Цени 2023
-10% попуст за целосна уплата до 31.01.2023
Наем на соба за 10 ноќевања
термин: | ноќевања: | 1/2 апартман | 1/2+1 апартман | 1/4 апартман |
24.05-29.05 | 5 | 120 | 150 | 180 |
29.05-05.06 | 7 | 200 | 230 | 250 |
05.06-15.06 | 10 | 300 | 350 | 400 |
15.06-25.06 | 10 | 350 | 400 | 450 |
25.06-05.07 | 10 | 400 | 450 | 500 |
05.07-15.07 | 10 | 450 | 500 | 550 |
15.07-25.07 | 10 | 500 | 550 | 600 |
25.07-04.08 | 10 | 500 | 550 | 600 |
04.08-14.08 | 10 | 500 | 550 | 600 |
14.08-24.08 | 10 | 500 | 550 | 600 |
24.08-31.08 | 7 | 320 | 350 | 400 |
31.08-07.09 | 7 | 250 | 320 | 380 |
07.09-14.09 | 7 | 220 | 280 | 320 |
14.09-21.09 | 7 | 180 | 220 | 250 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
10 ноќевања
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Попуст за превоз по лице:
Дете од 2-11,99год 10 € од редовната цена за возрасен
Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Возрасно лице над 63год 10 € попуст
Информации, услови, попусти
На цените за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14:00 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09:00 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
http://turist.com.mk/opsti-uslovi-na-patuvanje
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ (прочитајте ги на ликнот)
Превоз
Сопствен превоз или организиран превоз Скопје-Јерисос-Скопје
Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
Цена на повратен билет 35 €;деца до 2 г. бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 €
Вила Vaia
Вилата Ваиа се наоѓа на само 120 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Кујните и купатилата во вилата се целосно реновирани. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Во сместувачките капацитети има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
Јерисос
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami
Важни информации
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас. Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.
1/4 Апартман бр 1
Четирикреветен дуплекс апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Елементите од кујната се издвоени на самиот влез во ходникот од апартманот каде се сместени мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Во првата спална соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на долга тераса која има поглед во дворот на вилата и на улицата, опремена со пластична маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората спална соба има дупли кревет со нормални димензии и мебел, а од собата се излегува на истата аголна тераса. Има купатилото со туш и прозорец, но нема посебно издвоен простор за туширање.
Напомена: Апартманот е со мали димензии и нема посебен простор наменет за јадење туку само за подготвување на храна.
1/2 Апартман бр 2
Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Од кујната се излегува на тераса која има поглед во дворот на вилата. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.
1/3 Апартман бр 3
Трикреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има две простории.
Во првата која е наменета како просторија за дневен престој се наоѓаат елементите од кујната опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор и садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има клима, мала маса и столчиња и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Од собата се излегува на тераса која има поглед кон море, а во ходникот на апартманот е сместен голем фрижидер со одделна комора. Од оваа соба се влегува во спалната соба издвоена со врата на лизгање. Во спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и телевизор. Од собата се излегува на истата пространа тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.
1/3 Апартман бр.4
Трокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има две простории.
Во првата која е наменета како просторија за дневен престој се наоѓаат елементите од кујната опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор и садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има клима, мала маса и столчиња и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Од собата се излегува на тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња , а во ходникот на апартманот е сместен голем фрижидер со одделна комора. Од оваа соба се влегува во спалната соба издвоена со врата на лизгање.
Во спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и телевизор.
Од собата се излегува на истата тераса која има делумно поглед на море.
Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.
1/2 Апартман бр.5
Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на пространа тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на вилата.
Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.