TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Tzouli 1

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Вила
ГРЦИЈА
Јерисос

Цени 2024

 

2.Сезонски цени

* цена за наем на апартман

Термин  Студио (бр. 4, 5 и 6) 1/5 апартман (бр. 3) 1/5 апартман (бр. 2) 1/5 дуплекс апартман (бр. 1)
30/06-07/07 409 479 529 599
07/07-14/07 429 499 569 649
14/07-21/07 449 539 599 689
21/07-28/07 449 539 599 689
28/07-04/08 449 539 599 689
04/08–11/08 449 539 599 689
11/08–18/08 449 539 599 689
18/08–25/08 449 539 599 689
25/08–01/09 439 519 579 669

Вонсезонски цени

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

Термин  Студио (бр. 4,5 и 6) 1/5 дуплекс апартман (бр.1) 1/5 апартман (бр.3) 1/5 апартман (бр.2)
01/09–08/09 179 129 139 149
08/09–15/09 139 109 119 129
15/09–22/09 119 89 99 109
22/09–29/09 89 79 89
задолжително  плаќаат 2 лица  плаќаат 4 лица  плаќаат 3 лица  плаќаат 2 лица

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

40.399310, 23.880143

Напомени и услови:

Туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Цените во табела бр 3 се вонсезонски по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз

Во вонсезонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10€ (620 денари) по лице.

Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица| 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

Цените во табела бр 2 се сезонски за наем на апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, за превозот се доплаќа.

Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см

 

Превоз

 

За возрасни 3.100 мкд. (50€), еден правец 2.480 мкд. (40€)

За деца до 12 години 2.480 мкд. (40€), еден правец 1.700 мкд. (35€)

Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.

 

Tzouli 1

 

Куќа “Tzouli 1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 5 капацитети се во нашата понуда ).

Апартманите и студијата се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

Дуплексот број 1 и апартманите број 2 и 3 се на прв кат над ординацијата со големи тераси, а студијата број 4, 5 и 6 се едно до друго на високо приземје зад ординацијата со сопствен уреден и заграден заеднички двор со маси, столови и чадори за сонце за секое студио посебно.

Простран дуплекс апартман со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со целосно опремена кујна и фотеља. Има 2 тераси: една голема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат поглед на улица со лимитиран поглед море.

Апартман 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица.

Апартман 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Сопствен тоалет со туш. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса која е со поглед позади во дворот.

Студио 2 единечни стандардни кревети + дополнително помошно легло.

Студио, брачен кревет + кревети на спрат.

Студио, брачен кревет + еден стандарден кревет и кревет на извлекување.

 

 

Информации

 

Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

Цените се во евра, уплатата е во денараска противвредност (1евро = 62 мкд).

Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна до плата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.

Сместување во собите е по 14.00 часот,
Напуштање на собите е до 09.00 часот локално време.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 € на ден по студио / апартман.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриен трошоци. туристичката агенција НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој –било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во туристичката агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Јерисос

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од   3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Услови

Политики на Tzouli 1

Удобности

Оцени од гости (0 Оцени)

Tzouli 1 Јерисос, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло