Цени 7 ноќевања
Седумдневен пакет SPA & Active
Цените се за СОБА за 7 ноќевања со појадок
во соба | двокреветна стандард | двокреветна класик |
1 возрасен | 174 € | 224 € |
1 возрасен+1 дете до 12 г. | 212 € | 260 € |
2 возрасни | 248 € | 306 € |
2 возрасни+дете до 4 г. | 248 € | 306 € |
2 возрасни+дете 4-12 г. | 302 € | 376 € |
Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
Доплата за вечера: возрасен = 12€ / дете до 11,99 г. = 7€
Цените се за СОБА за 7 ноќи и соодветен број на гости и вклучуваат:
7 ноќевања со појадок
Делумна масажа – еднаш за време на престојот;
Бесплатно користење СПА центар: затворен базен со минерална вода, римска бања, солена соба и фитнес, Бесплатен интернет;
Паркинг;
Туристичка такса;
Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Превоз
Неспомнати услуги
Собите со дополнителен кревет се во ограничен број и се на барање.
Деца до 3,99 години престојуваат бесплатно.
Деца од 4-11,99 г. на редовно легло во двокреветна соба користат 30% попуст на цената за возрасни.
Цените НЕ ВАЖАТ за национални, верски празници, семинари, конгреси….
Сместување
57 двокреветни, 21 еднокреветни соби.
Двокреветна соба класик:
( Брачен кревет или два единечни, нова гарнитура )
Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 12 год.
Двокреветна соба стандард:
( Брачен кревет или два единечни )
капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 12 год.
Еднокреветна соба класик:
( Единечен кревет, нов мебел )
Максимален капацитет: 1 возрасен
Еднокреветна соба стандард:
( Единечен кревет )
Максимален капацитет: 1 возрасен
Хотел
Во подножјето на Пирин планина, во центарот на градот Сандански се наоѓа хотел Свети Никола.
СПА центарот на хотел “Свети Никола” се напојува со минерална вода 75 ° С од природен извор.
Минералната вода во комбинација со уникатната клима на градот нуди можност за вистинска релаксација.
Хотелот има 63 двокреветни соби, 21 еднокреветни соби и 7 апартмани.
Располага со:
СПА центар: затворен базен со минерална вода, сауна, римска бања, солна соба, фитнес;
Безжичен интернет;
Снек бар,
Пиано бар,
Основен ресторан,
Ресторан Плумари,
Конференциска сала
Услови на хотелот
ВАЖИ ЗА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА И ЗА ГОСТИНОТ:
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.
Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име помалку од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
Хотелот не прима домашни миленици