кушадаси се и античките градови Ефес (18km) и Дидимa.

Иако развиено летувалиште градот нема сопствен аеродром, туку се користи аеродромот „Аднан Мендерес“ во и „Милас-Бодрум“ во, кои се оддалечени 85 km, односно 120 km. Градот поседува марина (мало пристаниште) и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости на Кушадаси.
Според проценки, Кушадаси има околу 1.000 хотели, пансиони и апартмани од сите категории.
Еден од најстарите хотели во градот е „Имбат“, изграден во 1975 година кој се наоѓа на Ladies Beach (Kadınlar Denizi), а може да се види и од центарот на градот.

Доколку сте во Кушадаси, наша препорака е да го посетите античкиот град Ефес, каде се наоѓа и куќата на Богородица, Памуккале  „памучно кале“, кое е природно место што го создала природата  во југозападниот дел на Турција. Местото содржи топли извори и травертини-тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Исто така мора да крстарите со брод по крајбрежјето во околината на Кушадаси и да ги постетите прекрасните диви плажи на кој што на дел од нив се пристигнува само по воден пат и се дел од природниот национален парк.

 

Политики на Sealight Resort 5*

Удобности

  • Аква парк
  • Амам
  • Балкон
  • Бар на базен
  • Безжичен интернет
  • Диско
  • Забрането пушење цигари
  • Интернет во заеднички простории
  • Кафе бар
  • Козметика за бања
  • Лекар на повик - доплата
  • Лифт
  • Мини бар
  • Мини клуб (за деца)
  • Работна маса
  • Сауна
  • Слаткарница
  • Соба за багаж
  • Собен сервис-доплата
  • Телевизор
  • Тоалет-туш кабина
  • Фен
  • Фитнес сала
  • Централна клима

Оцени од гости (0 Оцени)

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации не се  прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, ([email protected]) ...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста соби....
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација:
Ваш е маил и телефони задолжително
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на децата)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата,
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата,
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во објектот.
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет.
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање....
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичката агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

 

Sealight Resort 5* Кушадаси, ТУРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло