Цени 2024
* Цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)
термин | Студио 1/3 (бр 9 и14) | Студио 1/3 (бр 5 и 6) |
19.05-26.05 | 109 | 109 |
26.05-02.06 | 129 | 139 |
02.06-09.06 | 149 | 159 |
капацитет | максимум 3 лица | мак. 3 лица / поглед море |
Цена за наем на студио/мезонета ( цена БЕЗ превоз )
термин | Студио 1/3 (бр 9 и14) | Студио 1/3 (бр 5 и 6) |
09.06-16.06 | 299 | 329 |
16.06-23.06 | 259 | 369 |
23.06-30.06 | 399 | 409 |
30.06-07.07 | 429 | 439 |
07.07-14.07 | 459 | 469 |
14.07-21.07 | 459 | 469 |
21.07-28.07 | 459 | 469 |
28.07-04.08 | 459 | 469 |
04.08-11.08 | 459 | 469 |
11.08-18.08 | 429 | 439 |
18.08-25.08 | 399 | 409 |
25.08-01.09 | 379 | 389 |
капацитет | максимум 3 лица | мак. 3 лица / поглед море |
* Цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)
термин | Студио 1/3 (бр 9 и14) | Студио 1/3 (бр 5 и 6) |
01.09-08.09 | 169 | 179 |
08.09-15.09 | 159 | 169 |
15.09-22.09 | 139 | 149 |
22.09-29.09 | 99 | 109 |
капацитет | максимум 3 лица | мак. 3 лица / поглед море |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Цените за термините (19.05; 26.05; 02.06; 01.09;08.09; 15.09.2024) означени со звезда *
во табелата се пакет аранжмани по лице за 7 ноќи со ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ,
Останатите цени се за НАЕМ на апартман за 7 ноќевања
Користење на паркинг, клима уред, безжичен интернет – бесплатно
За пакет аранжман во собите потребни се минимум 2 лица;
Трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 45€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
Дете до 2 години не плаќа (бесплатно);
За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
За рано резервирање се уплаќа аванс 50% од вредноста на аранжманот, додека трае акцијата. Остатокот од 50% 21 ден пред поаѓањето.
Попустите за рана уплата не важат за пакет аранжманите (датите означени со звездичка*)
Сместување:
Студио 1/3 бр.соби / 9 / максимум 3 лица
Студио 1/3 бр.соби / 5 и 6 / максимум 3 лица / поглед море
Задолжителна туристичка такса 0,50 € по соба на ден (се плаќа во агенција)
Превоз
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
45 € за возрасни – повратна карта
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см
Вила Васо
Вила Vaso се баоѓа во Неос Мармарас на 30 метри од градската централна плажа (ситно песочна со постепено задлабочување и кристално чиста вода, плажата е обележана со плаво знаме.
Неос Мармарас е едно од најпознатите туристички места на Халкидики. Остатоците од византискиот период значително се забележуваат во Мармарас што дава денешен белег на популарна туристичка дестинација. Во текот на шеесетите години на минатиот век изграден во непосредна близина на Неас Мармарис е хотелот Порто Карас во кој одржуваат многу познати свечености и е посетуван од многу туристи од цел свет.
СМЕСТУВАЊЕ:
Студио бр 5 (прв спрат)
1/3 3 ЛИЦА – поглед море
Студиото располага со еден брачен кревет за две лица и еден единечен кревет за едно лице, плакар за алишта, талет, телевизор, клима уред. Во истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на тераса со маса и столици и има поглед на море.
Студио br 6 (прв спрат)
1/3 3 ЛИЦА – поглед море
Студиото располага со еден брачен кревет за две лица и еден единечен кревет за едно лице, плакар за алишта, тоалет, телевизор, клима уред. Во истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на тераса со маса и столици и има поглед на море.
Студио бр 9 (втор спрат)
1/3 – 3 ЛИЦА
Студиото располага со еден брачен кревет за две лица и еден единечен кревет за едно лице, плакар за алишта, тоалет, телевизор, клима уред. Во истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижиде, решо со две рингли.
Од собата се излегува на тераса со маса и столици.
Важни информации
-Патниците треба минимум 48 часа да се информираат за часот и местото на поаѓање;
-Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде е возможно да застане;
-За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
-Кога има акциски попуст или кога едната смена е со звездичка на втората смена не се одобрува дополнителен попуст;
-За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
-Целосна доплата на аранжманот е 21 (дваесет и еден ден) пред поаѓањето;
-Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања, средствата не се враќаат;
-Доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (повраток на средства) само доколку патникот сам си најде замена за резервираната соба, темин и износ;
-Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
-Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат Општите услови за патување на СКТМ и ТУРИСТ;
-Може да се направи осигурување од ризик-отказ на аранжман во осигурутелна компанија;
-*Во случај на направена поголема штета во објектот ( студио, апартман, мезонет и сл) сопатвеникот на објектот има право да наплати на лице место за направената штета или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штетата; -Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата во објектите;
-Туристичка такса се плаќа во агенцијата 0,5 € од ноќ за студио или 1,5 € од ноќ за дуплексите (доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета;
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:
– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата