Цени 2023
Цена за наем на студио за 8 дена / 7 ноќевања
период | 1/2 стд | 1/3 стд | 1/2+2 стд | 1/2+1/2 мазонета |
04.06 – 11.06 | 160 | 180 | 200 | 220 |
11.06 – 18.06 | 210 | 220 | 230 | 250 |
18.06 – 25.06 | 320 | 340 | 360 | 390 |
25.06 – 02.07 | 360 | 380 | 400 | 430 |
02.07 – 09.07 | 420 | 440 | 460 | 490 |
09.07 – 16.07 | 430 | 450 | 470 | 500 |
16.07 – 23.07 | 440 | 460 | 480 | 510 |
23.07 – 30.07 | 450 | 470 | 490 | 520 |
30.07 – 06.08 | 450 | 470 | 490 | 520 |
06.08 – 13.08 | 450 | 470 | 490 | 520 |
13.08 – 20.08 | 440 | 460 | 480 | 510 |
20.08 – 27.08 | 420 | 440 | 460 | 490 |
27.08 – 03.09 | 320 | 340 | 360 | 390 |
03.09 – 10.09 | 250 | 270 | 290 | 320 |
11.09 – 17.09 | 190 | 210 | 230 | 250 |
17.09 – 24.09 | 150 | 170 | 190 | 210 |
Цената е во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Клима уред
Безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување (задолжително е)
Туристика такса 0.5 € по соба по ден (се плаќа во агенција)
Личен трошок на патниците
Неспомнати услуги
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, најблиску до хотелот.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Сместување во собите е после 14;00 часот (локално време)
Напуштање на собите е до 09;00 часот (локално време)
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот,
Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Превоз
Цена за превоз: (повратнен билет)
Возрасен 2800 ден
Деца до 14 г. 1800 денари.
Поаѓање од Прилеп во 05:00 од Битола 06;00 до Врахос;
Поаѓање од Врахос во 14;00 до Битола – Прилеп
Вила Сирагаст
Вила Сирагаст(нова вила, втора година во употреба) на 30-40 м. од плажа, комфорни студиа: 1/2, 1/3 (за две возрасни и едно дете или три возрасни), и 1/2+2 студиа (за две возрасни и две деца), и 1/2+2 апартмани-мазонетки (за 4 возрасни лица-две лица во дневна, две лица на спрат-одделна соба)
Во студијата: опремени кујни, купатило, телевизор, комфорни тераси, клима уред ( вклучен во цената) безжичен интернет…
Сите се со поглед према море.
Менување на чаршави во собите е на секои 4 дена.
Можност за користење 2 лежалки и чадор, 2 кафиња и 2 води (0.5л) за само 5 еур.
И во ресторанот на вила Сирагаст гостите на агенцијата имаат попуст од 20 %
ГПС
Координати: 39.172313, 20.552489
Услови
Патниците се должни 1 ден пред поаѓање да се информираат во агенција во врска со патувањето.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 10-15 минути пред поаѓањето.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира превозното средство
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Деца до 2 години бесплатно, без седиште
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
При сместувањето, ако гостите забележат некој недостаток, или дел од инвентарот да е оштетен, должни се да ги известат сопствениците на објектот,или лицето кое ги сместува, за да не дојде до плаќање на веќе оштетен инвентар.
Агенцијата организатор не може да ја гарантира брзината ниту достапноста на интернетот во објектите каде што е наведен интернетот како бесплатна услуга.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Секој што влегува во Грција мора да пополни ,,Формулар за влез,, PLF формулар, односно да се регистрира на следниот линк: https://travel.gov.gr не покасно од 23:59 пред влегување во Грција и откако на крајот од регистрацијата ќе добие ХЕС код, потребно е да го сочува во печатена форма. ( можни се измени на ова правило )
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )